Среда, 06 Јуни 2018   
Македонскиот народ му даде црвен картон на Зоран Заев

svekrva-nova
Свекрва

На Саботниот митинг, предводени од најголемата опозиска партија ВМРО ДПМНЕ, околу шеесет илјади Македонци се собраа пред Владата на Македонија да и порачаат на актуелната власт предводена од Зоран Заев да си замине во историјата додека не направиле поголема штета на државата. Покажувајќи непокор пред уцените, заканите и прогонот на оваа ненародна власт, македонскиот народ побара прекин на понижувачките преговори со Грција и му покажа црвен картон на владата на Зоран Заев.

Владата на Зоран Заев од доаѓањето на власт речиси ништо не направи. Освен што ја втурна државата во авантуристичко решавање на проблемот со името од кое македонскиот народ може да го загуби своето име и идентитет и засекогаш да исчезне од картата на Европа, таа во овој период ја руинира економијата, здраството, судството и т.н. Ако оваа денешнава власт, порано пред да ги заземе фитељите, зборуваше за постоење на некаква заробена држава, дури сега навистина можеме не само да говориме туку и да ја почуствуваме таа не само заробена држава, туку и криминогена и коруптивна држава, во која Заев се‘ стави на распродажба.

Но, Mакедонија се разбуди.

И покрај огромните притисоци, закани и заплашувања, на повикот на ВМРО ДПМНЕ, македонскиот народ огорчен од сите понижувања што му се случуваа во последно време излезе на улица и даде поддршка за уривање на оваа нелегитимна, ненараодна и криминогена власт, како и за враќање на Македонија на вистинкиот пат.

Македонците гордо со крената глава излегоа како пролетен порој по улиците на Скопје и рекоа: НЕ за распродажбата на националните интереси!, НЕ за промената на уставот!, НЕ за промената на името и идентитетот на македонскиот народ!

Уште еднаш, ВМРО ДПМНЕ и македонскиот народ покажаа дека кога е во прашање Македонија не ја виткаат кичмата, дека како и своите претци не се плашат да го покажат својот непокор, а исто така дека се спремни на се и сешто кога е доведено во прашање битисувањето на ова единствено слободно парче македонска земја!

Масовноста на овој митинг, од кој народот му порачаа на Заев дека нема да дозволи тој да ги распродава националните интереси како да се струмички пиперки и патлиџани, ја изненади врхушката на власт, но и оние од надвор кои ја поддржаа да дојде на власт. Речиси да немаше влијателен медиум во регионот и светот кој не ја потенцираше масовноста на протестот и дека Македонија која е повторно на нозе бара нови избори.

Рекацијата на уплашената власт беше очекувана. Поединци почна да се закануваат со масовни бркања од работа, со уцени за уривање на споменикот на Александар Македонски и порта „Македонија“, а вицепремиерот Анѓушев рече дека честите избори не се добри за економијата.

Меѓутоа, народот веќе не се плаши, не се навлекува на веќе видените сценарија и лажните ветувања. Тие не ја заборавија ни шарената револуција, ни офарбаните институции, ни нејзиното влијание на економијата, ни за ветувањата на актуелната власт за просечни плати од 500 евра, на лекарите од 100.000 денари, ни за нови иневестиции.

Македонецот веќе одамна сфати дека т.н. бомби и фарбата која ја фрлаа беше само фарса за да дојдат на власт, не за да го подобрат животот на народот во земјата, туку само за да ги распродаде нациналните интереси.

Исправен пред ваквата можност, Македонскиот народ излезе на улица и рече не за промена на Уставот. Македонецот јасно кажа дека не сака по цена на своето име и идентитет да стане членка на ЕУ и НАТО.

Македонскиот народ на овој митинг испрати јасно предупредување до актуелната власт да не си игра со националните чуства на народот кој опстојал со векови под Римска, Византиска, Турска, Грчка, Српска и Бугарска власт.

И покрај сите обиди за истребување и асимилација на Македонците, на никого не му успеало целосно да го спроведе во дело, па нема така лесно да му успее ни на Зоран Заев.

 

На прво место

News image

Европската Унија и НАТО не смеат да ви бидат алиби за штетни и погубни политики на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го подржиме нелегитимниот процес на СДСМ, на Зоран Заев и тесниот владин круг ...

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (64)

  ПТОЛОМЕЈ I НЕ ГИ СМЕСТИ ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ ВО АМОН, КАКО ШТО БЕШЕ ЖЕЛБАТА ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.