Среда, 04 Април 2018   
Оваа некадарна влада отвори низа прашања кои од секогаш биле причина за да го запали балканското буре барут

svekrva-nova
Свекрва

Македонската влада на чело со Зоран Заев води нерационална внатрешна и надворешна политика со која на земјата и нанесува огромна штета. По Законот за употребата на јазиците, понижувачките преговори со Грција, таа кон крајот на март протера дипломат на Руската Федерација, која како членка на Советот за безбедност во ОН не има признаето под уставно име.  

Според Министерството за надворешни работи (МНР), протерувањето на рускиот дипломат е заради случајот со труење на Сергеј Скрипал во Англија и заради активности на руското разузнување во земјата, а е направено во кординација со сојузниците од ЕУ и НАТО и солидарно со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Тоа се истите сојузниците кои поради наметнатиот спор со името од страна на Грција долго време не држат во предворјето на ЕУ и НАТО и бараат да го решиме спорот со Атина.

Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ и НАТО навистина треба да ги следи нивните политики кои се носат со конзензус. Меѓутоа ако таму постои разногласие и нема усогласени ставови, кога повеќе членки откажаа да протеруваат руски дипломати, која е логиката Македонија да го превземе овој чекор кон земја која не признава под уставното име.

Дека се работи за погрешна проценка на македонското МНР, говори и претседателот Ѓорѓе Иванов кој смета дека одлуката на Министерството за надворешни работи за протерување на рускиот дипломат е избрзана. Потврда дека се работи за избрзана одлука наоѓаме и во однесувањето на нашиот источен сосед. Имено Бугарија, член на НАТО и која претседава со ЕУ, не се одлучи да протера руски дипломати, бидејќи сака да одржува отворена врата со Русија во моментот кога постои затегнатост меѓу Западот и Москва.

По одлуката за протерување на руски дипломат од Македонија се јави и рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак кој посочи дека од македонските власти Русија не добила никаков доказ дека протераниот дипломат се занимавал со дејности кои излегуваат од рамки на дипломатскиот статус или Виенската конвенција. Оценувајќи ја одлуката за протерување на руски дипломат од Македонија како неоснована и „без преседан за целата историја на билатералните односи меѓу Русија и Македонија“, тој посочи дека овој „непријателски чекор“ бил изведен под влијание од надвор, „но таа околност не ги ослободува македонските власти од целата одговорност за последиците по нашите билатерални односи“.

Недвосмислено, Македонија доби закана дека доколку стане членка на НАТО станува легитимна цел во случај на воен конфликт од страна на Русија. Меѓутоа, она што уште пострашно од неразумната политика на оваа македонска власт е доколку Русија како членка на Советот за безбедност го повлече своето признавање на Македонија под уставно име. Тогаш чекорот на Русија можат да го следат многу нејзини сојузници од Европа, Африка и Азија, па Македонија која е признаена од 137 земји, да се сведе на многу помалку. Со тоа самата го минира секој обид да ја истера својата правда во спорот со Грција со директно обраќање во ОН. Така оваа Влада на Заев како да ги руши сите столбови на македонската државност и како да го потпалува фитилот на Балканот.

Мора да се има во предвид дека според повеќе анализи, опасноста од трета светска војна е голема.

Таа започна со неолиберализмот и пазарната економија, интересите на капиталот на транснационалните корпорации и финансиските институции поставени над интересите на човекот.

Се тврди дека овој конфликт го планира одредена елита заради остварувања на темелни глобални промени кои би создале „нова зора“ за човечанството.

Оваа 2018 година треба да биде почеток кога светот ќе влезе во својот најтемен период од Втората светска војна, по кој светот нема да биде ист. Македонија во овие планови на светските елити како да е стартер на почетокот на она што доаѓа.

Имено, линијата на конфликтот или линија на огнот меѓу Западот и Истокот се протега од Европа до Далечниот Исток. А на таа линија се наоѓаат и неколку земји на Балканот меѓу кои и Македонија. Искрата за поширок конфликт може да биде запалена во Република Српска во Босна и Херцеговина, потоа на северот на Косово и во Македонија, каде оваа некадарна влада отвори низа прашања кои од секогаш биле причина за да го запали балканското буре барут.

НАТОекспертитевотаенизвештајнаведуваатдекаСрбијаимадеталноразработенпланнаделувањевослучајнаевентуаленобиднаАлбанцитенасилнодапревзематконтроланасеверот. ТојпланнаводносенарекуваОдлученодговорипредвидувавојскатанаСрбијавобрзаоперацијаблитцкригворокоднајвеќенеколкучасадагозавзематсеверотнапокраинаисотенковииоклопнивозиладаизлезенаИбар, односнонамостоткојгоделисевернаодјужнаМитровица.

Несомнено Македонија му припаѓа на Европа, а со тоа местото и е во ЕУ и НАТО. Меѓутоа, Русија со своето ново оружје може да го забрза распадот на НАТО. Имено, Во Сирија и Турција,, се покажа дека САД и Европа немаат со што да му парираат на Русија и дека НАТО е бескорисен. Дополнително Западот беше изненаден со договорот меѓу Русија и Саудиска Арабија, како и со постапката на Русија која ги отпиша долговите во износ од 20 милијарди долари на некои од најсиромашните земји на Африка.

Согледувајќи ја својата немоќ кон руското оружје и економска моќ, Западот ги искористи практиките од Студената војна и по случајот со труење на Сергеј Скрипал во Англија, започна со протерување на руските дипломати. Но тоа го покажа неединството во ЕУ и НАТО.

Македонија како сојузник се приклучи кон оваа акција имајќи во предвид својата позиција на Балканот и дека во минатото Русија никогаш не била на страната на македонскиот народ. Со цел да излезе на Егејско Море, Русија  тогаш ги поддржувала бугарските националисти за создавање на „Голема Бугарија“ и „Егзархијата“, наместо создавање на македонска држава и обнова на „Охридската архиепископија“. Од истите причини, таа денес има блиски односи не само со Анкара, туку и со Атина.

Ако се знаат сите овие работи македонските власти во овие геостратешки игри меѓу Истокот и Западот, без разлика колку и да е мала земја, не смее да дозволи да стане пион, кој ќе биде прв жртвуван.

Тие не смеат да дозволат државата да се редифинира со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, промена името и идентитетот. Уставот и името не смеат да се сменат.

Ако не можат да го издржат притисокот од своите спонзори кои ги донеле на власт, најдобро е владата на Заев да си даде оставка веднаш, за да не продолжи со правење штети кон македонскиот народ кои потоа тешко би се исправиле.

 

 

На прво место

News image

ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

ОМД: ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

Историја

News image

Што преставуваше Бугарија за Македонија

На почетокот на август 2017 година Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососе...

Иселеници

News image

ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА

Неодамна на интернетската мрежа изненадно се појави видео ...

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Архангел Михаил“ во село Теово, Велешко

На 35 километри југозападно од Велес недалеку од селото Богомила распослано пред клисурата на реката...

Фељтон

News image

Александар Македонски (28)

Кога Александар се укотви, го испрати Парменион со мал дел од војската да го најави ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.