Среда, 11 Април 2018   
Зоран Заев е спремен по секоја цена да го смени името на Република Македонија

svekrva-nova
Свекрва

Зоран Заев е спремен по секоја цена да го смени името на Република Македонија. Како што самиот за медиумите вели, за решение на проблемот за името со Грција вреди да се жртвува и политичката кариера. Свесен дека тоа нема да му помине кај македонскиот народ, од позиција на сила, тој им се заканува на јавната админстрација, ги заплашува пензионерите, а со својот коалиционен партнер креира страв во земјата. За спроведување на замисленото тој создава хаос во институциите со поставување на неподобни кадри и ја уништува економијата.

Македонија досега нема видено премиер на земјата кој намерно ја води земјата во пропаст. Наместо да се посвети на економијата, тој целата енергија ја стави во решавањето на проблемот со Грција околу името за да може земјата што побргу да стане членка на НАТО и ЕУ.  За таа цел тој ги стави на лицитација националните интереси на државата. Со Законот за употреба на јазиците, потоа договорот со Бугарија за добрососедство, како и со промена на името, македонската држава тотално ќе се редефинира, со што, иако мнозински, македонскиот народ ќе го изгуби не само името, јазикот и својот дом, туку ќе стане слуга во сопствениот дом.

Ако некој смета дека ова што го прави сегашниот премиер Зоран Заев преставува стратегија која тотално ќе ги збуни Грците и конечно тие ќе попуштат за да Македонија стане членка во ЕУ и НАТО, многу се лажат. Ако пак некој смета дека наскоро, откако сегашната влада ќе го продаде името, во земјата ќе протече мед и млеко, исто така, многу се лажат.

Ваквата, наводна стратегија на Заев, само ги зголемува апетитите на соседите, кои нема да престанат се додека целосно не го распарчат и ова последно парче слободна земја на Македонците. Едноставно никој не почитува, ниту му е потребен народ кој е спремен без отпор да си го продаде своето име и идентитет. Таков народ преставува само идеален слуга, кој за сметка на својот господар ќе ги прави највалканите работи, а за својата работа ќе ги добива остатоците од масата на својот господар.

Во прашање се денови, кои не делат од моментот кога Зоран Заев со својата неразумна политика може да му ја запечати судбината на македонскиот народ.

Што навистина ќе се случи со македонскиот народ, оваа власт воопшто не ја интересира, бидејќи откако ќе ја завршат со продажбата на националните интереси, тогаш воопшто нема да  им е потребна политичката кариера. Со она што ќе го добиат додека лицитираат со државата тие можат да уживаат во странство во некоја вила покрај море со дебела сметка на своето конто.

Со коктелите во рака, лесно се заборава хаосот кој го оставиле во својата земја.

А во земјата, откако оваа власт ги амнестира криминалците,  на улиците повторно оружјето стана активно, повторно се копаат црни гробови! Се гине од оружје, но и од модерното здравство, кое го донесоа на такво дереџе каде нема реаганси и лекови, каде апаратите не реботат, а стручњаците кои нешто вредат веќе одамна си заминаа во приватниот сектор или во странство.

Всушност, како се’ да е дел од една стратегија за што побргу да се исчистат постарите кои сеуште ги паметат  борбите за слобода на македонскиот народ и оние кои добро ја знаат македонската историја, бидејќи тоа се луѓе кои се противат за промена на името и идентитетот!?

Сепак, најголем страв, оваа власт има од сегашната јавна администрација, на која и вети за време на изборите просечна плата од 500 евра. Откако ништо не исполнија, власта сега и се заканува на администрацијата дека ќе му се заблагодари на секој кој не си ја врши својата работа. Значи, наместо зголемени плати за јавната, односно јадната администрација, сега асминистративците добиваат закани  со откази од работа. Сето тоа треба да ги спречи нив да се спротивстават на плановите на Заев за промена на името, идентитетот и Уставот.  

Со оглед дека не му е важна политичката кариера и со оглед на погрешните политички чекори кој ги презема, Зоран Заев под итно треба да се даде оставка и да се распишат нови избори:

Македонскиот народ треба да ја сочува својата гордост и треба да им каже не на понижувачките планови на Заев за промена на името, идентитетот и Уставот.

 

 

На прво место

News image

Ти мора да си многу глуп…

Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.