Среда, 05 Септември 2018   
Повеќе сакам чесно име, отколку што се плашам од смртта

angelovski

Страшо Ангеловски претседател на МААК

Повеќе сакам чесно име, отколку што се плашам од смртта

Денешниот текст, како предупредување за да ги тргнат валканите раце од Македонија, е посветен на сите оние кои дрско и безобразно, надвор од законите и дипломатските конвенции, се мешаат во внатрешните работи на суверената држава, Република Македонија. На оние кои со лаги, евтини подароци, лажни ветувања, како суровите освојувачи на американскиот континент кон тамошното домородно население, се однесуваат кон мојот народ. Тие, освојувачите, покрај шарените стакленца и шарена безвредна бижутерија, на тамошните домородци, сопственици на земјата, Индијанците, им даваа евтино, брзосмртно виски како опиум за нивните умови. И, оние алчните го пиеја во неограничени количини, веќе не можеа да расудуваат, па си го продаваа својот народ за уште малку евтин пијалок. Потоа, потоа ги уништија, ги затворија во резервати и ден денес оние малкумината преживеани ги чуваат како трофеи од своето нечовечко освојување.

Денешниве “освојувачи“ на Македонија, безвредните стакленца ги заменија со најбезобразната лага за милијардите евра,кои, уредно спакувани во шарени вреќички, чекаат на влез на македонската граница, за после 30–ти септември, со каса прими, да бидат разделени на македонските граѓани. А, евтиното виски, го заменија со уште поевтина пропаганда пласирана по медиумите, но и низ директни средби со граѓаните.

Еден од нив е и евроамбасадорот Самјуел Жбогар, за кого злите јазици говорат дека бил правнук на некој коњушар на австрискиот двор, а гордиот Словенец Јанез Јанша,чија партија победи на последните избори во Словенија, вели дека е обичен криминалец кој многу скоро ќе треба да одговара за својот криминал. И сега, тој човек, дојден од Laibach, не подлажува нас Македонците, загрижен за иднината на нашите деца, што било добро за нас.

Е па, господине Жбогар и останати Жбогарчиња, да одиме по ред.

Прво, јас сум татко на две деца. Јас, господине Жбогар, ги капев и преповивав уште кога беа бебиња, ги носев ноќе по доктори кога само ќе закашлаа, ги растев и школував и, од нив, според сите традиционални критериуми, создадов прекрасни, чесни, горди и достоинствени луѓе, Македонци. И, верувајте ми, јас многу повеќе од вас ги сакам моите деца и знам што е најдобро за нив. Стотиците илјади родители во оваа држава, љубејќи си ги своите деца многу повеќе од вас и посакувајќи им се најдобро, затоа што се нивни чеда, најдобро знаат што е најдобро за нив и вашето мешање и лажна загриженост ги сметаат за навреда на нивната родителска љубов и инстиктот за создавање среќно семејство.

Второ, велите дека со влегувањето во ЕУ, таму ќе се проговори и на јазикот на Блаже Конески. Е па, господине Жбогар, токму тука е замката во која на ваше инсистирање, а преку договорите со Атина и Софија ја туркате Македонија. Имено, сакате да докажете дека исто како и јазикот, и народот и државата вештачки се создадени во половината на минатиот век, па,како што тврдат вашите колеги по ЕУ демократија од Атина и Софија, ние Македонците сме вештачка, измислена нација.

Затоа, господине Жбогар, јас,како и мнозинството граѓани би прифатиле достоинствено придружување кон ЕУ, но, да речеме, ЕУ во која ќе се говори и на јазикот на Крсте Петков Мисирков, Војдан Чернодрински и Ѓорѓија Пулевски.

И, бидејќи, поради вашето скудно ЕУ знаење, верувам дека не знаете, еве ќе ви кажам : Ѓорѓија Пулевски е роден во Галичник во 1817 година и е писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач Автор е на првата македонска граматика “Слогница речовска“ во далечната 1880 година, како и на еден од првите речници на македонскиот јазик. Ја објавува и “Јазичница“ што претставува специфичен прирачник за изучување на македонскиот јазик, објавен седумдесетина години пред она што вие и “демократите“ од Атина и Софија го прикажувате.

И, кога деновиве ќе прошетате по преубавиот плоштад Македонија во Скопје и ќе го видите велелепниот споменик на македонскиот цар Александар, припомнете си на овие зборови на Ѓорѓија Пулевски, од неговата “…Историја“, објавена во 1892 година, една година пред неговата смрт :

“…Дал сте чуле Македонци, стари људи оти говорат :

Од Македонци појунаци над них не било – Цар Александар Македонски триста лета пред Христа сву вселену повладал…

Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужат зашто само назе под ропство оставјат, зато и мие хоштеме своју домовину…

Браќа наши Македонци, од православна вера, да се сви сложиме, јуначки бориме, како наши стари под Цар Александром, повтор спомен своим имен по нас оставиме!

Историју стару да оживиме.“

И,трето, зошто господине Жбогар не ги земете со вас во вашата незаконска кампања и лажна пропаганда и вашите пријатели од НАТО, па заедно да прокламирате “Замисли иднина заедно“ ? Па,онаму каде што вие од ЕУ ни цртате мостови и патишта и велите “ова го направи ЕУ, изградивме мостови и автопатишта“, вашите пријателчиња од НАТО ќе пуштаат филмови од бомбардирањето на тогашна СР Југославија и гордо ќе велат “ова го направи НАТО, уривавме мостови и автопатишта“.

Па онаму каде што велите “замисли уште колку можеме да изградиме заедно“, вашите пријателчиња од НАТО ќе пуштаат филмови од бомбардирањето на Ирак, Либија, па ќе велат “замисли уште колку можеме да уништиме заедно“.

Онаму каде што во холивудски манир ни прожектирате насмеани и среќни дечиња како во рачињата држат играчки и му се радуваат на животот, вашите пријателчиња од НАТО нека пуштаат филмови кога, како колатерална штета од нивните бомбардирања во Ирак, Либија, Сирија… остануваат осакатени дечиња кои немаат рачиња за да држат играчки, а наместо лажни насмевки се слушаат крици од болка и страдање.

Ајде, тргнете во заедничка пропаганда, та нели е ова за наше добро, за влез во ЕУ и НАТО? Та нели пред да не примите во вашето друштво, мора насила да не втурнете во НАТО. Зошто се срамите од добрите дела на НАТО ?

Е,господине Жбогар, убави се пропагандните филмчиња што ги емитувате пред македонската јавност, снимени во студио или на некоја убава ливада или шума во вашата “дежела“ , со насмеани деца и нивни родители, платени манекени, само за жал траат многу кратко, траат колку нивното емитување. А,мнозинството овде, освен оние алчните,чиј мозок е затруен од евтиното виски, не им веруваат на вашите филмови, туку на суровата реалност која ја живеат.

А оние вистинските, оние реалните, филмовите од животот,како оние од СР Југославија, Ирак, Либија, Сирија… траат долго и немаат крај. Се додека вие, луѓето со наместена насмевка која ни ја продавате како наша иднина, не решите да ги прекинете. Е, ама потоа, татковците на тие дечиња кои ги осакативте,кои никогаш повеќе не ќе можат да фатат играчка зашто во вашите бомбардирања останале без рачиња, доаѓаат во вашите држави и ги убиваат вашите невини дечиња преку терористички акции.

Тоа се круговите на пеколот во кои сакате и нас да не внесете господине Жбогар. И,искрено ве жалам доколку сето ова не го гледате и не го знаете. Доколку,пак, го гледате и го знаете, а вашата лажна, наместена насмевка ни ја продавате заради платата од бирократизираната ЕУ, ве жалам двојно повеќе.

За ваша жал, ние, Македонците, не веруваме во вашите лажни искривоколчени насмевки, туку во зборовите на Јулиј Цезар, со кои ќе завршам :

“Повеќе сакам чесно име, отколку што се плашам од смртта“.

 

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.