Среда, 20 Јуни 2018   
Грчко-романскиот конфликт во Македонија на почетокот на XX век!?

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

На почетокот на XX век Романија застана во редот на државите, како Србија, Бугарија, Грција и други кои се противеа на воведувањето на автономно управување во Македонија. Според изјавите на романскиот крал Карол во 1904 година, автономијата на Македонија била спротивно на романските интереси. Автономијата би ја спречила веројатноста за поделбата на Македонија, а заедно со тоа и возможноста за територијални компензации на романското Кралство која вршела притисок врз Бугарија за територијални остапки во Добруџа. Имајќи ги во предвид само интересите на Романија, а не и на македонските Власи, за кралот Карол Македонија била само монета за поткусурување.

Романската политика кон Македонија по Илинденското востание во 1903 година, ќе ги заостри односите меѓу Букурешт и Атина до работ на војна, која сигурно би се случила доколку двете држави биле соседи. Нивниот судир имал штетен одраз врз понатамошниот тек на ослободителната борба на македонскиот народ, иако поголемиот дел на македонските Власи им се придружил на Македонците. Опишувајќи го грчко-романскиот конфликт на територијата на Македонија, македонскиот револуционер, публицист и историчар Христо Силјанов во продолжение на своето дело „Ослободителните борби во Македонија“ пишува:

„Но, елементот дизајниран од ромaнската политика за (Македонија како) монета за поткусурување не би можела да ја одигра оваа улога ако таа е елино-влашка. Не е доволно, што тој зборува за некој вид влашки дијалект - неопходно е да му се влее и влашка национална свест. Токму тоа е задачата што ја постави романската држава, која за опстојувањето одделува големи суми во својот буџет.

Турската влада нема, се разбира, ништо против тоа, што врз арената на разните расправии и ривалства, која нејзината европска територија претставува, се јавува уште еден борец за црковно-училишните права. Толку повеќе што новиот фактор, се состои од мирни граѓани, ривали на Евреите по меркатилизам и од безопасни сточари по планините, а зад него стои една пријателска држава, чии балкански претензии можат да бидат непосредно опасни само спрема омразеното бугарско кнежевство. Благонаклонетоста на Турција, сепак, не е доволна. Правата на Власите треба да се подтврдат и од Патријаршијата, под која тие се од памтивек подчинети духовно. Првоначалните барања на романската влада се премногу скромни: мешана богослужба и свештеници, познавање на влашкиот, во влашките населби. Романскиот полномощен министер во Цариград Алекс. Лаховари, во напорите за договор со Фенер, се обидува со сите мирни дејствија, без да го испушти и тоа со златото, кое како искуство од Србите, веќе многупати ​​се покажало доста ефикасно. Со својата умереност Лаховари успеал само да ги зголеми несогласувањата во мешаниот синод и опозицијата против Јоаким III. Патриархот, во целосна согласност со атинското влада зазеде од самиот почеток остро  мислење против романската пропаганда....

Во март 1904 година Јоаким III, со окружно до владиците во Европска Турција, ја забрани употребата на влашкиот јазик во богослужбите и нареди да се стави крај на тоа "своеволие што влашкото население си го дозволи во некои места". Од влашка страна му се одговори дека неговата постапка е не само самоволие, но и злоупотреба на дадената духовна власт над православнитите населенија, и богохулство со Христовата религија. И сосем оправдано, бидејќи со окружно од 16 јуни 1889 година истата Патријаршија имаше дозволено делумна употреба на влашки јазик во богослужбата. Во април романската делегација побара официјално, со една промеморија до Патријаршијата, да им се даде право на Власите да формираат свои црковни општини под власта на месните грчки власти. Прецедентот за таков ред го дала самата Патријаршија: во Скопје, откако бил назначен Србинот Фирмилијан за митрополит, месните Грци формираа своја одделна црковна општина под духовната надлежност на Фирмилијан. Патријаршијата, сепак, го отфрли романското барање, без да обрнува внимание на многубројните приговори кои и 'се правеа и на противречностите во кои сама се обвиткуваше. Зар за прв пат таа шпекулираше со црковните канони? Не беа ли сегашните нејзини аргументи замаглување на апсурдите, со кои таа го оспори некогаш правото на целиот (славјански – н.з) народ да има своја богослужба и да учи на својот јазик? Во случајот со Власите, политичката сметка на "Великата црква" беше премногу проѕирна: "елиновласите" од Македонија и Епир кои живеат во соседството со Грција се сметаа за предопределен плен на елинизмот, кога Скопскиот санџак беше великодушно отстапен на Србија и таму фабрикувањето Срби можеше да биде само за да му се напакости на (македонизмот – н.з). Ете зошто, Патријаршијата, имајќи во управувањето двајца српски митрополити, не сакаше да слушне за влашки епископ и ги заплашуваше Власите со "шизма".

Романски министер Јон Братијано во една своја изјава за дописникот на Politische Correspondenz "(репродуцирани во. Independence Roumaine, 16. XI. 1904), за патријаршиската теза дека влашката богослужба и формирањето на влашки црковни општини било спротивно на црковните канони, ќе каже: " ... Патријаршијата.. она, што пред сѐ се занимава, е да му служи на грчката кауза. “

Ваквиот развој на настаните ќе ги заостри односите меѓу Букурешт и Вселенската патријаршија во Цариград, а индиректно и со Атина. Печатот во Атина, ставајќи се во одбрана на Патријаршијата, со навредливи зборови ќе ги нападне Романците и ќе ги наруши односите со Букурешт до крајни граници. Додека во Романците и Грците разменуваат тешки зборови преку печатот, андартските чети почнаа да ги напаѓаат и македонските Власи. Силјанов за овие настани,  како и за однесувањето на турските власти, ќе забележи: 

„Спротивставувањето на Патријаршијата се охрабруваше од целиот грчки печат. По наглото избувнување на омразата кон довчерашните романски пријатели, некои атински весници го закитија романскиот народ со епитети какви дотогаш се употребуваа спрема (Македонците – н.з.). Така весникот "Атон" ги нарече Власите "химерично чудовиште", а заддунавските Романци -" безцветна мешавина од Славјани, Готи, Хуни, Турци, Скити, Бугари, Цигани и безброј други варварски племиња, кои го узурпирале националното име на Римјаните". И понатака: "Надменоста и безобзирноста на овој народ, наречен романски, одат да докажат дека тој, при сета своја префинета надворешност, сепак останува истиот - варварски по инстинкти и дејствување нечист во методите и во разбирањата за обштествениот и политички живот".

Борбата, сепак, не беше ограничена само со размена на ноти и напади во печатот. Таа се пренесе и долу меѓу луѓето. Влашкиот свештеник Тодор во Битола не се придржувал кон наредбата на Фенер и продолжил да служи на влашки. Патријаршијата го анатемизираше и побара од власта неговото интернирање. Таа побара од власта да го отстрани романскиот митрополит Генадиј, кој дошол од Романија за да ги охрабри Власите и посетил неколку села во Битолско. Во мај, стотици Влашки семејства прогласија сами посебна црковна општина и за тоа донеле основачки чин. Нивниот пример делуваше заразно. Во текот на еден месец беа формирани триесет влашки општини во Македонија и Епир. Никнаа тука таму и нови влашки училишта. Во Битола, Власите веднаш почнаа да градат и параклис.

Однесувањето на турската влада се чини дека беше двосмислено во оваа борба. На почетокот таа ги прифаќаше романските барања за легитимни и фер, но и го штитеше образот на Патријаршијата, која и беше сојузник против (македонизмот – н.з). Така, Портата, преземајќи акција по патријаршискиот протест, нареди да се сопре изградбата на влашкиот параклис во Битола; но по интервенција на романската делегација, сепак, следеше нова наредба да продолжи изградбата. Но, месните власти ги поддржуваат Грците, кои имаат повеќе врски ... меѓу Турците. Благодарение на оваа двојност, понекогаш се случуваат трагикомични сцени. Не мина без такви сцени и осветувањето на влашкиот параклис во Битола. Бидејќи Патријаршијата одбиваше да нареди осветување на безбожникот храм, Власите го натоварија со извршување на обредот афоресаниот поп Тодор. Последниот, заедно со неколцина други влашки свештеници од селата го извршија, на 24 декември спроти Рождество, сами, осветувањето. Власта, известена од гркоманите, испрати еден вод жандарми за да го спречи противоканоничниот чин, но Власите веќе беа успеале да ја свршат надве-натри церемонијата. Наредниот ден, под наредба од Цариград, полицијата пак се појави и не им дозволи да служат. Впрочем, на крај на краиштата победи пак романското преставништво.

Непомирливата борба на Патријаршијата против романските барања од самиот почеток ги затегна официјалните односи меѓу Романија и Грција. Кабинетот во Букурешт поседуваше неоспорни докази дека иницијативата на Фенер беше поттикнато од Атина. Грчко-романските односи, меѓутоа, сосема се затегнаа кога дојдените од Грција андартски чети се нафрлија со оган и нож против мирното влашко население. Во февруари 1905 година, по неколку индивидуални напади врз градови, села и крстопато, андартите убија шест лица во селото Негован, меѓу кои и свештеникот Теодосиј и неговиот син. Битолскиот валија ги обвини (македонските – н.з) чети, но наскоро беше демаскиран од анкетата спроведена на местото од италијанскиот офицер Кастолди.

Андартите ги применуваа спрема влашкото население истите против(македонски- н.з) методи: испраќаа до селата писмени покани со ултимативни рокови да се вратат кон грцизмот, а потоа ги напаѓаа; земаа заложници, тепаа првенци, убиваа од заседа мирни патници, крадеа добиток и премногу често ги уништуваа масовно влашки стада. Владиците им кажуваа што да прават. Леринскиот владика, придружен од наставниците и преоблечени андарти, ги обиколи во месец август влашките села во Мегленско и ги предаде на аутодафе (ги запали како еретички) сите влашки црковни книги, свештенички одежди и сл. Најголемото злосторство во 1905 година е уништувањето на Авдела, родното село на Апостол Маргарит. На 27 октомври една голема чета влезе во селото (речиси празно, зашто жителите ја поминуваа зимата во Тесалија) и го запали од повеќе места: 133 куќи, 8 дуќани, црквата и училиштето изгореа, цело село беше срамнето со земја. Лошиот демон за Власите во Гребенско е митрополитот Агатангелос – каков што е Каравангелис беше за (Македонците – н.з) во Костурско.“

Злосторствата кои ги извршија грчката вооружена пропаганда врз Македонците и Власите, уште повеќе ги зближи двете заедници во заедничка борба за ослободување и создавање на автономна македонска држава. Турските власти и нивните грчки сојузници за да го разбијат овој природен сојуз одговорија султанското ираде од 23 мај 1905 година, со што Турција официјално го призна постоењето на романската народност и нејзино право да гради свои црковно-училишни општини. Меѓутоа, неуспешниот обид да се разделат Македонците и Власите доведе до ново одвратно однесување на грчкото духовништво во Фенер и нови зверства на андартите, што пак предизвика нов бран на незадоволство во Романија. За новото разгорувањето на грчко-романскиот конфликт Силјанов пишува:

„Влашките емигрантски организации и печатот, сочуствувајќи со македонските и епирските соплеменници.., ја потикнуваа владата за енергична интервенција. Полемиката во печатот беше исто во полн замав. Во одговор на романските закани со противогрчки мерки во Романија, атинскиот весник "Асти" пишуваше дека "Грците и Романците имаат само еден непријател – славјанството и против него треба да се насочат сите сили" и ја предупреди Романија дека со слични мерки "таа се препорачува пред светот како варварска земја". Друг атински весник "Тоа Кратос" пишуваше: "До сега Грците" правеа разлика помеѓу Бугарите и Романците и ја сметаа Романија за држава, кој се вбројува кон европските цивилизирани држави, а Романците - за народ од големата грчко-латинска раса и, следствено, лишен од дивите инстинкти кои го карактеризират Татаро-монголската бугарска раса". Романците, сепак, исправени пред грчкото варварство во Македонија, не се сметаат за должни да бездејствуваат во името на европската цивилизација. Еден голем митинг, свикан во Букурешт во месец Јуни, заврши со бурни противогрчки демонстрации и со извици за одмазда. Разбеснетата толпа влечеше едно бело-сино платно, кое го симболизираше грчкото знаме, во калта по улиците, го газеше со нозе и плукаше по него. Митинзи станаа и во други провинциски градови со грчки колонии, како Браила, Галац и др....

Романската влада не чекаше да избувне општествениот гнев за да започне да дејствува. Наместо да бара одмазда од Портата, поради нејзината неспособност да ги заштити своите поданици Власите од андартскиит бес, тогаш се сврте кон државата на чија територија се организираа и вооружуваа, со помош на власта, андартските чети. Доказ за вината на официјална Грција беше установена и беше обшто признат фактот дека поменатите чети беа составени главно од Критјани и грчки поданици и се командуваа од грчки активни офицери со дозвола одмор во странство. После една размена на ноти, при која атинското влада ја отфрли од себе секоја одговорност за дела извршени на странска територија, букурешкиот кабинет го насочи својот удар против грчките поданици во самата Романија,. Тој протера некои од нив, во таа смисла и уредникот на грчки весник "Патриот" во Букурешт. На овие мерки и на навредите нанесени на грчката нација, атинското влада возврати во месец септември кога го отповика на неограничено својот полномошен министер во Букурешт. Истото го направи и романската влада.

Ова е првиот чекор кон финалето. Понатаму, романската влада прибегна кон следните репресивни мерки: Го отфрли грчко-романскиот трговски договор; го откажа признанието на грчките општини во Галац, Браила, Гиургиу, Турн-Магурели, Калафат, Сулина и Костанца за правни личности; ги зголеми патентите и даноците на сите Грци што живеат во царството; ги зголеми таксите за грчките параходи при посета на романските пристаништа; го одзеде правото на грчкото олимписко друштво да води пред романските судови делата по наследството на грчкиот милионер Запас и др.


Војната со смртоносно оружје би следела неминовно како разврска на грчко-романското непријателство, ако меѓу двете земји не се наоѓаа териториите на други две држави... Цршејќи храброст токму од оваа околност, грчката влада го повлече, во септември 1906 година, целиот дипломатски и конзуларни персонал од Романија. Дипломатските односи меѓу двете земји конечно беа прекинати.“ – пишува Христо Силјанов во своето дело Ослободителните борби во Македонија

До каде одела грчката пропаганд во Македонија, може да се види и од овој пример кој го посочува Силјанов: „На 10 јуни, Христо Димитри починал. Домашните повикале влашки свештеник од село Гопеш за да го опее. Утредента грчкиот митрополит Јоаким Форопулос отишол во куќата за да ги предолмисли домашните на умрениот за да се изврши погребот со грчки попови. Јадосан од неуспехот, тој ги терал стражарите да ги уапсат неколкумината влашки учители кои се наоѓале кај мртовецот, оптужувајќи дека го навредиле. Во тоа време, се собрале околу триста Власи кои го ставаат во тесно владиката и тој бил принуден да бега низ прозорецот и да бара спас во соседната грчка болница. После ручекот се собрале пак гркоманите кои ја опколуваат куќата и не им дозволуваат на Власите да го дигнат покојникот. На 12 јуни прашањето беше изнесено пред месниот совет (идаре-меџлис) кој со 5 гласа (четири турски и еден на егзархискиот Митрополит Григориј) против три, пресуди дека треба да им се обезбеди на домашните да го погребат умрениот со каков свештеник сакаат. Гркоманите, сепак, охрабрени од полицијата, стоеја пред куќата и не му дозволуваа никому да му се приближи. Некои Власи биле нападнати и тепани. Во меѓувреме, прашањето дошло до Одделот за религии. Но наместо дозвола, на 13 јуни пристигнало од Цариград по телеграф ираде со кое се наредило мртвецот да се закопа од војници, без никаков свештеник додека прашањето биде конечна разрешено од Министерството за правда.“

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.