Среда, 14 Февруари 2018   
Прости им Господе, не знаат што прават луѓето без достоинство!

marija-zarezankovaПроф.Д-р Марија Зарезанкова-Потевска

Темни облаци се надвиснаа над жална Македонија! Тежат ли тежат врз нашите души, врз нашите тела, врз нашата слобода, врз нашето човечко достоинство и интегритет!

Мршојадците кружат врз пленот `Република Македонија` со години, со месеци со денови, а сега и во последните секунди! Не`не оставаат ниту да здивнеме, ниту да се издишиме и да се одмориме малку од притисоците направени од внатре и однадвор, само да не` нема, побрзо да не` докрајчат и обезличат! Нашите потоци солзи течат ли течат, но кому му е гајле за тоа!? Никому, а најмалку на тие кои треба да се грижат за државата, за народот, за опстанокот на земјата!

Ги има премногу непријатели, им се дозволува да дивеат по македонската земја, да ја прекројуваат историјата , да газат врз македонската душа!

А слабиот дух на водачите, не им дава да размислат и не знаат со кого ќе владеат,тие виткаат грб, се умилкуваат , како божем ќе бидат поштедени од страшната вистина дека нема веќе да имаат своја татковина, свој јазик,своја историја и традиција,култура и постоење,!? Нека си мислат овие малоумни, кои се задоволуваат со трошките на имотните и силните грабливци и душовадници,мршојадци и садисти од пеколот дојдени да не` срамнат со земјата! Измислуваат федерализации, погубни договори, промени на име ,уцени и само уцени за да не` обезличат, а тие им дозволуваат мислејќи дека повторно ќе ги сместат да бидат видни водачи на ничија земја и народ!

О колку се безумни и глупави, но алчни поданици на ѓаволот!?

А Македонецот мазохистички издржува се` само `за мир во куќата`, но `некој` не сака мир,сака Македонија да не постои и измислува разни прикаски и бајки за менување на име, за добрососедство и соживот,како божем досега го нема!?

Затоа,свести се Македонски народе,не ги заборавај предавниците и непријателите, не ти треба НАТО и ЕУ,по цена на губење на својот идентитет и своја држава, што со векови сме ја посакувале, а сега сеуште ја имаме, доколку,во меѓувреме не ја изгубиме поради алчните политичари и душегрижници од внатре и од надвор!

Не ти треба семејство во кое не си добредојден,туку уценет и потценет! Да се биде модерен не значи да си без земја и потекло!Прости им Господе на овие безбожници,кои не знаат ниту за традиционалните вредности, ниту за морал ниту за достоинство!

Македонија нема проблем со своето име!

Над 140 земји не` признаа! Ќе ја погазиме ли нивната почит кон нас!?А тие што сакаат да си смениме име заради нивна тврдоглава и безсмислена политика нека не` викаат како сакаат, иако им оставаме со грстови пари и пари и лето и зимо! А тое пак се незадоволни,зашто имаат причина! Се плашат да не им се земе подарениот регион Македонија,што ги храни, зашто карпите од Пелопонез не даваат плодови!

Ужаснати сме од луѓето без малку достоинство! Името е свето за секого,па и за нас Македонците,кои не` има во Библијата, како единствена земја спомната во неа,затоа освести се народе дури не е доцна! А доцна е!

Почна распродажбата на Македонија,но треба да ја запреме дури не е премногу далеку отидена! Затоа, не ни треба ниту членство во НАТО и ЕУ по цена на сопствено самоуништување!!!

Божјата казна ќе ги стигне кај и да се овие штетници за Македонскиот народ и Македонската земја!

 

На прво место

News image

Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас

Во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ одржавме координативен состанок на претседателите н...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.