Недела, 10 Јуни 2018   
На Македонија му треба Претседател како Никола Груевски

2Манојил (Мане) Јаковлески

На Македонија му треба Претседател како Никола Груевски, кој заедно со својата партија ВМРО-ДПМНЕ, има визија, знаење и умење да го води македонскиот “брод“ низ немирното море, чии бранови од разни сфери на влијание се судираат тука во Македонија. Проверено! Докажано!

Македонија која е определена кон пазарната економија направи напор за промовирање на националниот интерес, како и вмрежување во меѓународните структури и центри кои имаат влијание врз овие процеси.

Тогаш опозициската СДСМ, како внатрешен елемент, откако првично политички и безбедносно ја дестабилизира земјата, сега се обидува и економски да ја блокира државата. Црвената елита со помош на надворешни сили и домашни петоколонаши, ја запусти Македонија.

Всушност се потврдија претпоставките дека со влегувањето на СДСМ во власта ќе создаде хаос и ќе биде спротивно од интересите на државата.

Истовремено, тие го покажаа правото лице, како ја замислуваат иднината на земјата. По предвремените избори во април 2016 година всушност воведоа диктатура и државна цензура, спротивно на она за што јавно се декларираа дека се за слобода и демократија.

Ваквите неконзистентни ставови покажуваат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не е сериозен политичар кој може да ги брани интересите на македонскиот народ и држава. Исто така, тие укажуваат дека тој работи исклучиво за свои лични интереси и дека во даден момент може да предизвика војна и поделба на земјата, што претставува политика погубна за Македонија.

Штетата која Заев ѝ ја прави на Македонија е огромна и за жал поради надворешна поддршка таа не е санкционирана. Но ако тоа сега не може да го направи ВМРО-ДПМНЕ, многу брзо народот ќе го направи тоа. Народот памети, не заборава.

Македонскиот народ кој го издражал римското владеење, византискиот притисок, османлиското ропство, балканската тиранија, никогаш нема да се помири со оние кои сакаат да му го одземат името, јазикот, идентитетот и природниот стремеж да биде слободен стопан во својата куќа.

Од осамостојувањето на земјата речиси да нема период кога СДС е на власт, а да не започне активности за разнебитување на македонскиот народ и држава. Тажно е што ова не допира ни до малиот мозок на елитата која е дел од потесното раководство на СДС. Челниците на СДС започнаа активности кои имаат за цел да го раздразнат македонскиот народ, да ја нарушат неговата доверба кон институциите на системот.

Ни денес не се штедат средства за да се затвораат Македонците кои не сакаат да се откажат од своето име, јазик, идентитет.

Обидот на сценаристите преку Зоран Заев да ловат во матно се покажа како неуспешен. Иако добро извежбан од своите спонзори, сепак лошиот глумец, со серија грешки го покажа вистинското лице.

Во нивните постапки нема трошка патриотизам, нема размислување за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапки. Тоа се луѓе кои одамна се откажале од интересите на соспствената држава, за туѓи и за лични интереси.

Македонскиот народ, кој добро ги познава слабостите, грешките, но и предностите на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, припадник на коалицијата или опозицијата, симпатизер или загрижен граѓанин за судбината на Македонија, со своето масовно присуство на последниот митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ му дадоа силен ветер на партијата да истрае во одбрана на исконското библиско македонско име за кое во минатото загинаа илјадници Македонци.

Македонскиот народ кој е свесен дека кај раководството на СДС на чело со Заев може лесно да помине секакво барање од надвор, силно кажува НЕ на обидите на Заев за дестабилилизација на земјата и трговија со името.

Народот, како што во минатото изјави почесниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски „бара од политичарите да бидат одговорни и да им понудат излез, извесност, иднина, проекти, програма, конкретни мерки, работни места, повисок стандард, остварени ветувања, кои ќе значат подобар живот за граѓаните и повеќе можности за секој од нив“. Затоа обидите на СДСМ да ја воведат земјата во криза бараат сериозен одговор и наскоро ќе има одговор“.

Тоа значи ќе има одговор. Сериозен одговор од македонскиот народ!

Единствено во овој момент кој преставува пречка во распродажбата на националните интереси на државата е ВМРО-ДПМНЕ, зад која стојам не само јас како еден од основачите на партијата, туку и огромен дел од македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од состојбата во која ја турка Зоран Заев и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Во тоа нема да ја спречат никакви маргинални платени политичарчиња и новинарчиња.

Во овие тешки времиња за Македонија, почесниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со лавовско македонско срце, даваше и ќе продолжи да дава се` за Македонија.

Но, исто така сакам да потенцирам дека Никола Груевски ја има мојата безусловна поддршка да биде кандидат и иден Претседател на Република Македонија.

Претседателе Никола Груевски, ја имате мојата целосна подршка да бидете кандидат и иден претседател на Библијска Македонија.

Македонците не ти забораваат!

МАКЕДОНИЈА, ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА. АМИН!

 

На прво место

News image

Европската Унија и НАТО не смеат да ви бидат алиби за штетни и погубни политики на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го подржиме нелегитимниот процес на СДСМ, на Зоран Заев и тесниот владин круг ...

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (64)

  ПТОЛОМЕЈ I НЕ ГИ СМЕСТИ ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ ВО АМОН, КАКО ШТО БЕШЕ ЖЕЛБАТА ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.