Среда, 04 Април 2018   
Апелот на „Лозарите“ и после сто и дваесет години има големо значење

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„Ние сме должни да започнеме систематска дејност која ќе ја покаже пред целиот надворешен свет нашата лоша положба и ќе го постави одново македонското прашање и прашањето за Одринскиот вилает на зелената маса. Но за една таква дејност е потребно групирање на сите Македонци: ние сите треба да се обединиме и дружно да дејствуваме“ – пишува Ѓ. Петров под псевдонимот Николев во списанието „Лоза“ од 1.V.1894, стр. 36 -38.

Растежот на македонската национална посебност бил поттикнуван и преку пишувањето на македонските печатни органи. Тие се придужени со апели за започнување на систематска дејност во организационото оформување на борбата за слобода. Оттука и не е случајно што овој апел го среќаваме во статијата, објавена во „Лоза“, органот на „Младата македонска книжовна дружина“. Тоа е месечно списание, кое излегува во Софија во периодот од јануари 1892 до јуни 1894 година. Основач е охриѓанецот Климент Караѓулев, а одговорен редактор дебарчанецот Иван К. Божинов, додека соработници биле: Георги Баласчев (Езерски), Петар Попарсов, Коста Шахов, Димитар Мирчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи-Николов, Ефтим Спространов и други. Излегуваат 6 броја во две одделни и различни етапи.

Уште во првиот број на „Лоза“, под мотото дека „Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина“, Младата македонска книжовна дружина согледувајќи ги последиците од најновите политички настани на Балканот, како севозможните надворешни елементи кои роварат во Македонија, ги повика Македонците да се обединат. Во апелот испратен до македонскиот народ тие велат дека: „ ...Треба значи да се собереме во една општа, моќна сила - сила народна, ако сакаме да ја сочуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој Македонец, каде и да се наоѓа тој“.

Во петтиот број од списанието „Лоза“ од мај 1894 година, Ѓорче Петров под псевдонимот Николев во статијата „Да се здружиме“, повторно го повторува апелот и пишува:

„Макар што останатите провинции на Балканскиот Полурстров под директното владеење на Султанот и да не почувствувале некоја суштествена корист од решенијата на седумте европски големи сили на Берлинскиот конгрес, сепак тие извлекоа барем една морална корист, која се состои во тоа што во Европа се установило убедувањето дека Турците не се добри управници и дека христијаните во тие провинции заслужуваат една подобра управа, која би ги гарантирала сите права потребни за достоинството на човекот. Од нас погоре цитираниот член 23 од Берлинскиот договор засега нема поголемо значење.

Ние извлековме и суштествени материјални користи, кои се предвидени во таа уредба, но и самите големи сили, немајќи директен интерес, малку, дури никако не се загрижија досега да ја принудат Турција да ги исполни своите задолженија, ниту пак самото христијанско население од тие провинции направиле некои сериозни систематски чекори во корист на тоа. И така ние поднесовме уште цели 16 тешки години на свој грб, речиси покорно.

Нам, на Македонците, положбата во овие последни години уште повеќе ни се влоши. Од една страна, најинтелигентното и најбогатото население од Македонија чувствително се губи под неподносливиот поредок и него го голтаат соседните ослободени земји, од друга страна, секоја година со десетици илјади работни раце не се слободни да ги обработуваат своите земјишта, ги напуштаат своите домови, оставаат се пусто и заминуваат во странство, од каде што најмалку половината век не се враќаат по своите куќи; од трета, многубројни убиства речиси секој ден таму се извршуваат од своеволните разбојници. Додека, и самата турска влада, со својата присторена трпеливост, им дава полна слобода на разни пропаганди, кои го разделуваат христијанското население и го развратуваат било преку големи поткупи, било преку внесување на заблуда, иако самата влада многу добро ја познава народноста и верата на тоа несреќно население и е должна да го заштитува од осквернување на неговите чувства и обичаи. Ако турската влада ги имала при срце вистинските интереси на христијанското население, пропагандите немаше така лошо да не` распокинат, како што не смеат да го распокинат турското население. Ако се додаде кон ова и заселувањето на избеганите Турци черкези-моаџири од ослободените земји, од кои мнозина сега им се одмаздуваат на христијаните за несреќите што им ги донесе војната и постојано и неказнето ги заграбуваат нивјето и ливадите од рајата. Сето тоа е еден доста јасен портрет кој ни ја покажува безизлезната положба на нашата мила татковина - Македонија. Таква е иста положбата и во Одринскиот вилает.

Оваа ужасна положба од рајата во Турското царство најпосле го принудува секој малку поразбуден патриот да размислува и да направи можни усилби за да се апелира и кон своите браќа и кон потписниците на Берлинскиот договор и кон човекољубивите чувства на образованиот свет, за да се подобри оваа положба на намаченото христијанско население во Турско.

Но, нашиот долг кон татковината не се запира само до сувото апелирање. Ние треба да се нафатиме со една систематска борба и да објавиме војна против нашите тирани. Ние сме среќни, бидејќи го имаме за основа Берлинскиот договор, имаме на своја страна шест големи сили. Откако ќе се уверат дека при денешнава положба на работите во тие провинции од европска Турција не може да има спокојство, тие ќе го принудат Султанот најмалку да воведе реформи определени за тие наши места во член 23 од Берлинскиот договор.

Според тоа, ние сме должни да започнеме систематска дејност која ќе ја покаже пред целиот надворешен свет нашата лоша положба и ќе го постави одново македонското прашање и прашањето за Одринскиот вилает на зелената маса. Но за една таква дејност е потребно групирање на сите Македонци: ние сите треба да се обединиме и дружно да дејствуваме“.

(Документи, Том први, Скопје, 1981, стр. 323-324 )

Веднаш по појавата на првиот број, списанието „Свобода“ ја алармира бугарската јавност.

Набргу Младата македонска книжовна дружина беше растурена од властите, а членовите и содејците беа апсени, интернирани и прогонети. Во историјата членовите на Друштвото се познати како „лозари“, а движењето како „лозарство“.

Од денешен аспект, кога Грција бара промена на нашето име и идентитет, не ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг и кога Меѓународната Заедница не превзема ништо да го дисциплинира јужниот сосед, кој не само што го блокира влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, туку се обидува да ја наруши внатрешната стабилност, апелот на „Лозарите“ и после сто и дваесет години има големо значење.

 

На прво место

News image

ЕРДОГАН И ЦИПРАС СЕ ИСПОКАРАА ЗА МАКЕДОНИЈА

ЕРДОГАН И ЦИПРАС СЕ ИСПОКАРАА ЗА МАКЕДОНИЈА РАЗГОВОРОТ БИЛ ДОСТА НАПНАТ

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.