Среда, 23 Мај 2018   
Грчките конзули делуваа во кнежевството Бугарија како на имот без сопственик!?

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Големата одговорност на тогашното бугарско влада лежи, во стварност, на друго место. При изобилно повеќе големи основи, софиската влада стоеше со скрстени раце додека букурещкиот кабинет дејствуваше и по дипломатски пат - обвинувајќи ја отворено Грција за андартските зверства над македонските Власи, и преку легални репресалии спрема Грците кои живееја во Романија. Наместо да се следи примерот на заддунавската сосед, државната власт во Бугарија претпочита да се скрие зад неоддговорните маси и се дојде до немири, од кои побудите и целта на противогрчкото движење беа до одреден степен помрачени.“ -  пишува македонскиот револуционер, публицист и историчар Христо Силјанов.

Во грчките учебници отпечатени во Атина, кон крајот на 19 и почетокот на 20 век може да се видат тежненијата на грчката мегали идеја. Така е о ова дека "постои безнадежна надеж дека ќе дојде еден ден кога ќе можеме да ги ослободиме прекрасниот Константинопол и другите грчки градови: Смирна, Солун, Пловдив, Јанина и другите кои припаѓаат на Грција и се наши "(отпечатена на страна 25 во учебникот за граѓанско учење, составен од Т. Апостолопулос).

Ваквата идеологија која се ширеше преку грчката црква на Балканот ги засегна не само Македонија, туку меѓудругото и Бугарија каде постоела поголема грчка заедница. Преставници од оваа заедница заминуваа од Бугарија за да се борат на страната на андартските чети против македонскиот народ. Бугарските власти не превземаа ништо за го спречат нивното одење во Македонија, се додека Грците не започна да креваат глас во Бугарија. Тогаш македонската емиграција, заедно со бугарските граѓани започнаа противгрчко движење во Бугарија.

Во свето дело „Македонската ослободителна борба“, за односот на бугарската влада за грчката вооружена пропаганда во Македонија и Бугарија, како и за противгрчкото движење во Бугарија, каде по Илинденското востание од 1903 година беше собрана најголем дел македонска емиграција, Христо Силјанов ќе напише:

„Воопшто, грчките конзули делуваа во Кнежевството како во некаков имот без сопственик. Ова е, исто така, евидентно од начинот на кој тие го практикуваа запишувањето на хеленските поданици меѓу локалните Грци. Од 8.000 хеленски поданици во тоа време, само 2.000 Грци се од странство, а 6.000 луѓе се родени во Бугарија.... До пред противгрчкото движење никој од бугарските поданици не водел сметка за чирот како што е систематското откажување на локалните граѓани од бугарската држава и нивното ставање под покровителство на грчките конзуларни власти кои се користат со капитулациони права. Во текот на јули 1906 година, кога противогрчкото движење веќе зема полн замав, органот на демократската партија, истакнувајќи ја улогата на оваа категорија "грчки поданици", пишува:

„Тие се расипуваат заради нас, тие се попривилегирани од самите Грци во Кралството. Ова положба тие ја купуваат со задолжителната обврска да се шират, да станат апостоли на грчката мегали идеја. Посовесните од нив кон оваа обврска се непријатели на земјата во која живеат, особено кон Бугарија. Што направи нашата влада спрема овие членови на грчките комитети во Македонија? Ако таа направеше половина од она што го направи Романија, можеби, огорченоста ќе најдеше утеха и нашата земја немаше да се скандализира; ќе дејствуваше власта, наместо толпата, законите ќе дејствуваат наместо безаконието.“

Утехата за која говори „Прапорец“, не беше дадена и поради тоа заштитата на протераните од Македонија се презеде од самите граѓани. Во пролетта 1906 година, расположението беше такво, што секој ден можеше да избувне како стихија. Причините за тоа не беа отстранети.

Од Силистра и други градови долж реката Дунав, постоеше загриженост дека грчките трговци, протерани од Романија, се обидуваа постојано да се населат по десниот брег на Дунав.

На 3 јуни граѓаните на Варна се собраа во импресивно мноштво на пристаништето, решени да го спречат слегувањето на новоназначениот од Патријаршијата грчки митрополит Неофитос. Но бидејќи патриархот не беше зел претходна согласност на бугарската влада, самите власти не му дозволија слегувањето на Неофитос, што предизвика големо разочарување на локалните Грци, кои пак од своја страна се подготвиле свечано да го пречекаат. При ваква наелектризирана атмосфера меѓу двете страни, овој ден не помина без екцеси. Минувајќи покрај грчкиот конзулат, раздразнетата толпа почна да вика против грчките џелати во Македонија. Вработените во конзулатот почнаа да ги пцујат манифестантите, кои, како одговор, ги скршија прозорците на конзуларната зграда со камења. Патријаршијата побрза да ја поправи грешката и кон крајот на јуни, Неофитос - веќе со согласност на бугарската влада - се јави пак пред Варна. Незадоволниот народ пак го блокира пристаништето и чекаше таму, се додека паробродот не се оддалечи заедно со несаканиот фенерски владика. Полицијата, гледајќи дека само по цена на човечки жртви би можела да го растера народот, се покажа разумна и не прибегна кон крајни мерки, толку повеќе, што понатамошното престојување на грчки владика во Варна, не би можело да биде трпено. На 4 јули, се проширија гласини низ градот дека  пристига Неофит. По трет пат граѓаните на Варна дојдоа на пристаништето и чекаа со часови, но гласот не се покажа дека вистинит. На враќање, поголемиот дел од толпата тргна кон грчката црква Св. Никола, изградена на времето од донациите на бугарскиот добродетел Парашкев Николов и ја превзеде. Црквата беше преименувана во Св. Св. Кирил и Методиј, и се отслужи литургија од егзархиски свештеници и се формира нов одбор од (егзархисти – н.з). Неколку дена подоцна беше "освоена" и болницата "Парашкев Николов", изградена и издржува од приходите на сумите, оставени со тестамент од истиот дарител.

Во текот на целиот месец јули движењето се изрази со големи и бурни митинзи, при кои, во градовите со грчки гета, се применуваше процедурата од Варна: превземање на цркви, училишта и други грчки згради. На многу места изникнаа, по примерит на основањето во Варна друштво "Бугарски родољубец", обштограѓански комитети, кои го презедоа раководството со акцијата. Сепак, тие повеќе не беа во можност да го спречат безаконието на толпата. Во Плодов се пролеа и крв. Преземањето на петте грчки цркви во овој град беше проследено од напад на клубови, кафулиња, продавници и дури приватни куќи. Гркот Малијадис, адвокат и лихвар, пукал со пушка од својата куќа и кутна мртов еден Бугарин печатар, по кое побара спас во бегство. Меѓутоа беше фатен на улица од толпата и беше линчуван. Еден полициски службеник и двајца стражари беа малтретирани од толпата.

Настана потреба да се вмеша војската, за да го врати редот. На 30 јули во десетина градови се случија последните противогрчки собири. Во Стара-Загора, Нова-Загора, Радне-Махле, Провадија и др. Тие имаа карактер на мирен протест. Во Карнобат, Ајтос и Русе настанаа инциденти, понезначителни од пловдивските - кршење на прозорци, разбивање на неколку дуќани и сл. Во Анхиало (денешен Поморие – н.з.), сепак, се одиграа потресни настани кои фрлија црна дамка врз цело движење: поголем дел на градот беше уништен од пожар и 14 лица загинаа во пламените јазици и во едно жестока борба што траеше цел ден.

Во краток преглед, историјата за страшните Анхијални настани е следна: Во близина на Анхијаол има манастир "Св. Георги", поседуван од Грците, но оспоруван од Бугарите, како и многу други грчки црковно-општински имоти. Известени дека во манастирот, Грците држат магацин со оружје и муниција, владата, дури и пред митингот, испратила воена единица што го конфискувала складираното оружје. Сепак, чуварите на складиштето успеале да избегаат и да се скријат во градот. По овој наод, владата му наложи на Егзархиската црковна власт да привремено управува со манастирот, додека судовите се произнесат во спорот околу владеење на правото. Бугарите од околните села, кои дотогаш немале пристап до манастирот, побарале вечерта во пресрет на митингот да го посетат манастирот, но се соочиле со вооружен отпор од анхијалските Грци. Пресретнати од пушчени истрели, тие се вратија. На 30 јули, жителите на истите села се упатија кон градот за да учествуваат на најавениот митинг, но кога се приближуваа до градот, тие повторно беа пресретнати со пушчана стрелба. Неколкумина паднаа ранети. Нападнатите отстапија, поголем дел од нив, огорчени, се вратија вооружени и пред самиот град се заврза права борба.

Грците, потиснати од своите позиции, отстапија во градот и се затворија во неколку институции, а најмногу во црквата, каде имаа складирано значително количество оружје и муниција. Борбата се пренесе на улиците и пред црквата. Малата единица на жандармеријата се покажа немоќна да ги растера борците. Попусто и околискиот началник ги охрабруваше обсадените да престанат со пукањето за да се ослабне огорченоста на напаѓачите и да се стави крај на крвопролевањето. Грците им одговорија на повиците со посилен оган.

Во меѓувреме, во една куќа избувна пожар. Силниот ветер помогна брзо да се рашири пожарот, бидејќи гоголем дел од куќите беа дрвени. Но борбата не запре. На апелите на околискиот началник да ја прекинат стрелбата за да ја организираат спасувачката служба, опсадените пак одговараа со стрелба. Тогаш власта ги напушти завојуваните страни и продолжи со спасување на луѓето кои се бореа со огнената стихија. Противпожарната команда од Бургас и едно војничко одделение пристигнаа на коњи, но огнот продолжи да се проширува. Вечерта, околу осум часот, пристигна од Карнобат, каде што се наоѓаше логорот на Бургаскиот гарнизон едно големо одделение на војска. Тогаш Грците се предадоа. Сепак, огнот беше конечно потиснат дури другиот ден утрината.

Билансот на овој судбоносен ден за Анхијало беше следен: 14 лица загинати, од кои 4 Бугари, 733 згради (од вкупно 1147) изгореа, меѓу кои и окружната администрација, телеграфската станица, скоро сите други државни институции, заедно со архивите, грчкото училиште, бугарското училиште, една џамија итн.

Уништувањето на мал расцветан град со 5.300 жители (4.500 Грци и 800 Бугари) го возбуди јавното мислење и владата. Министерскиот совет, собран на 30 јули, вечерта, обезбеди како прва помош 100.000 лева за настраданите во Анхиало, нареди да се испратат веднаш шатори и нареди да се организира акција за итна помош. Министерот за внатрешни работи Дим. Петков го посети опожарениот град, анкетираше сам за настаните и ги утврди загубите, материјални и човечки, кои во првиот момент беа објавени од некои весници и испратени телграфски надвор во преувеличена форма. Две недели подоцна, владата одлучи да ги изгради на државна сметка, пред да дојде зимата, живеалишта за граѓаните кои останаа без своите домови. Истовремено со акцијата за помош, беше извршена потрага по поттикнувачите и главните виновници за катастрофата. Бургаскиот окружен управител, секретарот на окружната управа и анхиалскиот околиски началник беа отпуштени, зашто не предвиделе и навремено не предупредиле за судирите и следните несреќи. 94 Грци беа ставени под истрага за немирите и 24 Бугари за кражба. Судската власт доби несоборливи докази за вината на анхиалскиот владика Василиос, како еден од најпознатите главни поттикнувачи за вооружени отпор и проколнуван од настраданото грчко население, како причина за нивната несреќа.

Брзите мерки на владата беа прифатени со општо одобрување на домашната јавност и направија добар впечаток во странство. Тие, сепак, не беа во можност да го избришат лошиот ефект од анхиалската катастрофа, без која повеќе претходните делумни настани не беа многу позначајни од допуштените во Романија и не претставуваа нешто необично во Европа при сличен наплив на националните страсти. Владата оправдано се обвинуваше во недостаток на предвидливост и дури за обична полициска будност и за остранување на причините. Тоа не презеде строги мерки против познати елементи, не многу на број, кои успеаја овде-онде да ја вовлечат толпата во лоши дејствија. Треба, сепак, да се признае дека во оној момент на сенародно возбудување против андартската крвожадност и против грцизмот воопшто, едвај да беше бугарска влада способна да го штити редот и законот, преку стрелишта и со цената на бугарската крв. Таквата влада ќе се распаднеше под тежината на народниот гнев и народните клетви. Но непредвидливоста и небрежноста на кабинетот Р. Петров се покажаа многу повеќе во однос на водачите на елинизмот во Анхиало. Под носот на неговите органи анхиалските Грци се приготвуваа френетично за вооружен отпор. За овие подготовки и за стравотиите кои имало да настанат ако Бугарите се решат да отидат во анхиалскиот манастир или да направат митинг во градот, пишуваа со нивнта појава со благослов и атинските весници.

Дури и по заробеното оружје во манастирот, владата не се обиде да ги пронајде организаторите на отпорот, а во денот на митингот владата го остави гратчето без доволно полициска и воена сила, така што Грците можеа непречено да излезат со оружје и да ги спречат со стрелба бугарите кои доаѓаа од селата - нешто, без кого немаше да има битка или катастрофа.

Големата одговорност на тогашното бугарско влада лежи, во стварност, на друго место. При изобилно повеќе големи основи, софиската влада стоеше со скрстени раце додека букурещкиот кабинет дејствуваше и по дипломатски пат - обвинувајќи ја отворено Грција за андартските зверства над македонските Власи, и преку легални репресалии спрема Грците кои живееја во Романија. Наместо да се следи примерот на заддунавската сосед, државната власт во Бугарија претпочита да се скрие зад неоддговорните маси и се дојде до немири, од кои побудите и целта на противогрчкото движење беа до одреден степен помрачени.

За среќа, анхиалската несреќа не беше последната манифестација на противогрчкото движење. На 5 август, се одржа во Пловдив всенароден собор, со учество на близу две илјади делегати на "Бугарски родолљубец" и други друштва и сојузи од цела Бугарија. Сваќајќи го противгрчкото движење како една од многуте несносни манифестации на турскиот режим, соборот го заокружи македонското прашање во неговата целост и изработи еден проект за резолуција, со која определи вистинскиот смисол на противогрчкото движење и им посочи на надлежните фактори средства за неговото радикално решение. На разгледаниот ден се одржа величествен всенароден митинг, на кој присуствуваа околу 20.000 граѓани од Пловдив и околните села. Ниту еден инцидент не го наруши редот и мирот. Втората престолнина на Бугарија помина два празнични дена на општонародно воодушевување и солидарност. Прифатената Резолуција на митингот - образец на политичка умереност и трезвост, ги содржи следните точки:

Се поканува бугарската влада да ги употреби сите средства, со кои располага народот, за строго спроведување на чл. 23 од Берлинскиот договор; да прекине дипломатските односи со Грција и да употреби спрема грчките поданици во Бугарија сите репресалии, дозволени од меѓународното право. 2. Се констатира бескорисноста (?) на Мирцштегските реформи. 3. Се искажува жал за актовите на нетолерантноста на дел од Бугарите предизвикана од страна на Грците, при сета толерамција за која Бугарија дава докази откако суштествува политички. 4. Се поканува бугарскиот народ да ги направи сите материјални жртви кои се потребни за постигнување на спроведувањето на чл. 23 од Берлинскиот договор.„

Инаку, членот 23 од Берлинскиот договор предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на Турската империја. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската. Членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, би добила политичка автономија, која ќе стане водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободително и револуционерното движење во земјата. Со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Турската империја...

(продолжува)

 

На прво место

News image

Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските нацио...

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.