Сабота, 21 Април 2018   
Во еуфоријата околу извештајот, да не заборавиме дека ЕУ никаде не го употребува уставното име

Позитивен извештај – негативни критики

Завршува една недела на добри вести за Македонија. Новите македонски апостоли Федерика Могерини и Јоханес Хан (не е Џингис-хан) ја донесоа радосната вест дека Европската комисија препорача почеток на преговорите за членство во Унијата. Македонската влада ги доби сите пофалби за тоа што го сработи во годината откако е на власт. Што се врати на вистинската патека, по долгото лутање низ европските лавиринти на претходната, некооперативна, лоша власт. Во пофалбите и заслугите не се заборавени ни Собранието, ни опозицијата и ни сите граѓани на државата, големи и мали, богати и сиромашни, есдеесовци, вмровци, дуисти, интегративци, дури и оние што се евроскептици.

Добиениот позитивен извештај за напредокот на државата на европскиот нерамен пат не е по „дуинг бизнис“ рангирање, не е платена политичка програма, не е „соросоидна“ ќерефека. Дотолку повеќе што самата содржина носи колку формални пофалби, толку и суштински критики, уште повеќе нови тешки обврски за сите споменати политички и вонполитички фактори. И поголеми одговорности на власта, се разбира, зашто и позитивниот извештај има негативни критики.

Најверојатно дека набргу јавноста ќе биде запознаена со целосната официјална верзија на извештајот, преведен на македонски јазик, јазик што не се споменува во извештајот, а Унијата во своите бирократски документи не го именува, не го официјализирала како постоен јазик. Деловите од посочените сектори (правосудство, економија, човекови права и слободи, медиуми и друго) ќе бидат предмет на разгледување од сите општествени релевантни фактори. Нормално е да се очекува една пролетна офанзива од активности, пред сѐ на Владата и на Собранието, во нивното разгледување и во почнување или завршување постапки за реализација на поставените задачи.

Власта сигурно ќе ликува извесно време, иако ја очекува сериозна работа. Оние македонски државјани што сонуваат поубаво, поправедно и побогато општество сигурно имаат причини за радост, за остварување на сонот за влез во Европа, без разлика кога и дали воопшто тој проевропски сон ќе се оствари. Нивните неистомисленици, македонските евроскептици и антинатовци, ќе доживеат уште едно разочарување, но и шанса да ги изострат перата да бараат мани, да оценуваат, да критикуваат. Секоја јавна дебата, дури и грубата и непожелна, ќе биде прилог кон демократијата, кон освојување на слободата, кон доближување до европските демократски стандарди.

Убаво звучат убавите зборови, годат ласкањата и пофалбите дури и кога се неискрени. Не мора обичниот човек да знае што било за навистина долгогодишните замрсени односи меѓу Македонија и ЕУ-бирократијата, за заткулисните игри, за договорите што не носат ефект, за ЕУ-директивите и наредбите што ги добиваат министрите, за премиерските маки и голготи кога одат на сослушување во приемните канцеларии, дури и за заканите и уцените што ги добиваат од високите претставници кога на ЕУ не им е нешто по волја или не играме по нивна свирка. Но и најнеупатените може да заклучат една работа: ништо не се случува случајно, за сѐ има некој непознат план, кој од една страна предизвикува страв, од друга надеж. Такви се случувањата во поделена Европа од Октомвриската револуција до денес, од социјалистичките планови и дела на Ленин до капиталистичките идеи и роварења низ држави зад кои стојат билионери, таканаречени филантропи, пропагатори на отворени општества.

И ние, Македонците, од независноста на државата наваму, видовме (гледаме) како излегуваат на површина илузиите за спонтаноста на настаните и историјата, за наводно спонтаните и „непартиски“ бунтови, востанија, фингирани војни (2001), преврати, пучови, револуции (шарени или тврдокорни), за независни и политички неопределени медиуми за наместени и дебело платени ТВ-дебати и слично. Видовме и како парите, грантовите, значат многу повеќе од вистината и од љубовта кон татковината и како таа „грантовска тајфа“ се покажува поопасна од уличната мафија. Видовме како низ форсирана и добро менаџирана пропаганда, со мали преправки на суштината, со заборавање дреболии, со премолчување или прескокнување вистински настани, со умешна селекција на фактите, поразите може да бидат прикажувани како победи, промашувањата за херојство.

Кога би се направила некоја објективна анкета, сега по добивањето позитивен извештај, со препорака за почеток на разговори за прием во ЕУ, би се видело дека повеќе од половината граѓани не се баш заинтересирани кога и како Македонија ќе влезе во друштвото на европските народи. Нив повеќе ги интересираат мирниот живот и обезбедување доволно материјални средства неопходни за пристоен живот што им се ветува на избори, а никогаш не го добиле она што очекувале. Нивниот живот не зависи од пофалбите на (за) Владата, не зависи од високата политика туку од ниската: земјата чесно да се управува, да има работа, да има редовни плати во износ барем една третина од европскиот просек, да има правда и праведност, да нема криминал, корупција, да има пензии и, што е најважно, да има посигурна иднина за нивните деца и внуци. Животот е поширок од секој извештај, колку и да е тој позитивен и надежен, а сиромашниот народ е склон кон идолопоклонство, кон лековерност и кон брзо менување на лојалноста.

Тоа е делот што не верува во официјалните верзии, не верува во зборовите, туку во делата. Поискусните новинари ја знаат дванаесеттата новинарска заповед, која гласи: никогаш не ѝ верувај докрај на официјалната верзија. Секоја верзија има и друго лице. Оваа досетка може да важи и за досегашните односи меѓу Македонија, НАТО и ЕУ, меѓу Македонија и таканаречениот меѓународен фактор, кога неброено пати сме се увериле дека нивните официјални изјави, соопштенија и извештаи се разликувале од реалноста, биле само утешителни беседнички цветови, говорнички украси, накитени фрази од празни зборови. Илјада збора, ниедно дело во корист на Македонија, тоа би бил сумираниот, можеби престрог, но реален заклучок.

По завршувањето на славјето останува да се надеваме дека овој најнов извештај нема да биде како претходните, дека не е уште една европска магионичарска претстава за залажување на властите да попуштат и таму кај што не треба. Вистински пријател не е оној што ви ласка, туку оној што ви ја кажува вистината, целата вистина. И она што е важно: во еуфоријата околу извештајот, да не заборавиме дека ЕУ никаде не го употребува уставното име на Македонија. За најголем дел од нивните претставници Македонија сѐ уште се вика, односно го носи името „вашата земја, о колку е убава вашата земја“.

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.