Среда, 12 Септември 2018   
Ред се редат мале европски сејмени пред референдумот!

svekrva-nova
Свекрва

Деновиве повеќе европски државници го посетија Скопје за го убедат македонскиот народ да излезе на референдум и да гласа за европска перспектива.

Во пресрет на денот на независноста и на самиот ден на независноста на Македонија, Скопје го посетија генералниот секретар на НАТО Јан Столтенберг, австрискиот вицеканцелар Себастијан Курц и германската канцеларка Ангеле Маркел. Покрај нив се очекува и други тешкаши на европската и светската дипломатија до 30-ти септември, денот на референдумот, да дојдат во Скопје, на т.н. линија на огнот или на новиот Македонски фронт, за да го убедат македонскиот народ на нешто што е спротивно на основните човекови права – да го смени името доколку сака да стане членка на ЕУ и НАТО.

Присуството на странски државници и европски преставници кои агитираат за референдумот на денонот на независноста и даваат значајни средства за медиумска пропаганда во Македонија, претставува директно мешање во внатрешните работи на земјата. Исто така, нивните постапки, нивните уценувачки изјави дека ако го смениме името ќе станеме членки на ЕУ и НАТО, покажува дека Македонија не е суверена и независна земја и дека ЕУ и НАТО не не почитуваат како народ.

Само по себе се наметнува прашањето дали ако некој не го почитува македонскиот народ, потоа неговата воља и основно човеково право да се нарекува како што сака, дали тогаш има потреба тој да се докажува со излегување на референдум. Од овој аспект, македонскиот народ нема потреба да се појавува на референдум за да докажува кој е, бидејќи веќе не еднаш се изјаснил: 2.08.1903, 2.08.1944 и 8.09.1991 година. Едноставно, тој се изјаснил како македонски народ кој живее во Република Македонија.

Македонецот нема проблем со името и не е проблемот во него. Зарем македонскиот народ треба да ги спушти својот критериум и да прави се што ЕУ и НАТО ќе посакааат, па дури и да изигруваат кловнови само за да станат членки. Зарем треба постојано да попушта. Познато е дека ако еднаш на луѓето им дадеш прст тие ќе се обидат да ти ја земат целата рака. А што е најважно, на кра , кога ќе видат дека како народ давате се што ви бараат, уште повеќе нема да ве ценат. Така се што се направиле во минатото ќе биде залудно.

Затоа мора уште еднаш да се напомене дека барањето на ЕУ и НАТО до македонскиот народ да смени името ако сака да стане нивна членка е навредливо. Исто така, покажува дека тие не почитуваат никакво право и закони кога се во прашање нивни интереси.

Ако е така, тогаш зошто Македонецот да ја спушта цената на своето достоинство. А секако дека почитување нема да стекниме ако излеземе на референдум и го смениме името. Со тоа и она малку симпатии кои сме ги мале ќе ги изгубиме доколку дозволиме да го смениме името во Република Северна Македонија. Исто така, докажуваме дека не вредиме како народ, дека не заслужуваме да имеме држава.

Македонскиот народ доколку сака да опстане, во овој момент треба да си остани она што е. Нема потреба да се докажува на референдум, да менува име и да ја пегла историјата, заради соседите кои ја поделија земјата во 1913 година. Нема потреба ни да се докажува, ни да се правда што работи. Доволно е да остане верен на своите претци и традиции. Работите сами по себе по некое време ќе дојдат на свое место. Можеби не преку ноќ, но промените ќе дојдат.

Исто така, за да не ја уништиме вербата во човекот, во светот, Македонецот нема потреба да моли за љубов на ЕУ и НАТО. Ако тие не не сакаат вакви какви што сме, тогаш уште помалку ќе не сакаат ако го смениме идентитетот, ниту некогаш ќе бидеме равноправни во алијансата. Можеме само да бидеме слуги, а нашата земја полигон за одлагање на радиоактивен отпад.

За да го спречиме исчезнувањето на македонскиот народ, македонскиот народ мора да го бојкотира овој референдум. Сегашната власт може потоа се да направи, да го смени името, но нема тоа да биде одраз на вољата на народот. А во некои други времиња се можно!

Денес, Македонија наликува на она народната песна „Ајде ред се редат мале“. Ако таа денес би ја испеале со одредени измени можеби би изгладало вака:

„Ајде ред се редат, мале море ред се редат, европски сејмени, мила мамо европски сејмени. Ајде ќе ни идат, мале ајде ќе ни идат во Скопје, мила мале во Скопје познати европски сејмени. Ајде ќе го бараат, мале ајде ќе го барат арамијата, мила мамо арамијата. Ајде ќе го барат, мале ќе го барат да спроведе успешен референдум. Ајде не ми било арамијата, ајде не ми било во Скопје, не ми била мила мамо во Скопје. Ајде тук’ ми било арамијата, ајде тук’ ми било во Солуна града, мила мале во ладна меана. Ајде арамијата пило мале, ајде арамијата пило вино ем ракија, мила мамо вино ем ракија. Ајде го служила мале ајде го служила мома Македонка, мила мамо мома Македонка.“

Според спогодбата, ако со помош на „европските сејмени“ помине референдумот, македонскиот народ во иднина не ќе може да ги пее ни своите стари македонски песни каде се спомнува Македонец, Македонка, Солун и т.н.“. Едноставно ќе биде избришано целото културно наследство.

Па сега одберете дали Вие ќе излезете да го заокружите несоодветното референдумско прашање „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на договорот за името меѓу Македонија и Грција“.

Ако вие му давате легитимитет, најголемиот дел од македонскиот народ секако дека нема. Тие ќе го бојкотираат референдумот, зошто навистина има прашања кои не заслужуваат одговор.

 

На прво место

News image

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.