Понеделник, 15 Октомври 2018   
Никола Груевски: Што ќе прават потоа?

10154138 10152287897462716 1487046294 nНикола Груевски

Јасно е дека во недостаток на проекти и паметни работи, портпаролот на СДСМ има добиено насока да ме спомнува во секоја прес конференција и за се и сешто.

Очигледно мислат дека така им се поинтересни прес конференциите.

Јас најчесто ги игнорирам овие секојдневни нивни прес конференции, соопштенија, изјави и секојдневни лаги, но вчера и денес решив малку за промена да им одговорам, колку да потсетам за какви измамници се работи.

Вчера ги демантирав за предметот за патиштата каде лажеа дека сум одел на суд за наводни земени провизии.

Кажав дека одам на суд заради обвинение (член 359 од ЗКП), дека сум влијаел да се изградат патиштата со цел да остварам корист со тоа што ќе сум добиел политички поени пред гласачите на изборите заради завршената градба на патиштата.
Знам дека на многумина не им се верува дека тоа е можно, ама така е.

И многумина мислеа дека за набавеното блиндирано возило Мерцедес сум осуден заради некаква измама, провизија, злоупотреба на буџетски пари и сл., но и таму сум теретен за истиот член-сум влијаел да се купи возилото бидејки сум сакал покрај другите ВИП гости и јас понекогаш да бидам превезуван во него.
И за тоа ,,независните,, судии оцениле дека требало да одам 2 години во затвор.

Денес истиот портпарол објави дека моите адвокати побарале поништување од Уставниот суд на член 353 став 5 и ја извести јавноста дека со тоа сакале да издејствуваат амнестија за мене, ама СДСМ немало тоа да го дозволи.

Ја известувам јавноста дека јас немам обвинение по член 353 став 5 кое се однесува на злоупотреба на сл.должност поврзани со јавни набавки или штета на буџетот.

Всушност јас немам обвинение кое ме терети за било што поврзано со корупција, провизии, имотна корист, јавни набавки и слично.

Мене освен по член 359 што го опишав погоре, ме теретат за рушењето на дивоградбата на Фијат, каде ме теретат за имотна штета за една класична дивоградба за која Фијат своевремено тужеше и загуби на сите судски истанци. Ме теретат и за потикнување насилство, за шамари кои не постојат и во Титаник за работи поврзани за изборите.

Сепак, СДСМ се труди со сите сили да создаде перцепција дека на суд одам заради финасики злоупотреби и проневери, и во секое нивно соопштение или прес конференција се трудат да создадат таква слика во јавноста.

Еден ден ќе дојде крај на луѓето кои сега прават политички прогон, а со тоа и на нивните пиуни кои секојдневни ја лажат јавноста.

Што ќе прават потоа?

Прашува Груевски преку својот Фејсбук статус.

 

На прво место

News image

Никола Груевски на еден или на друг начин си завзема место во поновата Македонска Историја

На западот реално не му одговараше економски стабилна и независна Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.