Недела, 05 Август 2018   
Да прашам, после победата на ВМРО ДПМНЕ на следните парламентарни, каде ќе се криете?

ФАШИЗМОТ НА ЗОРАН ЗАЕВМиленко Неделковски

ФАШИЗМОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ

Апсолутна карактеристика на секој фашистички режим и однесување на секој фашистички тиранин е владеење со помош на репресија. Измислици, обвинувања, монтажи, испревртување на вистината, тужби, притвори, затвори, пендраци, полициска тортура – се алатките на секоја фашистичка хунта, па така и на оваа незаконска и неуставна, а со самото тоа и ненародна Заев-Бејли тортура.

Прогласувањето за демократски чин демолирањето и палењето на канцеларијата на Иванов, а истовремено прогласување за врвен криминал искажувањето на општонародното незадоволство (на 27-ми април лани, и пред 3 дена во Крушево) нема друга дефиниција освен фашизам. Франкова Шпанија, Пиноче во Чиле, Вишиева франција, Мусолини, Хитлер, Пол Пот, Метаксас, Енвер Хоџа, пост Мајданска Украина и еве сега владеењето на Заев и Шекеринска се врвните светски егземплари за водење држава спротивно на интересите на народот во истата.

Една од главните карактеристики на фашистичките режими и на фашистите во нив е замолкнувањето на критичката мисла, јавно искажаниот збор, напишаниот текст, критиката… Во такви фашистички режими, поголеми фашисти од фашистите на власт, се токму оние што доаѓаат од фелата. Како што во наци концентрационите логори на Хајнрих Химлер најголемите и најбрутални чувари биле токму евреи, така еве и кај нас најголемите заговорници на забранување на јавен глас и слободна мисла се токму долгогодишните новинари и уредници. Ѓунер Исмаил би одамна да ја затвори Алфа, Зоран Иванов гласачите за уши ќе ги влече до гласачките кутии, Бранко Тричковски би ги убил апсолутно сите што не му се истомисленици, брат на судијка која е швалерка на судија пребројува и прави евиденција чии деца каде живеат низ светот како врвен “доказ“ дека нешто не е во ред… И се така едно по едно класично фашистичко однесување. Бај д Веј, и децата на Доналд Трамп живеат САД, па на овој што се чешла од зад уво не му пречи да биде најсрдечен пријател до Путин. И внуците на Доналд Трамп живеат во САД па на најмокниот човек на светот (хмммм) не му пречи да ги искаже сите фалби кон братот Ким од Северна Кореа.

Уште две карактеристики се заеднички за сите режими.

Едната е бруталната злоупотреба на државните ресурси и користење привилиеги што законски не му припаѓаат на корисникот. Во случајот на овој наш фашистички режим тоа се тендерите и повластиците за државните пари што ги користи вицепремиерот Анѓушев (да замислиме истото да го правеше Пешевски, на кое криво магаре ќе го качеа про-фашистичките медиуми на Героски),

потоа делење на пари од филмскиот фонд од криминалец пар екселанс каков што е Тозија, па “иновацијата“ за масовна корупција наречена фонд за иновација, па развозикување на млади курвичиња ќерки на МВР функционери со возила од 100.000 евра сопственост на МВР (знаете ли каква е комплицирана процедурата за излез на возило на МВР во странска држава?), па трошење пари за концерти на кои никој не доаѓа да се “весели“… И се така по ред.

И втората заедничка рабта на овие режими е што главешините и нивните извршиели завршуваат неславно, исплукани од народот и егзекутирани: Чушеску, Квислинг, Хитлер, Мусолини… Или пак, во поблаг случај блатени, бламирани, прогонувани како кучиња и оставен со за на век посрамтени поколенија, како Пиноче на пример.

Ако историјата на нешто не‘ има научено, а нели она е мајка на знаењето спротивно од тврдењето на западњаците “гледајте напред не назад“, е дека со репресија народ не се скротува. И најголема светска сила да е, народ не може да порази. Примерите на американците со Кореа, Виетнам, Сирија, Куба се премногу очебијни. Исто така примерот со СССР и Авганистан е уште еден доказ.

И еве да прашам, од есен, било кој владин претставник, чиновник ко Миле Бошњаковски или Коко Бојаровски, функционер ко Роберт Поповски или Марјан Забрчанец, министар ко Анѓушев или Тевдовски (нели фудбалер беше типот), премиер како Заев – КАКО ЌЕ СЕ ПОЈАВИ во спортска сала или на стадион заедно со народот да погледа утакмица? Во Крушево биле бранети од 400 полицајци, во салата Јане Сандански ќе им требаат 4.000 униформирани или од оние гнидите во цивил со ташничка околу врат.

И, второ да прашам, после победата на ВМРО ДПМНЕ на следните парламентарни, каде ќе се криете? После реформирањето на судството на кое инсистираат Тања Каракамишева, Иванка Василевска, Сашо Климовски и ред други загрижени но супер стручни научници од правната фела, каде ќе се кријат набрканите судии и обвинители, криминалците во темни костуми и вратоврски, продадените души…?

Миленко Неделковски

 

На прво место

News image

ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, екс министер и амбасадор

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.