Среда, 07 Февруари 2018   
МАКЕДОНЦИ, ВРЕМЕ Е СИЛНО ДА ГО КРЕНЕМЕ СВОЈОТ ГЛАС!

mane jakovleski 1
Манојил(Мане)Јаковлески

Зоран Заев изјави дека е прифатлива географска одредница за името на нашата држава, со цел решавање на спорот за името.

Ни Горна ни Долна, ни Северна ни Јужна, ни Вардарска! Само РЕПУБИЛКА МАКЕДОНИЈА!

Повик до Македонците да го кренат својот глас против промена на името!

Семакедонскиот протест ќе се одржи на 27 февруари со почеток во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.

Под изговор дека ја брани својата национална безбедност, во изминатите повеќе од две и пол децении, Грција континуирано го лаже целиот свет и го држи отворено прашањето за името, јазикот и културниот идентитет на Македонскиот народ. Во обидите за наводно решавање на деценискиот спор, Атина постојано поставува се’ полоши, неприфатливи и понижувачки предлози со коишто ја попречуваат Македонија на патот кон евроатлантските интеграции.

Протестите во Солун и Атина, покажаа дека за мнозинството Грци единствено прифатливо решение е сложено име со географска одредница за севкупна употреба, што нема да го содржи зборот Македонија.

Сèе во името Македонија! Со него е поврзано прашањето на нашиот национален идентитет, нашата култура и историја. Секоја промена на името го доведува во прашање не само нашиот идентитет, туку и нашето морално право на оваа територија, за која многу генерации дале огромни жртви.

Македонските политичари немаат право да одлучуваат дали ќе има, или нема да има референдум за името! НИЕ, денешниве генерации, не го добивме името Македонија на референдум, за да одлучуваме за негова промена на референдум!

Македонците во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Името Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации! Наша света обврска е: Македонија да ја предадеме на идните генерации со истото име што го наследивме, а тоа е името - МАКЕДОНИЈА!

Македонија не смее повеќе да си дозволи понижување од Грција!

Македонците во светот бараат:

(1) безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија;

(2) повлекување на Законот за употреба на јазиците;

(4) итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието, Владата на Република Македонија, и до сите странски амбасади во Македонија.

Македонци од татковината и во светот, доста е молчење, мора да дејствуваме офанзивно, силно да го кренеме својот глас!

Семакедонскиот протест ќе се одржи на 27 февруари со почеток во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.

Вечно да е името на нашата татковина МАКЕДОНИЈА! Амин!

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.