Среда, 20 Јуни 2018   
Без праведно решение за македонското прашање нема да има мир ни во Македонија, ни на Балканот!

svekrva-nova
Свекрва

Вечерта, по потпишувањето на договорот меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас на пристаништето на Нивици - Псарадес, од грчката страна на Преспа, со кој Македонија капитулира во спорот околу името со Грција и се согласи да се преименува во Република Северна Македонија за севкупна употреба, македонскиот народ масовно протестираше, при што дојде до судир со полицијата.

Светот вечерта имаше можност да види што е вистински режим и како се тепа сопствениот народ кој сака да си го заштити своето име и идентитет. За разлика од времето кога протестираа шарените против т.н. режим на Груевски, овој пат полицијата употреби прекумерна сила врз насобраниот народ, при што беа повредени стари лица, жени и деца, а новинари беа приведувани.

ЕУ која го поддржува договорот потпишан меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, немаше ниту еден збор осуда за полицијата која го тепаше својот народ, која со ништо не исправоцирана удри врз старци, жени и деца. Портпаролот на Европската комисија Коцијанчич само порача дека „Европската Унија е запознаена со различните ставови изразени во однос на договорот за спорот за името, и повикува различните ставови да бидат изразени на мирен начин“.

Реакцијата на народот е оправдана со оглед на нетранспарентноста со која актуелната влада предводена од Заев ги водеше преговорите со Грција. Македонците со овој договор со кој се откажуваат од историскиот континуитет од антиката, веќе не се народ туку граѓани на Република Северна Македонија. Македонецот при своја држава, остана без држава и стана граѓанин од втор ред, далеку под правата на другите малцински заедници.

Денес, според изјавите на актуелната власт, Зоран Заев и неговата хунта се сметаат дека се лидери и визионери, меѓутоа, ниту еден вистински лидер не го доведува својот народ во состојба, не само да го изгуби името и идентитетот, туку и да го подели, да го сврти еден против друг, и да ја доведе земјата пред дестабилизација, која некои соседи едвај ја чекаат. Односно да го доведе во прашање опстанокот на државата!

Впрочем за вистинските стремежи на македонското население, Европа знае сосем малку; а и тоа го знае изопачено. Најчесто не се зема во предвид, не се забележува токму тоа што е најважно кај македонскиот народ, неговото гледиште за независност на земјата и помирлива формула за балканските народи.

Меѓу македонскиот народ постои верба дека сите неразрешени или лошо решени прашања, отворено ќе се постават за разрешување. Тие веруваат дека и македонското прашање правилно ќе се реши, но не вака како што произлегува од договорот меѓу Заев и Ципрас.

Со тепање на македонскиот народ не се постигнува решение, туку се зголемува поделбата, која е најдобриот сојузник на секој злонамерен фактор.

Македонија не може да влезе во НАТО и ЕУ без сопствено име и идентитет. А историјата покажа дека без праведно решение за македонското прашање нема да има мир ни во Македонија, ни на Балканот!

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.