Среда, 16 Мај 2018   
Грчката вооружена пропаганда во Македонија поддржана од Бугарија!?

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Македонската револуционерна организација по задушувањето на Илинденското востание во 1903 година, нареди да се прибере и складира оружјето, а четите да се растурат. Оставени на немилост на турските казнени одреди и албанските разбојнички банди, потоа со несобрана летина, разрушени куќи и настапување на зимата, голем дел од македонското селско население почнало да бара засолниште во поголемите македонски градови или пак заминале во емиграција во Грција, Бугарија, Србија, Романија и други држави.

Прибирањето на оружјето и растурањто на четите на Револуционерната организација отворила широк простор за делување на вооружената пропаганда на соседните држави - бугарската, грчката и српската, а подоцна  и на романската. Туѓите четнички пропаганди настапувале со планирана упорност, поддржана од нивните влади, со цел целосно да се ликвидира Македонската револуционерна организација и секоја помисла на македонскиот народ за создавање на автономна Македонија. Особено четите на грчката вооружена пропаганда биле брутални во своето дејствување и извршиле брони масакри врз невиното македонско население во периодот од 1904 до 1908 година.

Убиствата на жени, деца и старци од страна грчката вооружена пропаганда предизвикувале протести на македонската емиграција и на прогресивниот дел од општеството кои барале од владите на соседството да се стави крај на масакрите. За тоа што се случувало во Бугарија, каде македонската емиграција била најбројна, ни говори македонскиот револуционер, публицист и историчар Христо Силјанов. Во свето дело  за „Македонската ослободителна борба, II за противгрчкото движење во Бугарија ќе напише:

„До масакрот во Загоричани негодувањето на бугарското општество против грчките злодела наоѓа израз само во печатот: омраза и гнев против злоделата, симпатии спрема невините жртви, повици кон бугарската влада "да го исполни долгот". Во овој период единствениот противогрчки митинг стана во Балчик, на 19 март 1905 година. По загоричанските ужаси се чуја укори против "безчуствителноста" на општеството и се подигнаа во вестниците упорно гласови за застапништво во корист на истребените (Македонци – н.з).

На 3 април стана голем митинг во Варна, а следната недела, на 10 април - во Софија, Пловдив, Трново и во други градови. Во донесените резолуции се упатија протести истовремено против (македоно-н.з.) - истребителната политика на Турција и против зверствата на андартските чети и се посочуваше, како спасоносно средство, проширување на реформите до целосна автономија на Македонија и Одринско. Во Варна и во Пловдив, граѓаните, ветувајќи целосна и едногласна поддршка на владата, побара, меѓу друго, да ги употреби и сите законски репресалии против Грците во Бугарија.

Повикот на граѓаните на Варна и Пловдив не го дигнаа на ноѕе бугарското општество. Идејата за репресалии против Грците кои живеат во Кнежеството сé уште не беше многу популарна. Таа имаше свои отворени противници во лицето на крајните леви и владините кругови. Во пресрет на митинзите од 10 април, органот на тесните социјалисти "Работнички весник" се крене против "бугарските шовинисти", кои го туркаа општеството против Грците. "За недискриминирачкото гонење на (македонците - н.з.) во Македонија од грчки чети е одговорен грчкиот капитализам" - напиша потесниот орган. - "И ако се земат исклучителни мерки против Грците кои живеат кај нас, тоа можат да пострадаат пред сè и најмногу, грчките работници ... Прогонот најмалку може да ги засегне богатите Грци, големите трговци, претприемачите, фабрикантите" .. . Иако и да не гледаше на националните расправии преку очилата на меѓународната класна солидарност, официалниот "Нов век" исто така го осуди поттикнувањето на репресалии: "Ниту една психологија не може да ни го негира правото да сме огорчени против виновниците на оваа ситуација во Македонија. Но немаме никакви морални права да го оправдаме, ако за вината на едни луѓе во Македонија или надвор од Македонија, но во секој случај, надвор и од пределите на Бугарското кнежевство, почнеме да ги прогонуваме невините нивни сонародници во пределите на тоа Кнежеството. Насилствата и самоволието, вршени од кого и да било и каде и да било, се неморални и неполитични" („Новъ Вѣкъ”, 26. IV. 1905г.).

Остриот тон во бугарските весници и оддржаните митинзи резултираше со интензивна престрелка меѓу атинските и Софиските весници. Опианети од "победата" во Загоричани, грчките новинари ги пречекаа храбро протестите и заканите од Бугарија.

Навикнати да бидат, во тешки моменти спасувани од "силите покровителки", Грците од кралството се потпираат на целосна неказнетост, зашто се уверени дека ќе се најдат ред други фактори кои ќе ја убијат подготвеноста на Бугарите од Кнежевството да настапат против грцизмот и неговите морални и материјални интереси. Меѓу овие фактори се појавува и самиот бугарски суверен на државата, Кнезот Фердинанд. Колку чудно и да изгледа, овие грчки претпоставки не биле секогаш без основа. Кнезот Фердинанд често ги удостојуваше со внимание своите поданици од грчка народност: разменуваше поздравни телеграми со грчките митрополити, потпишувајќи се "Фердинандос", ги посетуваше нивните стари цркви, се интересираше за нивните училишни установи. Додека во Македонија немаше андарти и андартски зверства, овие манифестации на виското благоволение не правеше особен впечаток на бугарските граѓани. Сепак, сега, кога расположението меѓу Бугарите и Грците беше такво што само недостатокот на заедничка граница им пречеше да се нафрлат со оружје едни против други, бугарскиот кнез изврши во странство една постапка која ги фрли во недоумица Бугарите и ги воодушеви самите Грци. На 10 април, на православни Цветници, т.е. на денот, кога во Софија и други градови се случуваа противгрчки митинзи, кнезот Фердинанд, придружен од грофот де Бурбулон и уште двајца членови на свитата отиде на црковната служба во грчката црква во Неапол, откако однапред се снабди со грчко евангелие. Потоа – според раскажувањето на еден грчки дописник од Неапол се случи следното:

„Само архимандритот Макариј Маринакис го препозна кнезот и му донесе стол; кнезот му заблагодари и го запраша, кога ќе се раздаваат врбови гранчиња. Тој му одговори дека раздавањето ќе се случи пред евангелието. По читањето на апостолот, свештеникот отиде кај кнезот и му донесе врбови гранчиња, кои тој ги зеде со стравопочит, откако му ја целива раката и му ја претстави својата свита. По читањето на евангелието бугарскиот кнез си отиде, придружен од генерал Марков, но ги остави други членови на свитата, да останат до крајот на литургијата.


Во 2 часот после ручек архимандритот и уште двајца епитропи отидоа во хотел "Ројал", за да му ги искажат на кнезот своите комплименти, зашто не можеа да го направат тоа во црквата, поради ненадејната посета.“

Еве ги и коментарите на дописникот, од кој се покажува колку е изненадувањето на грчката колонија во Неаполис: „Несомнено, премногу е чуден фактот што еден ден, кога католиците го прославуваат Велигден, неправославниот кнез на Бугарија претпочита да оди во грчка црква, да побара врбова гранка, да бацува рака на грчки свештеник и да ја следи литургијата, држејќи го Евангелието, напишано на грчки јазик. Оваа минута дознаваме дека принцот Фердинанд и испратил на Грчката црква, како подарок, една значителна сума пари“.

Фердинанд Сакс-Кобург-Готски (26.02.1861 – 10.09.1948) бил кнез во периодот од 1887 г. до 1908 г., а потоа цар на Бугарија во периодот од 1908 г. до 1918 г. Фердинанд како странец во Бугарија заиграл на картата за Санстефанска Бугарија и во текот на своето долгогодишно владеење тој себеси се претставувал за носител и претстваник на големата бугарска идеја за да ја зачува и зголеми својата популарност и за да обезбеди основа за своја власт и династија во Бугарија. Фердинанд бил подготвен на разговори, преговори, средби, калкулации и тајни договори со секого кој би можел да му помогне во реализацијата на санстефанската идеја, меѓутоа секогаш имал во предвид да добие што поголем дел од пленот, односно Македонија.

Сепак ваквите постапки на тогашниот кнез на Бугарија не биле примени со воодушевување во земјата. Силјанов во свето дело  ќе напише:

„Во Бугарија впечатокот од постапката на кнезот беше примена болно - особено меѓу сонародниците на загинатите Загоричани - што голем дел од вестниците ја поминаа молкум. Премногу непријатно беше да се напомене дури - а камоли и да се осуди – чудниот гест на носителот на бугарската круна. Сепак, некои опозициски органи ја искажаа својата недоумица и горчина, а независниот весник "Ден", кој го имаше објавено грчкиот допис од Неапол, го нарече присуството на Фердинанд во грчка црква "висока нечуствителност" и му посвети доста остри коментари. Општеството остана до крај во целосна збунетост во врска побудите и целите на кнежевата постапка. Тоа беше, очигледно, не за монархичкиот каприц или за ненадејната идеја, туку за нешто обмислено однапред, со сите негови театарски гестови, кон кои кнезот имаше голема слабост. Но, со каква цел? Помеѓу многуте претпоставки најбезопасни за кнезот беше таа дека посакал да упати до двата христијански народи кои беа настрвени од заемна злоба еден симболичен повик за предупредување. Покрај сите претпоставки, сепак - и навредливи и безопасни за крунисаниот демонстрант – моментот, и уште повеќе начинот на извршувањето, се проценуваат како несреќни. 

Во такви околности, движењето, еднаш споменато со мирни јавни протести, се подзгасна. Само во Варна, Пловдив, Станимака и други градови, со повеќе значителни грчки гнезда, граѓаните продолжуваа да се возбудуваат. Борбата се водеше пак на колоните во весниците на кои засилувањето на андартството со нови пожари и масакри му даваше обилен материјал за пишување. Во текот на многу месеци, бугарската влада не стори ништо. Единствената репресалија, кон која тоа прибегна беше таа што забрани влез на грчки весници во кнежеството.“

Во меѓувреме, антигрчкото движење во Романија се влошуваше. Романското влада прибегна кон законски репресалии кои беа следени со прекин на дипломатските односи меѓу двете држави. Тоа повторно ќе го раздвижи антигрчкото движење во Бугарија, а критиките против власта сега се оправдуваа со примерот на северниот сосед, кој, иако не толку живо заинтересиран за македонскиот прашање и при несразмерно помалку пролеана крв на Власите во Македонија, ги бранеше, со сиот свој политички престиж и со сите свои материјални можности, своите македонски соплеменици. Христо Силјанов за повторното раздвижување на македонската емиграција и пошриката општествена јавност во Бугарија ќе забележи:

„Од друга страна, во кнежеството стануваа нешта кои ја ставаа под сомнение лојалноста на грчките конзулати, на грчкото духовништво, а до одреден степен и на месните Грци. Всушност, тоа беа стари нарачки, со кои бугарската власт и бугарското население веќе одамна беа навикнати. Сега, сепак, секој чин на нелојалност и арогантност од страна на Грците предизвикуваше возбуда, осуда и дури самообвинување за простодушната толерантност. Дури сега, на пример, општеството разбра дека андартската акција е поддржана и со средства собрани во кнежевството. Од почетокот грчките конзулати, во лицето на своите титулари, секретари, архивари и гавази, сметаа за своја патриотска и службена должност да продаваат билет од лотаријата на "Фондот за грчката флота".

Во организирањето на оваа продажба, која не се ограничуваше само меѓу грчките поданици, најактивно учество земаа уште персоналот на грчките митрополии, грчките општини и отделни влијателни Грци. Од пред две години наваму, сепак, поголемиот дел од сумите на "Фондот" не одеа за таа намена, т. е., за зајакнување на грчката флота, туку за вооружената пропаганда - за "копнената флота", како се именуваа андартските чети од дистрибутерите и купувачите на билети за лотарија во кнежевството. Дури сега властите и општеството разбраа дека продажбата на лотаријата без претходно овластување од Министерскиот совет е забранета со законите на земјата. Дури сега слободните Бугари беа огорчени поради систематската злоупотреба на грчките конзулати со екстеритаријалноста и со капитулацијата. Дури сега се сепна пред однесувањето на некои грчки владици и свештеници, пред содржината на печатаните во Грција учебници, воведени во грчките училишта, и пред провокаторските написи на двата грчки весници - "Филипуполис" и "Идисис ту ему", издавани во Пловдив.

Јавното негодување, сепак, го достигна својот врв кога стана познато дека грчките конзулати се занимават и со врбување на андарти за Македонија и Одринско. Не само затоа, значи идеологијата на андартската акција на Јон Драгумис беше преместена во 1904 година од Битола во Бургас, а раководителот на движењето во самата Македонија Л. Каромилас пред да ја преземе функцијата генерален конзул во Солун, беше назначен привремено за таков во Пловдив. Кога во печатот се пишуваше дека една група млади е упатена веќе од грчкиот генерален конзул за Турција, соопштението се пречека со недоверба од левите весници и дури се демантира од официјално место. Најпосле, сепак, вистината беше утврдена од самите власти и откриените факти најдоа место во издадената брошура од Владата:

Нешто пред година 14 Грци од Станимака и од некои грчки села од околината на Пловдив, речиси сите бугарски поданици, заминаа од Бургас, за да се придружат на грчките чети во Македонија. Иако беа од најбедните фамилии, во Пловдив тие три дена пред заминување се пијанчеле во бедните јавни крчми и се фалеле дека одат во Македонија, за да ги истребат “бугарите“. Полицијата дозна за ова само по нивното заминување (!?). Тогаш биле проверени книгите на полицијата во Бургас и е констатиран осудителен факт за грчките конзуларни власти дека патниците, иако речиси сите бугарски поданици, се претставиле на полициските служби на пристаништето, со пасоши издадени од грчкиот генерален конзул во Пловдив, со исклучок на еден кој, или немал време да набави таков во Пловдив, или го загубил, па побарал друг од грчкиот конзул во Бургас.

По успешното испраќање на првата одред, грчкиот конзулат во Плоддиел продолжи да испраќа помали групи. Двајца луѓе, бугарски поданици, беа фатени во Бургас, заедно со пасошите, веднаш по испраќањето на првата чета. Еден, Василиј Апостолов, имал пасош № 145, издаден на име на грчкиот државјанин Стерјо Апостолов.

Цитираното од владина брошура исто така е сериозно објаснување за бугарските власти. Во време кога општеството врие од огорченост и гнев, по Загоричани и на други масакри, будноста на оваа власт беше таква што под носот на нејзините органи, грчките конзулати испратија бугарски поданици, резервни бугарските војници, во поддршка на адартската акција во Македонија.“ – пишува Х. Силјанов

Од погоре напишаното, Силјанов ни дава една слика на тогашното бугарско општество во кое властите не превземаат речиси ништо за да ги спречат андартските акции во Македонија и преќутно дозволуваат активности против Македонската револуционерна арганизација која преставува единствена пречка за остварување на Санстефанска Бугарија. Се добива впечаток дека грчката вооружена пропаганда во Македонија билa поддржана од Кнежеството Бугарија!?

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.