Среда, 05 Септември 2018   
Македонскиот народ на 30 септември ќе го бојкотира референдумот

MN MK
Македонска нација

По осамостојувањето во 1991 година, странскиот фактор индиректно или директно почна да се меша во внатрешните работи на земјата. Во клучните моменти за македонскиот народ, под нивно патронство се носат одлуки кои често се спротивни на интересите на македонскиот народ и држава.

Враќајќи го времето на назад, доаѓаме до еден од нај еклатантните примери за нивното мешање.

За оние кои заборавиле да ги потсетиме на референдумот од 7 ноември 2004 година, кога граѓаните се изјаснуваа во врска со новоусвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија од страна на СДСМ.

Тогашниот министерот за европски прашања во британскиот Форин офис Денис Мекшејн по состанокот со Бранко Црвенковски побара од македонските граѓани да не излезат да гласаат на референдумот, туку да си останат дома. Тој пред Собранието на Македонија, покажувајќи на часовникот, ќе изјави:

"Секоја земја има мошне едноставен избор: вие или го навивате вашиот часовник напред, или го враќате назад. И ние мислиме дека гласањето на референдумот ќе го врати назад часовникот за Македонија, а тоа не е правецот во кој ние сакаме да одат луѓето. Не враќајте го часовникот назад. Ги разбирам стравовите и грижите, но на 7 ноември останете дома, размислете за тоа што сакате да направите, одлучете какви сигнали може со овој референдум да се пратат. Но потоа да направиме да работи Охрид, да не ја враќаме Македонија назад во насока на нестабилност, назад од нејзината иднина како европска земја".

Исто така Мекшејн, тогаш изјави дека иако "право е на земјата да си ја организира внатрешната политика", се надева оти гласачите ќе разбереле дека секој глас даден против Охридскиот договор бил глас против Европа.

Ваквите пораки од надвор, комбинирани со изјавите на тогашнто раководство на СДСМ „дека некои прашања не заслужуваат Одговор“ и заплашување со откази на администрацијата доколу гласаат, се одразија катастрофално по излезноста на денот на референдумот и идниот изглед на Македонија.

Како резултат на ваквото мешање, иако на референдумот од вкупно излезените 454.347 гласачи, мнозинството од 449.324 лица гласаа против новата територијална поделба, референдимот не успеа поради излезноста која беше само 26.58 %. Односно не беше постигнат потребниот процент од 51% излезност.

Неуспешниот референдум ќе се одрази на етничкиот баланс во Тетово, Гостивар, Струга, Кичево и други места на штета на Македонците. Тоа беше еден дел од фазата за разнебитување на земјата.

Исто така, многумина како да заборавиле дека од осамостојувањето на земјата Македонија имаше многу ветувања од меѓународната заедница, но од тоа ништо не се исполни. Сетете се само на барањата за менување на знамето, химната, името, направете реформи и т.н. па ќе бидете примени во ЕУ и НАТО.

Но по сите направени остапки, Македонија буквално ништо не доби, па дури не беше ни испочитувана пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во корист на Македонија. Земјата и ден денес се наоѓа во чекалната на НАТО и ЕУ, а Македонците во сопствена држава стануваат народ од втор ред.

По повеќе од една декада која е доволна за да се подзаборават болните настани од поновата историја започна нова фаза за конечно докусурување на нашата земја.

Меѓутоа, иако некои тоа го заборавиле и на последните парламентарни избори гласале за СДСМ, што значи предавство, двојазичност и кантонизација на земјата, а сега разнебитување на државата со потпишаниот договор со Грција, тоа не го заборавија поголемиот дел од граѓаните на Македонија.

Заради сето ова Македонскиот народ на 30 септември ќе го бојкотира референдумот.

 

 

На прво место

News image

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.