Среда, 02 Мај 2018   
Никој не може да им ја убие љубовта на Македонците кон сопствената татковина

svekrva-nova
Свекрва

Никој не може да им ја убие љубовта на Македонците кон сопствената татковина. Секој обид тоа да се направи, од гостопримливи и добри луѓе, Македонците ги прави во огорчени, храбри и спремни воини за решителни дејствија против секој оној кој ќе посегне по нивниот дом, по нивната татковина. Затоа нека никој не се осмели да си игра со името, идентитетот и Уставот на земјата.

Со анализа на настаните во денешниот свет лесно може да се препознае шемата по која центрите на моќ ја менуваат судбината на цели народи и го создаваат новиот светски поредок. Случувањата во последните повеќе од две децении на Балканот по распадот на Југославија, потоа нападите врз Ирак, Авганистан, настаните во Грузија и Украина, арапската пролет која ги зафати Медитеранските земји, како и настаните во нашата земја, повеќе или помалку се реализираат речиси по исто сценарио.

Вообичаено државата која станува цел на центрите на моќ, како прво се прогласува за криминална земја, а нејзиното раководство за криминално. Во истата држава, како втор чекор, се поддржуваат локалните терористи и за нив се зборува како за „борци за човекови права“. Потоа, откако ќе се направи штета меѓу цивилното население, како трето следува закана и барање за меѓународни санкции и меѓународни сили за интервенција!

Нареден чекор на центрите на моќ, како четврта фаза, преставува критикување и барање на контрола на изборите во таа држава, а потоа следува обвинување дека изборите не се слободни, дека се лажирани и дека тамошната влада е диктаторска. Истовремено, се шират лажни вести за да предизвикаат „меѓународен медиски оддек“.

Доколку не се успее да се смени актуелната власт со марионетска, тогаш воено се интервенира и се воспотавува контрола над државата, а самата мисија се нарекува „мировна мисија“, „ослободување“ или „хуманитарна мисија“

Откако центрите на моќ ќе ја преземат власта преку директно влегување или пак со воспоставање на маринетска власт, тогаш започнува следната седма фаза, а тоа е присвојување и изнесување на ресурсите на т.н. ослободена држава. Тоа лесно се објаснува со „странски инвестиции“ и „обновување на државата“. За таа цел им е потребно промена на Уставот и законите,

Македонија е една од земјите која искуси дел од ова сценарио, особено во периодот од 2001 до 2016 година, кога беше воспоставена нелегалната власт на чело со Зоран Заев.

Имено, почнувајќи од вооружениот конфликт и Рамковниот договор во 2001 година, потоа Законот за територијална поделба од 2004 година, т.н. бомби во 2015 година и Пржинските договори, специјалната војна која се водеше во Македонија колминира со промена на легално избраната власт предводена од тогашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

По доаѓањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев на власт,Македонија стана една од низата на „ослободени“ и „демократизирани“ држави, во која патриотите завршија во затвор, криминалците беа пуштени од затворите, потоа започна со распродажбата на националните интереси.

Денес центрите на моќ му даваат позитивни оценки за марионетската влада на Зоран Заев, бидејќи иако тој не води сметка за интересите на сопствениот народ, сепак ги задоволува интересите на надворешните поддржувачи. За нивна сметка тој како власт во земјата мора да го смени името, идентитетот, Уставот. Албанскиот јазик мора да стане втор службен јазик во Македонија за да земјата се федерализира и во иднина да се подели меѓу две соседни земји.

Зоран Заев е свестен дека мора да молчи и да ги спроведува дадените наредби или ќе го најде судбината на обичен „терориста“. Во еден момент доколку се обиде под притисок на домашната јавност да ја смени патеката за како што велат неговите поддржувачи „добробит на целиот регион“, тогаш темни облаци ќе ја покријат и неговата судбина.

Меѓутоа, истата судбина ќе го снајде и доколку не му удоволи на македонскиот народ зошто нештата во светот се повеќе се менуваат.

Македонците се повеќе се свестат и повеќе не молчат.

Народот е свесен дека власта на 27 април минатата година беше преземена на нелегален начин од СДСМ и ДУИ, па кога тогаш тој ќе тргне да го врати одземеното.

Согледувајќи го криманалот на новата власт, која изнесува на големо за своите налогодавачи, народот станува се погласен, така да и контролираните медиуми не можат да го замолчат. Македонскиот народ веќе неможе да гледа како на дневна основа се краде, како му се уништува татковината, како му се одзема иднината на македонските синови и ќерки.

Психолошката војна и убедувањето преку медиумите од страна на актуелната власт и нивните поддржувачи, дека е потребно да се промени Уставот за да влезе Македонија во ЕУ и НАТО веќе не поминуваат кај обичниот народ.

Никој не може да им ја убие љубовта на Македонците кон сопствената татковина. Секој обид тоа да се направи, Македонците ги прави од гостопримливи и добри луѓе, во огорчени, храбри и спремни воини за решителни дејствија против секој оној кој ќе посегне по нивниот дом, по нивната татковина.Затоа нека никој не се осмели да си игра со името, идентитетот и Уставот на земјата.

 

На прво место

News image

Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ

Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ. Црн воздух, црна екон...

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.