Среда, 17 Октомври 2018   
Вистината и правдината се на страната на македонскиот народ

svekrva1Свекрва

Во неможност да обезбеди двотретинско мнозинство за измени на Уставот според спогодбата од Преспа, премиерот Зоран Заев во своето обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија повика на помирување по настаните од 27 април во Собранието минатата година. Меѓутоа, ниту опозицијата, а уште помалку обвинитете во случајот „27 април“ прифаќаат амнестистија во замена за продажба на уставното име.

За приврзаниците на политиките на Зоран Заев единствен излез е дека треба да се усвојат уставните промени и договорот од Преспа за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Според нив доколку пратениците од опозицијата не ги прифатат уставните измени кои ќе и овозможат на државата брзи евроатлански интеграции, на Македонија и престојат тешки моменти и ќе биде доведен во прашање територијалниот интегритет на земјата.

Ваквите заплашувања се непотребни, бидејќи македонскиот народ ја преживеа и Лисабонската декларација на Европската Заедница (ЕЗ) од 1992 година за признавање на Република Македонија „со име кое нема да го вклучува терминот Македонија“.

Во тоа време македонските парламентарци имаа храброст и ја усвоиа Декларација на Собранието, во која Собранието на Република Македонија го оцени за неприфатлив делот на Декларацијата за поранешна Југославија на Европскиот совет на ЕЗ (усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 год.), што се однесува на признавањето на Република Македонија” со име кое нема да го вклучи терминот “Македонија”. Исто така, тогаш Собранието на Република Македонија побара од ЕЗ, КЕБС и ООН како и од нивните земји - членки, да ја признаат Македонија под нејзиното уставно име и во нејзините постојни граници.

Македонските парламентарци на почетокот на деведесетите години сплотени почитувајќи ја вољата на македонскиот народ искажана на референдумот оддржан на 8 септември 1991 година се спротивставија на земјите членки на ЕЗ и ја преживееа Лисабонската декларација.

Така и денес, врз основа на референдумот од 30 септември 2018 година, македонските пратеници можат да ја отфрлат без поголеми последици и спогодбата од Преспа, за која е толку заинтересеирана ЕУ, НАТО и САД.

Оттука, наместо премиерот Заев да бара од пратениците да се смират и да ги прифатат измените на уставот согласно спогодбата со Грција од Преспа, подобро е да ја повика опозицијата да се сплотат и согласно резултатите од Референдумот да изгласаат Декларација со која се прифаќа вољата на граѓаните дека не сакаат промена на уставното име и истата да им ја дадат на САД, ЕУ и НАТО.

Исто така, врз основа на резултатите од последниот референдум, позицијата и опозицијата заееднички да побараат од ООН, ЕУ и НАТО да ја почитуваат вољата на македонскиот народ, како и да се почитува Повелбата на ООН и меѓународното право кои потврдуваат дека некои нешта како промена на името никако не може една држава да ги бара од друга. Едноставно не може со наметната спогодба, да му се ускратува правото на самопределување на цел еден народ и на една суверена држава. Секоја земја има право на самоопределување вклучително и правото на избор на име и идентитет по своја желба

Ако Преспанскиот договор пропадне, тоа не значи за Македонија затворени порти во НАТО и ЕУ, или пак крај за македонската држава. Доколку навистина НАТО е заинтересирана Македонија да стане нејзина членка, тогаш наместо Македонија, Грција може да биде натерана да прифати решавање на проблемот со името преку двојната формула.

Имено, толеранцијата на меѓународната заедница кон Грција е пред крај.

Веќе во ЕУ се размислува за измени при гласањето за прием на нови членки со мнозинство гласови, а не едногласно. Исто така, по сите прогледувања низ прсти на сите пропусти на грчката политика, на задолжувањата кои имаа економски импликации врз ЕУ, Грција ќе мора кога тогаш да ја плати политичката цена, да попушти и да прифати прием на Македонија под уставно име во ЕУ и НАТО. Едноставно, наместо Македонија, Грција ќе биде таа која ќе биде изложена на огромен притисок од меѓународната заедница.

Исто така, Грција доколку сака да биде лидер на просперитетот на Балканот, но и гарант на мирот и стабилноста на регионот, како гаранција на грчката безбедност, тогаш Грција ќе мора да се сложи со двојната формула како едно од решенијата.

Вистината и правдината се на страната на македонскиот народ. Македонскиот народ и етничките заедници во земјата треба да бидат трпеливи и истрајни.

 

На прво место

News image

Никола Груевски на еден или на друг начин си завзема место во поновата Македонска Историја

На западот реално не му одговараше економски стабилна и независна Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.