Среда, 04 Јули 2018   
Мисирков сакал да биде професор на скопскиот универзитет во слободна Македонија!

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

„Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во писмото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде професор на скопскиот универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зошто да ме лажат, тогаш самиот заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие историски времиња. Замислете си да се здружат заедно „мисирковштината" на господинот Крсте, „сепаратизмот" на Неговото Високопреосвештенство Теодосиј (Гологанов) и „автономштината" на господинот Петар Поп Арсов!“ - се вели во писмото на архимандритот Неофит, заменик на егзархискиот митрополит во Скопје испратено во 1910 година до Егзархот на Бугарската црква, Г. Г. Јосиф I Цариград

Обновата на Охридската архиепископија одсекогаш била тесно поврзана со борбата за национална афирмација која во минатото ја водел македонскиот народ. Не е случајно што и самиот Крсте Мисирков во своето капитално дело „За македонцките работи“ и посветил централно место, барајќи таа да биде обновена како самостојна македонска црква.

Сепак, најзначајно место во борбата за обновување на Охридската архиепископија има скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов. Овој егзархиски митрополит, роден во околината Неврокоп, веднаш по доаѓањето во Скопје почнал со акција за обнова на македонската црква. Веќе во 1891 година тој се отцепил од бугарската Егзархија и по пат на преговори, најпрво со Цариградската патријаршија, а потоа и со Римокатоличката црква со која постигнат договор и само се чекало одобрување на папата. Меѓутоа, здружените верско-национални пропаганди на соседните држави Бугарија, Грција и Србија успеале да го спречат во тоа, и тој со помош на турските власти бил спроведен во Цариград, а потоа испратен во прогонство во Бугарија.

Митрополитот скопски Теодосиј Гологанов никогаш не се откажал од својата намера. Во 1910 година, тој прави уште еден обид да се врати во Скопската епархија со помош на Петар Поп Арсов, што предизвикува паника во митрополијата на бугарската егзархија во Скопје.

Стравот на Егзархијата од Гологанов, Поп Арсов и Крсте Мисирков, кој сака да се врати во слободна Македонија и да стане професор на скопскиот универзитет, може да се види од писмото  на архимандритот Неофит, заменик на егзархискиот митрополит во Скопје. Тој во своето писмо од 25 јуни 1910 година (Изл. Нр 465) испратено до Неговото Блаженство Егзархот на Бугарската црква, Г. Г. Јосиф I Цариград, го известува за македонските национални пројави во Скопје за кои вели:

„Ваше Блаженство,

Од некое време наваму, како што веќе Ве известив неколку пати, работите во епархијата, а особено тука (во Скопје - б.р.) не одат како што треба. Епархискиот совет, кој, како што Ви е познато, се состои од првенците граѓани, реши да Ви испрати писмо во кое остро ја осудува кандидатурата на поранешниот скопски митрополит Теодосиј, и меѓу другото во протестот, по моја сугестија, пишува: „Револтирани читаме по весниците дека една група безочници сака по секоја цена да го натера населението - гласачите во Скопската епархија да го вратат типичниот инаетчија Теодосиј за митрополит на Скопската епархија. Тоа е истиот оној Теодосиј кој пред 17-18 години сакаше да ја оддели Скопската епархија од Егзархијата и да се прогласи за независен митрополит. За таа цел тогаш тој направи посебен печат во кој ги избриша светите за нас зборови „Бугарска егзархија" и напечати свои крштелни свидетелства, вули и други документи; не ги исполнуваше окружните писма и распоредбите на Егзархијата и друго. Меѓутоа, бидејќи во тоа време немаше такво антибугарско движење меѓу овдешниве 'Бугари, тоа и помогна на Егзархијата да го оддалечи навреме овој опасен расколник и на тој начин да биде зачувано единството на Бугарската црква во Турција. Сега истиот тој расколник, противно на егзархиските интереси, сака да си ја врати епархијата и да ја продолжи својата нечесна работа, да го разедини нашиот бугарски народ. Ние најостро протестираме против поставувањето на неговата кандидатура за скопски митрополит, бидејќи го навредува бугарското чувство на населението."

За жал, Ваше Блаженство, ако Епархискиот совет има такви луѓе со здрав разум, не е тоа случај со некои еснафски средини, кои се под влијание на учителот г. Петар Поп Арсов, кој си внушил во главата дека е водач на народот. Тој постојано зборува против Егзархијата и нејзиното началство, вклучувајќи ме и мене, и ги поттикнува еснафите да ја поддржат кандидатурата на митрополитот Теодосиј, зашто тој своевремено пострадал бранејќи ги интересите на Македонците.

Не е излишно да Ве известам уште за нешто за кое претпоставувам дека ќе претставува извесен комплот во сета оваа изборна пропаганда. Од некои членови на Советот разбрав дека Крсте Петков, оној што своевремено тргна со „мисирковштината", од некој свој роднина што живее тука, во Скопје, побарал да го поврзе со учителот Петар Поп Арсов во врска со собирање на песни за „Крале Марко" во скопската околија, а господинот Поп Арсов бил љубезен веднаш да се согласи. Ова Ви го пишувам, Ваше Блаженство, како едно оправдано сомневање дека тука оживуваат расколничките сили. Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во писмото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде професор на скопскиот универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зошто да ме лажат, тогаш самиот заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие историски времиња. Замислете си да се здружат заедно „мисирковштината" на господинот Крсте, „сепаратизмот" на Неговото Високопреосвештенство Теодосиј и „автономштината" на господинот Петар Поп Арсов!

На мислење сум, Ваше Блаженство, врз основа на протестот од Епархискиот совет /кој, впрочем, да се објави во печатот/ да се отфрли кандидатурата на Неговото Високопреосвештенство г. Теодосиј, со што би се избегнала една опасност од несетени размери за бугарското дело во Македонија.“

Митрополитот Теодосиј Гологанов извршил силно влијание врз младата македонска ителигенција и допринел да се разгори македонското национално чуство кај македонското граѓанство. Меѓутоа, неповолните политички услови за Македонија, имале негативни последициза македонскиот народ. Со поделбата на Македонија после Балканските војни, македонскиот народ оставен без своја држава и црква бил подложен на асимилација од страна на нејзините окупатори Бугарија, Србија и Грција.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје, 1981, стр. 468 - 469 )

 

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.