Вторник, 07 Август 2018   
МАКЕДОНИЈО! Моја мила татковино, немој да се откажуваш

altЛамбе Арнаудов

ВМРО, чувај ми ја Македонија!

Бевте шестмина величествени, ја потресовте империјата распространета на три континенти.
Бевте шестмина предодредени, ја разбранивте и ја зачудивте цела Европа и сите слободоумни народи ги привлековте кон себе.
Бевте шестмина мудри и го восхитивте целиот свет.
Бевте шестмина одбрани, одбравте со добро да се борите против сето зло во светот.
Бевте шестмина храбри, охрабривте милиони млади, кои станаа верни следбеници на делото кое им го понудивте.
Бевте шестмина патриоти, поставивте и изградивте принципи, критериуми и начела на патриотизам до саможртва на сопствениот народ и татковина, незабележани и недостигнати вредности дотогаш.
Бевте шестмина родољуби, родољубието како пиреј им го всадивте во срцето и душите на сиот свој народ.
Бевте шестмина праведни, и правдољубивоста ја поставивте како цел од највисок дострел.
Бевте шестмина архитекти на слободата, вградивте темели на неосвоива тврдина и монументална градба што ниедна сила не може да ја сруши.
Бевте шестмина апостоли на верата во слободата и ја раширивте за две години повеќе од дванаесете сехфални апостоли и седумдесетте други апостоли за двеста години ширење христијанство.
Бевте шестмина добри, и нè научивте дека само малкумина, макар и само еден добар човек, може да се спротивстави на сиот лош систем и да го победи.

На нашата страдна Македонија дотогаш, со векови заробена во темната катакомба на тиранијата, им ги подаривте светлината, убавината, озонот и водата, основните елементи на слободата и нè уверивте дека и ние ќе живееме слободни како сите други народи.

Вие бевте нашите учители и просветители, кои го препознаа и нам ни го посочија непријателот, чија полтика секогаш оди заедно со злото, предавствата, кодошлокот, заговорите, лагите и пусти пари, пусти останале.
Ама и нè научивте дека патриотизмот е највредната и неменлива валута од сите пари на светот.

Искрено како што им доликува на вистински синови на својот народ, ни кажавте дека успесите ќе ни ја зајакнуваат радоста, ама чесно нè предупредивте на повремени порази и нè научивте да ја ублажиме тагата и да ја трансформираме во уште поголема верба во нашата борба за постигнување на конечно поставените цели.

Направивте организација, беспрекорно функционална, поорганизирана од многу европски држави, препознатлива по својата бескрајна верба, по големината на вистинското добро, што го правиме со љубов за својот народ и татковина и ни поттикнавте силна и праведна интуиција кон сите оние кои масовно ви се приклучивме, недвосмислено убедени, дека сме го одбрале вистинскиот пат во одбрана на човековите права и слободи на сите европски поробени народи. За дванаесет саати бевте способни да мобилизирате стотици илјади елитни војници. Се боревте храбро и одважно, непрашувајќи за кого, само да се добие слободата и на крај секогаш бевте по правило изиграни од оние за чии интереси ги извојувавте победите.

ВМРО, заради сите овие високодостигнати дострели и вредности, чесност и лојалност, сите го сакаа на своја страна. Сите го почитуваа, го бараа, преговараа и беа среќни ако го имаа за сојузник.

ВМРО, мирно и достоинствено на сите им одговараше: “Нашиот единствен сојузник е нашиот народ. Ако народот наш го сакате искрено за ваш сојузник, тогаш и ВМРО ќе го имате сојузник на сојузниците.“

Познато е, големите сојузи и алијанси почиваат и опстојуваат на начелото на неправедноста кон малите народи, и ако некој се обиде да ги заштити своите интереси кои природно му припаѓаат, поставуваат ултиматум кој гласи: И ти си во право, и ти си право, ама ќе биде јас како што ќе кажам, и затоа ако не си со нас неправедните, ти вистинскиот праведник, си против нас и те прогласуваат за најнеправедник.

ВМРО вековно опстојува врз трите свои основни принципи од кои никогаш нема да се откаже.
Првиот: до последна капка крв ќе ги брани својот народ и својата татковина.
Вториот: ВМРО не трпи да го лажеш и лагата никогаш не ја простува.
Третиот: не дај Боже да му се закануваш или да го уценуваш ВМРО. Тогаш си готов, тешко тебе!

Заради овие свети боженствени човечки принципи постојано беше принуден да го брани сопствениот народ во војни – локални, балкански, светски – го одржуваше духот на македонизмот, на македонските патриоти, поеднакво и кога беа масакрирани од крвниците на караѓорѓевиќи и уште поголеми крвници југокомунисти.

Маките и страдањата да не ги набројувам, познати ви се на сите, не го поколебаа ВМРО да го сочува духот и со уште поголема жестокотст да ја продолжи борбата и да го исполни поставеното ветување пред својот народ за остварување на вековниот сон и созадавање на суверена, самостојна, независна и демократска држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Држава за длабок наклон заради положените стотици илјади млади животи, заради истрајноста, вербата и праведноста, и најмногу заради почитување, негување, градење и одржување на своите национални обележја и вредности: држава, народ, име, јазик, идентитет, историја и посебност.

Големината на Македонија стократно се зголемува и заради тоа што сето ова го постигнува никогаш на штета и сметка на друг народ или народност. Македонскиот народ е народ кој никогаш не покажал ни грам непријателство или нетрпеливост кон други народи или малцинства ниту некогаш загрозил човечки права и слободи.

Се прашувам. Тогаш зошто? Зошто направивте ваква досега во историјата невидена и единствена коалиција, најмодерно военотехнички, технолошки и политички обединета, со повеќе од една милијарда луѓе против мојата татковина, која едвај има население колку што вие имате генерали, адмирали и маршали, за војска не сакам ни да помислам. Каде ви е принципот, на кој ви почива консензусот за прекумерена употреба на сила кон послабиот? Не сум видел досега понерамноправна борба, каде што милиони луѓе напаѓаат еден човек.

Нерамноправноста се зголемува по геометриска прогресија, кога се знае дека нападот е вперен против ВМРО, која единствена застана во одбрана на татковината, народот, името, идентитетот, историјата и посебноста, во одбрана на досега најнеоправданата нација на светот, македонската.

Не ми треба одговор! Не ви верувам! Лажговци сте со тапија!
Одговорот го знаат сите слободољубиви и правдољубиви луѓе. Го знам и јас. Овие декадентни таканаречени принципи ќе испарат. Ќе дојдат вистинските. Затоа што ако остане вака, ќе исчезне човештвото. ВМРО е на правата страна, ќе победи, ВМРО е Сонцето на македонската слобода.

Вие сте веќе историја. Сè уште ја пишувате победнички. Но таа не е ниту вистинска, ниту конечна.
Многу скоро ќе се убедите дека во борбата помеѓу неправедната историја од една страна и изворот на животот, светлината и топлината од друга, Сонцето, сте неважни, минорни и беспредметни, и затоа сигурно ќе бидете поразени.
Затоа, додека уште има време, апелирам и ве замолувам. Поседувате огромен потенцијал на сила ама и разум, имате голема акумулација на вештини за преговарање. Само треба, паралелниот монолог, што го практикувате како ваш бренд и регистриран патент, да го замените со дијалог. Партнерот ви е познат. ВМРО. Со ВМРО многу тешко се преговара, заради почитување на своите принципи што ги негува, но откако ќе се постигне договорот, никогаш и по никоја цена не отстапува од договореното. Прошетајте малку со вашата машина за патување низ времето и веднаш ќе ви биде јасно, кој е вистинскиот партнер, кој достојно разговорите ќе ги приведе при крај на задоволство на сите страни, а без најмала штета по никого.

Штета ќе има секако. ВМРО нема да ја предизвика. Сами на себе си ја направија. Сите предавници ќе ги стигне казната и тоа онаа најтешката, самоказна. Презрените коцкари, измамници, кои грубо влегоа во партијата покер и во која како влог во потот го поставија сопствениот народ, името во сур, а јазикот во ресур, ќе бидат отфрлени од сите дури и од своите најблиски. Оставете ги сами да се дават во својата пропадната совест. Ќе има и дополнителна штета. Македонија ќе се изложи на буџетски трошоци од хумани причини. Ќе мора да отвори голем број психијатриски прифатилишта и таму да ги собере за да не шетаат избезумени, обезглавени и презрени по улици и да бидат предмет на потсмевање на нивните браќа, сестри, граѓани и пријатели, затоа што во незапирливиот налет на психолошка пореметеност или нескротлива лакомост по пари сакаа да го уништат својот народ до вечно исчезнување. Нема бегање. Дојдено е времето за тоа. Видовте како поминаа предавниците во Крушево, ама тоа е само почеток. Предавниците да се сокријат и во рогот од биволот, народот ќе ги пронајде. Тие се најгреота и не занимавајте се со нив!

МАКЕДОНИЈА НЕУНИШТЛИВА. Неуништлива е затоа што го има ВМРО и ГОСПОД. Охридскиот Светец и Чудотоворец Свети Наум, кога после сите направени добрини на земскиот свет, преминал кај Господ, Господ се нашол во голема невоља. Тогаш владеле честити времиња. Рајот бил преполн, а пред рајските порти многу праведници, меѓу нив и Свети Наум. Тогаш Господ му рекол: Науме, за тебе немам место во Рајот. Затоа еве ти тебе Рај на Земјата, еве ти ја Македонија. Ако не ми верувате, проверете ги границите на епархијата со која раководел епископот Свети Наум, ќе видите дека се совпаѓаат со етничко-географска Македонија. А Рајот е вечен.

Малку е познато, дека во Рајот престојуваат најголемите предавници, за да ја доживеат најголемата казна. Таму нема кого да предаваат и најмногу се измачуваат, повеќе дури и од оние кои горат во вечниот оган на вистинскиот пекол.
На крај нешто за најревносните кумови, за кои искрено признавам, дека со светот несебично поделиле многу убавини, за што сум искрено и бескрајно благодарен.

Господа Американаци, ние Македонците, како и вие и вашите сојузници се крштеваме во Црква, не на референдум. Не многу одамна, во 1860 година, завојувавте вие против вие, заради задоцнета банална глупост. За укинување на ропството, кое цивилизираниот свет го укина пред повеќе од илјада години. Се боревте северњаци против јужњаци. Победивте вие северњаците. Зошто тогаш не се крстивте Северни Соединети Американски Држави, за да не ги загрозувате територијата, јазикот, идентитетот и името на Јужните Соединети Американски Држави? Затоа што сте исти. Во 1865 година постигнавте мир и можевте ова да го направите за да служи за пример, како што сега нè учите нас.

Продолжувате во ист стил и после стопедесетитри години. Имате над сто милиони афро-американци, имате уште стотина милиони латино-американци. Зошто на афро-американците не им дадете Афро-американска држава, афро-американски идентитет, афро-американски јазик? Зошто на латино-американците не им дадете Латино-американска држава, латино-американски идентитет, латино-американски јазик? И со тоа да ги одбраните вашите загрозени највисоки државни и национални интереси, како впрочем што е Грција загрозена од нас Македонците. Имате и Кинези, и муслимани, а да не зборувам за италијанците кои го донесоа најубавото во Америка, не сакам да споменам како погрдно ги нарекувате. Сè е јасно.

Неправедни сте. Ама сте силни. Но не заборавајте, не сте најсилни. Најсилен е најправедниот. Добро го познавате. ТОЈ е ОНОЈ, кој вие лицемерно го заменивте со вашиот нов бог доларот и го иконизиравте на вашите зелени светилишта каде се поклонувате. Ама вистинската Божја сила е тајна, невидима и непобедлива.

ВМРО немој да потфрлиш сега! Сега е твоето време! Зошто? Затоа што си ВМРО и си најсилна и најмудра кога е најтешко.

МАКЕДОНИЈО! Моја мила татковино, немој да се откажуваш. Нека не те залажуваат душманите и слабаците. И најмалите инсекти имаат во себе многу повеличенствени, поефикасни одбранбени механизми и вредности, со кои ги победуваат најмоќните насилници.

 

На прво место

News image

ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, екс министер и амбасадор

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.