Среда, 16 Мај 2018   
Ќе дојде ден, и тоа набргу, кога тие од кои сега народот се крие ќе се кријат од сопствениот народ
Nikola SrbovНикола Србов

Изминатиот период низ медиумите следам на што се нафатила судијката Кацарска во случајот „Тенк“ каде е обвинет Никола Груевски. Од она што може да се види забалежливо е што се човек треба да стори за едно обично унапредување на крајот од својата кариера, за една обична функција, за неколку стотини евра повисока плата, возач, нешто поубава канцеларија и некаква минимално поголема важност во општеството.

Да прогласите човек за виновен, за кој знаете дека нема ниту вина ниту дело, знајќи дека доколку не беше Никола Груевски, немаше ниту да пристигне случајот до судијката а камоли да го осуди, е погазување на својата стручност и на една цела фела.

Однапред се извинувам доколку впечатокот од медиумите ми е погрешен, но тоа ќе го дознаеме набрзо, прво од исходот на пресудата, а потоа и од исплонувањето на ветувањата за истата пресуда. За првото се во прашање денови, за второто веројатно недели или месеци, но секако, сѐ ќе стане јасно и се ќе влезе во историјата.

Сите знаеме, вклучително и судијката, дека ова е политички процес како дел од еден политички прогон. Знаете и зошто му го прават ова на Груевски. Затоа што и покрај тоа што водеше разговори и имаше волја да ги реши отворените прашања со соседите, со цел да ни се отвори патот кон ЕУ и НАТО, сепак, докрај остана цврст во однос на промената на уставното име, идентитетот и јазикот... нешто што по неговата смена е предмет на распродажба од новата власт.

Сите знаеме дека многу луѓе во политиката посакуваат да видат еден извалкан и оцрнет Никола Груевски затоа што им пречи неговиот став по однос на државните и националните интереси. Им треба да го оцрнат за да не им е непријатно кога се погледнуваат во огледало и ќе се споредат со него во однос на политиката кон националните прашања.

Судијката е доволно искусна за да знае дека нејзе ја одбрале за егзекутор и сигурно се мислат дека евтино ја купиле со едно унапредување. Но оваа работа е премногу крупна за да се влезе во нејзе за некакво унапредување.

Речиси цела судска фела денеска е исплашена од Зоран Заев, но утре истите ќе се срамат од него. Запомнете го ова. Оние кои пресудуваат во монтирани судски процеси од нив утре ќе се срамат оние кои сега ги воспеваат и се гордеат со нив бидејќи тие се само камшикот во политичкиот процес.

После оваа срамна пресуда, која е сѐ поизвесно дека судијката ја подготвува, несомнено, до крајот на животот, а и потоа, името ќе ѝ носи флека која не се чисти. Целата фела говори дека се подготвува пресуда за Груевски во која ќе биде прогласен за виновен. Тука зборуваме за правда и како таа се задоволува во Македонија со моменталната власт.

На некои луѓе денеска ВМРО како партија и Груевски како поединец им изгледаат слаби и победени иако парламентарните избори беа добиени. Денеска стана „политички коректно“ да се плука по ВМРО ДПМНЕ и по поранешниот претседател Груевски, обратната опција е „политички некоректна“. Од друга страна на Заев се гледа како на надмоќен па се наклонуваат кон неговите барања и ставови занемарувајќи ја професионалноста, стручноста и вистиноста, што е тажно за едно општество.

Иста ваква ситуација владеела и во 1941 година кога фашистите ја окупирале Македонија. Тие изгледале надмоќни а народот бил иплашен. Тогаш било тренд или да ги воспеваш окупаторите или да си молчиш. Но тоа била привремена состојба од неколку години. По ослободувањето луѓето кои ги воспеваа фашистите се срамеа од самите себеси, а некои биле и судени за нивните злодела. Македонија денес е под огромен притисок. Секој сам избира како ќе реагира на тој притисок. Дали ќе го задржи својот интегритет и чест или ќе слугува за да оствари корист секој одлучува за себе. Груевски одбра да не слугува и не слугуваше, а сѐ уште се надевам дека и судијката нема да слугува.

Но, што и да одлучи, Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ ќе останат горди на своето работење за Македонија. И ништо, ниту една судска одлука во вакви монтирани процеси нема да ја сруши неговата и на ВМРО ДПМНЕ сработена работа за Македонија. Можат колку сакаат да го влечкаат по судови, па и по затвори ако сакаат, нема да го скршат ниту пак ќе го избришат неговото дело за Македонија. Ова е политичко судска кампања против голем број луѓе од ВМРО ДПМНЕ, во која политичарите нарачуваат а дел од судиите извршуваат. Ги имало вакви и во минатото, ги памети историјата. Но сите завршиле со ревизија и рехабилитација на жртвите од политичкиот прогон и следело вечно оцрнување на оние кои ги суделе и оние кои нарачувале пресуди.

Вие одберете дали ќе бидете во редот на Панта Марина и редица други кои во комунистичкиот режим прифатија да ги судат неистомислениците на власта и македонските патриоти во монтирани судски процеси. Ваш е изборот. И тие тогаш добивале унапредувања. Но запрашајте се како тие денеска ги толкува историјата.

Размислете каква ќе биде вашата улога во таа режија и што за тоа ќе кажат идните поколенија. Што за тоа ќе каже Македонија кога ќе се ослободи од моменталната власт.

Сега е време на понижување на луѓето кои покажале цврстина за Македонија. Груевски треба да плати што 11-12 години работеше на подигнување на македонската национална свест. На зацврстувањето на државата и нејзиниот суверенитет. За суверенизмот како политика и како нешто кое не беше својствено за претходните власти. Тој ќе го издржи овој период, во тоа бидете сигурни, ви гарантирам, исто како што целиот македонски народ притиснат и заплашен го издржува овој терор на власта и ја чека својата шанса на изборите.

Народот сега е скриен и молчи. Но ќе дојде ден, и тоа набргу, кога тие од кои сега народот се крие ќе се кријат од сопствениот народ.

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.