Вторник, 25 Септември 2018   
РЕФЕРЕНДУМ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА
altДушан Ристевски - Македон
РЕФЕРЕНДУМ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА

Кога нешто не сакаш, кога нешто ти се натура, посебно со притисок, да си го смениш името, да си ја смениш религијата или да веруваш во идеологијата на некој си Хитлер, Мао или Сталин, или пак да му веруваш на лагите на Заев, тогаш нормалната човекова реакција е одбивност, огорченост, лутина, бунтовност и омраза. Ете тој е збирот на чувство што го имам во моментот кон македонските политичари, без разлика на која партија им припаѓаат (оти се виде во последните денови како ДПМНЕ „реагира бедно“, „изјавува нејасно“, „верува во ништо“, „спие во ист кревет не само со СДСМ туку и со албанските партии“. Тотално разочарување за македонските патриоти или националисти кои си ја сакаат својата татковина Македонија. Пребарувам во историјата да најдам која друга нација се самоуништила. Но не најдов, но еве сум сведок како нашата нација се самоубива. Онаа истата нација за која се пролевало крв, се градела, се леела да бидеме она што сме, но еве преку ноќ ќе дојде некој Јуда или Ѓавол со група на ѓаволчиња да се уништи убавото, божественото, светото, да се сече дабот од кој сите ние сме доени и сме го дишеле воздухот на македонштината.

Доволно слушавме празни реторики од политичари, аналитичари, судии и правници – испаднува дека тие се слепи на „матната“ што не понесла од инерцијата што еден политичар, една партија ја создаде, непочитувај ќи ни закон, ни устав, ни желбата на Македонците што постоеле, што постојат и што ќе постојат во Македонија.

Дедо ми често ми кажуваше, дека пред самата поделба на Македонија, конзулчина од Европа се рашетувале низ Македонија, ја мереле и премерувале на кој начин да ја изсецкаат. Неговиот татко го предупредил дека „ова не е за арно...“ Некој ќе рече, ете тогаш немавме држава, немавме влада туку бевме оставени на милост и немилост на алчните соседи кои помогнати од Англија, Франција и Германија како некои волци се нафрлија над Македонија. И еве историјата се повторува, разликата е што имаме држава, имаме влада (божем македонска) и волците повторно се рашетуваат низ Македонија за да ја распарчат уште повеќе, бидејќи сега им се придруже и Америка. Каде што стапнале нивните нозе се направил геноцид и уништување на нации, уништување на животи. Прашање е, што мајка барат во Македонија? Ова, верувајте, не е за добро. До вчера немаа никакви интереси, а сега преку ноќ, сакаат да им „помогнат“ на Македонците да постанат „граѓани“ на некоја измислена Северна. Се мешаат во директниот демократски процес на референдумот, даваат изјави дека референдумот треба и мора да успее, на „новата“ држава ќе и се помогне со пари - лажни ветувања, како што педофилот ја опсипува со награди идната жртва.

Демократијата во западот така функционира, доколку сакаш некого да го потчиниш, направи му се пријател, пијте англиски чај, зборувај со германска (пластична) насмевка, потпиши договор, а потоа закачи му нож во грбот. А тоа потекнува од „лулката на демократијата“ каде се знае само да се лаже и краде.

Зошто да се оди на референдум, кога се знае дека истиот ќе биде „успешен“ како што си го подредил Европа со вазалот Заев и коалициските пратеници кои дебело се платени за продажбата. Зошто луѓето да излегуваат на референдум, да си ги „трошат“ чевлите и енергијата, а зошто и толку пари се трошат за референдум кога се знае резултатот, кога се знае дека се е скроено онака како што наумиле некои „други“ со помош на некои „наши“. Парите ќе можеше да се искористат во изградба на некоја фабрика или да се направат некои патишта.

Доста пати сум слушал повици, Дијаспората да не се меша во избори на влади или сега за референдумот, но да простите, Македонија е моја колку е и ваша. Никогаш не сум гласал за државни избори бидејќи и не живеам таму, не можам да вршам влијание која партија да ја води државата, но за референдумот каде иднината на државата и нацијата се ставени на гилотина, да простите, тоа право никој не може да ми го одземи. Но истиот го бојкотирам не само јас туку сите членови на моето семејство. Божемниот договор, доколку некој ме уверува дека е добар за Македонците, тогаш, зошто Атињаните го подржуваат? Тоа ми кажува дека договорот не е добар - Атињаните никогаш не би потпишале нешто што е добро за нас, на нивна штета. Да бидеме малку паметни.

Референдум, и малоумните го знаат, не е демократски ниту пак легален, а најмалку корисен за доброто на Македонците и Македонија, затоа секој чесен Македонец кој ја сака својата татковина, треба да го бојкотира.

 

На прво место

News image

Во Европа државата се бори против криминалот, само во Македонија криминалот и криминалците се држава

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: „Мора да ги избркаме од Владата криминалците ако сакаме во Евро...

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.