Недела, 18 Февруари 2018   
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Е ДОЛЖЕН, АМА НЕ МОРА!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

На предлог на ДУИ, Собранието со 69 гласа на 11 јануари 2018 година го донесе Законот за употреба на јазиците. Како и што се очекуваше од неговото годишно обраќање пред пратениците на 26 декември 2017 година, претседателот Иванов не го потпиша указот на прогласување на Законот за употреба на јазиците и на 17 јануари 2018 година го врати на повторно одлучување во Собранието, со образложение дека Законот не е во согласност со Уставот и претставува закана по унитарноста на државата, иако за тоа доби гаранција од премиерот поднесена на 17 мај 2017 година при доверување на мандатот за состав на Влада.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.569 амандмани на Законот за употреба на јазиците, со што го доведе во прашање неговото повторно изгласување.

Јавноста заслужува одговор за епилогот по Законот за употреба на јазиците, посебно имајќи ги во предвид шпекулациите дека поднесените амандмани ќе бидат отфрлени бидејќи биле “неточни и неуредни“, дека Собранието не треба да отвора нова амандманска расправа по истиот закон, до изјавите дека доколку претседателот Иванов не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, претседателот на Собранието ќе го објави во Службен весник и без неговиот потпис.

Но, што велат за овие шпекулации Уставот, законите и деловникот на Собранието?!

Во членот 52 од Уставот се вели, дека “законите и другите прописи пред да влезат во сила се објавуваат во ‘Службен весник на Република Македонија’ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.“

Но, во членот 75 од Уставот се вели дека “законите се прогласуваат со указ, којшто го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (најмалку 61), претседателот на Републиката е должен да го потпише указот!“

Во членот 38 од Законот за Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ број 104/2009) се вели дека “

(1) Претседателот на Собранието, истиот ден по донесувањето, законот го доставува до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласување на законот.

(2) Во рок од седум дена од денот кога ќе му биде доставен законот заради потпишување на указот на законот, претседателот на Републиката го потпишува указот за прогласување на законот или писмено го известува претседателот на Собранието доколку одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот.

(3) Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот.

(4) По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.“

Во членот 39 од Законот за Собранието на Република Македонија, пак, се вели дека “Законите, другите прописи и општи акти пред да влезат во сила се објавуваат во Службен весник на Република Македонија“.

Истото се вели и во членот 173 од Деловникот на Собранието “

(1) Претседателот на Собранието, веднаш по донесувањето, законот го доставува до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласување на законот.

(2) Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот.

(3) По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.“ А, во членот 174 став (1) од Деловникот на Собранието “Законите, другите прописи и општи акти пред да влезат во сила се објавуваат во Службен весник на Република Македонија“.

Тоа значи, Собранието е должно да расправа по поднесените 35.569 амандмани на Законот за употреба на јазиците, еден по еден, колку што се поднесени, без никакво групирање и селектирање заради нивно колективно разгледување! Доколку парламентарното мнозинство ги отфрли од разгледување поднесените амандмани со било кое образложение и го изгласа Законот за употреба на јазиците со најмалку 61 глас, според членот 75 од Уставот “претседателот на Републиката е должен да го потпише указот“!

Точно, дека Претседателот на Републиката е должен да го потпише указот доколку Собранието повторно го разгледа законот и го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (најмалку 61).

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Е ДОЛЖЕН, АМА НЕ МОРА!

Имено, во согласност со членот 87 од Уставот “

(1) Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.

(2) Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

(3) Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.“

И ДА НЕ ГО ПОТПИШЕ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ ПРИ ПОВТОРНО УСВОЈУВАЊЕ СО НАЈМАЛКУ 61 ПРАТЕНИЦИ, СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА, БИДЕЈЌИ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА НЕМА ДВОТРЕТИНСКО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО! ДОПОЛНИТЕЛНО АЛИБИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО ВЕТО ВРЗ ЗАКОНИТЕ Е ПРЕМИРСКАТА ГАРАНЦИЈА ОД 17 МАЈ 2017 ГОДИНА!

БИДЕЈЌИ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА НЕМА ДВОТРЕТИНСКО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА ИМА АПСОЛУТНО СУСПЕНЗИВНО ПРАВО НА СИТЕ ЗАКОНИ ШТО ГИ ДОНЕСУВА СОБРАНИЕТО!

Политичка авантура е и самата мисла, а кривично дело злоупотреба на службената должност на тој што ќе објави во “Службен весник на Република Македонија“ Закон кој не е прогласен со указ од претседателот на Републиката!

ЗАКОН ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ПОТПИС НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Е НИШТОЖЕН, НЕ ПРОИЗВЕДУВА ПРАВНО ДЕЈСТВО, НИКОЈ НЕМА ОБВРСКА ДА ГО ПОЧИТУВА И ПРИМЕНУВА, А САНКЦИИТЕ ЗА НЕГОВО НЕСПРОВЕДУВАЊЕ ПРЕД БИЛО КОЈ СУД ЌЕ БИДАТ УКИНАТИ, БИДЕЈЌИ СЕ НИШТОЖНИ!

ЗАТОА ПОВТОРУВАЊЕТО КАКО МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, ЧЛЕНОТ 75 ОД УСТАВОТ Е МНОГУ ДЕЦИДЕН: “ЗАКОНИТЕ СЕ ПРОГЛАСУВААТ СО УКАЗ, КОЈШТО ГО ПОТПИШУВААТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО!“

Па, авантуристи, ако ви држи, повелете експериментирајте, пробајте!

 

На прво место

News image

250.000 граѓани во Грција зборуваат македонски

Европска мрежа за малцински јазици: 250.000 граѓани во Грција зборуваат македонски ...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.