Сабота, 02 Јуни 2018   
Сé што фативте, го унакажвте и уништивте!
ЦЕЛА ГОДИНА “ЖИВОТ”

ЦЕЛА ГОДИНА “ЖИВОТ”

Цела една година помина, откако партијата која во изборната кампања лажно ветуваше “живот за сите”, ја устоличија на власт. И формираа Влада, на сила – неизбрана, ненародна, насадена како страшило на колец. И почнаа да владеат, на ист начин како и што ги насадија. И, се што кажаа, за се излажаа!

Побрзаа да реализираат туѓа платформа, за која сегашниот премиер даде и писмена гаранција дека не постои таквата. Со чин на силување, на шверцерски начин, изгласаа Закон за употреба на албанскиот јазик, како втор јазик во државата, спротивно на уставот. Ослободија правосилно осудени лица за убиства, од случаите “Монструм” и “Сопот”. Финансираат песни за учк и манифестации кои величаат друга држава. Ги вклучија “загрижените” Бујар Османи и Артан Груби во “решавање” на спорот за името на државата…

Па, продолжија преку самоодрекувањето од македонскиот јазик, македонската историја и македонското малцинство, со потпишување на понижувачки договор, наводно за “добрососедство” со Бугарија. Резултатите од договорот се веќе видливи и доволно е да се прочита поранешниот бугарски амбасадор кај нас, Анѓел Димитров, кој веќе најавува блокада за нашите ЕУ и НАТО интеграции.

Засукаа ракави да ни го “решат” и името и тоа за севкупна употреба. Додека премиерот Зоран се договара со премиерот Заев дали ќе се менува уставот, синот Димитров – надворешен министер, скока од стол на стол по светските метрополи и се дава од себе да го фати клетвата на таткото Димитров. И да ни го сотре коренот, да ни го избриша идентитетот.

И, додека три пати аболицираниот премиер го расцветува судството како пупка, со подаништво и нарачани пресуди, пет европски (не било кои) држави му испратија не-лист хартија, на кој му напишале дека не само што ништо не сработиле, туку сега е многу полошо од порано. Во сите области. И, дека нема да добиеме датум за почнување преговори за членство во ЕУ.

Важно, Кочо донесе странска инвестиција и тоа грчка, државна, макар што мораше да си го продаде тешко спечаленото за таа цел. Го “реши” и Фени…

Оливер за МВР набрзина си набави 100 шкоди без тендер, од партиски другар. А за нерасчистените убиства и за наглото зголемување на грабежите и криминалот има време за решавање, понатаму некогаш, откако ќе им се зголемат платите на полицајците и ќе им се набават нови униформи. Важно Рада си постави лице без безбедносен сертификат за началник на военото разузнавање, а за војниците нема ни паштети за јадење.

И камионите и машините на братот наречен “Цементо” си вртат низ РЕК Битола. На некои другари им вртат и низ депонијата “Дрисла”, па им дојде идеја дека повеќе ќе вртат ако се носи ѓубрето и од струшката и тетовската депонија. Зградите во Скопје се поатрактивни за градење, отколку во Струмица. Но, затоа во Струмица, Свети Николе, Валандово… повеќе интересни се плантажите, па макар и за канабис. Штета што нема нови лиценци за оваа работа, инаку тој кој “не е етички да стане министер” ќе можеше да си доземе уште некоја. А, како тргнале кампањите, кај и да е, канабисот ќе може и во трафики да се продава…

За кратко време ја расшрафивте државата. И сé што ветивте, излажавте. Го уништивте значењето на зборот “Живот”!

Им ги замативте погледите на луѓето, им ја убивте надежта! Ги иселувате на сила младите од дома. Бегаат од вас, од вашите лажги, од вашата неспособност, од вашетобпредавсрво. Ја исцицавте и последната капка надеж кај народот!

Помалку штета ќе и направите на државата ако ништо не решавате, ако само се возите со “мерцедесот” или седите удобно во кожните фотељи и јадете на државна сметка.

Сé што фативте, го унакажвте и уништивте!

Оваа ваша насилно инсталирана власт, ненародна, неизбрана, е единствениот непријател на народот.

И да не заборавите. Брзо ќе дојде денот кога ќе одговарате за сите злодела, за сите нарачани пресуди, ослободителни или осудителни. Ќе одговарате за се, и за она што сега ве ослободуваат од вина и за тоа што не ви покренуваат постапки за криминалите, ама во секој случај ќе одговарате и за велепредавство. И ќе ви судат двата суда. И судот на народот и тој суд кој ќе биде вистински реформиран, не овој вашиот, партискиот и полтронскиот.

Колумна на Димитар Димовски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Европската Унија и НАТО не смеат да ви бидат алиби за штетни и погубни политики на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го подржиме нелегитимниот процес на СДСМ, на Зоран Заев и тесниот владин круг ...

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (64)

  ПТОЛОМЕЈ I НЕ ГИ СМЕСТИ ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ ВО АМОН, КАКО ШТО БЕШЕ ЖЕЛБАТА ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.