Среда, 15 Август 2018   
Оружјето не знае за етнички исклучоци

27545236 919358504896126 749679060259281131 nЉубомир Цуцуливски

РАДИКАЛНИ ЕГОИСТИ И СОЛИПСИСТИ.

Кога албанските политички лидери одлучно тврдтат дека ако резултатите од Референдумот нема да бидат според нивниот ќеиф (влез во НАТО) и дека во таков случај не можат да ја гарантираат стабилноста на Државата, ниту лојалноста на етничките Албанци кон Република Македонија, всушност кажуваат кој ќе ја предизвика дестабилизацијата.

Тоа, според нив, би биле етничките Албанци, неводејќи сметка дека во македонската држава не постојат само Албанци и дека во неа постојат различни интереси (како и меѓу самите Албанци) и дека сите интереси (чии и да се) мораат еднакво да се почитуваат, а не да се оди со радикализираната теза „Или сѐ ќе биде по мое или сѐ ќе отиде...“

Вака може да размислуваат единствено луѓе кои се несоцијализирани и без чувство за постоењето на другите. Значи, кои се радикални егоисти и солипсисти.

Од друга страна, тврдејќи дека не можат да ја гарантираат лојалноста на македонските Албанци (изјава на Исмет Рамадани) Албанците ги третираат како несвесна и послушна маса, која е нивна сопственост и која на секој нивен повик позитивно ќе одговори.

Од трета страна, овие лидери (ако воопшто се тоа) не водат сметка дека ако дојде до немири и евентуални судири, тогаш во нив нема да бидат вклучени само некои. Во тој случај, ќе страдаат сите – и Македонците, и Албанците, и Србите, и Турците, и Власите, и Ромите..., бидејќи оружјето не знае за етнички исклучоци и тоа треба да им го кажат на „своте“ Албанци. Односно, овие лидери треба да научат дека силата/насилието само сила/насилие раѓа и дека тоа не знае за исклучоци.

И, конечно, треба да го прочитаат барем Хераклит, кој со презир гледал на оние кои мислеле дека од крвта со крв можат да се очистат, бидејќи тоа е исто како да се мисли дека од насилието со насилие може да се ослободат.

 

На прво место

News image

ПОВТОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО на РМ

  ПОВТОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО на РМ  

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

Македонија е македонска – здравиот разум го налага тоа

Македонија е македонска – здравиот разум го налага тоа

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (19)

ЕСМИНИ ТУРНЕИ НА МУЗИЧКИТЕ СЦЕНИ ШИРУМ СВЕТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (5)

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ЦЕРЈЕ“ КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ „КОКИНО“...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.