Среда, 14 Февруари 2018   
Ова е борба на нашата генерација за Македонија

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Ова е борба на нашата генерација за Македонија. Само со сплотеност, истрајност и непопустливост можеме и мораме да ја добиеме. Ниту една сила на светот не може да не натера да попуштиме и да го смениме името и идентитетот зошто на наша страна е правдата.

Македонската ненародна власт молчи за пазарењето за името, додека од грчките медиуми и преставниците на македоските Албанци слушаме дека спорот со името е веќе решен и дека треба само да се договорат деталите. Медиумите шпекулираат со разни предлози, а најчесто е името „Горна Македонија“, кое пак не е прифатливо за соседите.

Ваквото пазарање на марионетската влада на Зоран Заев се повеќе го иритира македонскиот народ кој почна да го крева гласот на сите страни. Неговата порака е дека нема да дозволи промена на името!.

Според грчките медиуми и пратеникот на ДУИ Артан Груби, владите на двете земји веќе го договориле името и дека во оваа клучна недела треба да се финализираат одредени важни точки за договорот и конечниот временски рок. Додека медиумите најмногу шпекулираат со името „Горна Македонија“, грчкиот премиер Алексис Ципрас вели дека „решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде за севкупна употреба“.

Македонските интелектуалци кои до неодамна му даваа поддршка исто така сметаат дека погрешно се водат преговорите со Грција и дека вакви преговори можат да предизвикаат катастрофални последици по македонскиот народ. Едноставно црвените линии на Грција така високо ги подигна што ја доведе Македонија во безизлезна и потчинета ситуација.

Македонскиот народ не сака промена на името и уставот, што наидува на поддршка и од турскиот премиер Бинали Јилдирим. Иако го посакува решението за спорот со името, тој по средбата со Заев ќе изјави дека никој нема право да не натера да го смениме уставното име.

На целиот македонски народ му е познато дека барањата на Грција се ирационални и дека нивното исполнување води до промена на идентитетот. Гладајќи како владата на Заев ги распродава нациналните интереси како да продава пиперки и патлиџани, тој се повеќе се буди.

Протестите во Скопје, Битола, Прилеп и др. против промената на уставното име покажува дека македонскиот народ веќе го надмина наметнатиот страв по затварањето на македонските патриоти по настаните во Собранието на 27 април 2017 година, кога на нелегален начин беше избран Талат Џафери за претседател на Собранието.

Не цела година по разбивањето на јадрото на здружението „За заедничка Македонија“ од страна на нелегалната Влада на Зоран Заев, при што беа затворени пејачи, глумци, патриоти од Македонските Патриотски Здруженија и пратеници кои протестираа за зачувување на унитарноста на земјата, сега во Македонија, повторно се појави ново јадро како најава за голем отпор на Македонците против држењето во затвор на патриотите, против двојазичноста, промената на името, уставот и губењето на идентитетот.

Протестите на македонските граѓани се шират низ целата земја, а и низ целиот свет. Обични граѓани, интелектуалци и македонските свештеници застануваат во ист строј, рамо до рамо во одбрана името и идентитетот.

Македонската дијаспора која е интегрален дел од земјата, го крена својот глас против проституирањето на актуелната власт во Скопје и распродажбата на националните интереси. Ова глобално движење на македонскиот народ протестираше во Германија, Данска, Австралија, Нов Зеланд, Словенија и др. Секој викенд се слуша гласот на Македонецот од секое катче во светот против преговорите со јужниот сосед.

Под мотото „Ние сме Македонија“ се спремаат нови масовни мирни протести во Македонија, Европа, Америка, Канада, Австралија, Нов Зелнд и т.н. во одбрана на човековите права на Македонците, за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и држава.

Оценувајќи ги како штетни преговорите на актуелната власт со Грција, кои ќе доведат до обезличување на државата и идентитетот на македонскиот народ, Македонците од целиот свет бараат: прекинување на раговорите за името со Атина и продолжување на членството во ОН и во други меѓународни организации под уставното име Република Македонија; повлекување на Законот за употребата на јазиците; повлекување на договорот со Бугарија и ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Ова е борба на нашата генерација за Македонија. Само со сплотеност, истрајност и непопустливост можеме и мораме да ја добиеме. Ниту една сила на светот не може да не натера да попуштиме и да го смениме името и идентитетот зошто на наша страна е правдата.

Македонци каде и да сте, мораме да ја зачуваме Македонија заради нашите претци и нашите идни поколенија!

 

 

На прво место

News image

Русија не го менува ставот, за неа остануваме Република Македонија

Русија не го менува ставот, за неа остануваме Република Македонија  

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.