Среда, 28 Ноември 2018   
Руските заблуди во врска со името

6EC7038D-F188-4F57-9727-7ABCC9363898 w1023 r1 s

Руските заблуди во врска со името и причина за дополнителни објаснувања и ко-ординација со Русија со цел проблмот за името да се делегитимира.

Едно потсетување на ставовите на Ристо Никовски кои и сега се на маса кај Претседателот Иванов, пред да ги комнетираме Руските ставови.

Ристо Никовски се залага за праќање еден Меморандум од наша страна до Советот за Безбедност на ООН (СБ) како Решение на проблемот.

Но две работи се проблематични:

1. Во СБ нема никогаш да се донесе одлука, поради ВЕТО од една или друга Голема сила, и поради тоа што Генсек ке инсистра дека СБ не е надлежен (како што вели и сега со Преспанскиот договор)

2. Меморандум е Писмо, а не одлука или предлог одлука или предог резолуција, а со едно писмо не се прави никаква обврзувачка одлука.

Заклучок: Нас ни треба Резолуција, а не Молба или преписка или некое соопштение. Дури нас не ни треба Претседателско соопштение на СБ.

Русите како што се гледа од изјавите на нивниот амбасадор А. Лукашвич на Твитер и во другите настапи и изјави на Руското МНР зборуваат за “НЕПРАВЕДЕН ДОГОВОР” те. „праведен комромис” или зборуваат за „СПОР“ или „РАЗЛИКА“ и за т.н. „Политичко РЕШЕНИЕ” на „СПОР“ или „РАЗЛИКА“! Односно, ТИЕ НЕ разбираат дека НЕМА никаква „РАЗЛИКА“ или било каков „СПОР“ (што претседателот Иванов треба да им објасни дополнително!)

Рустие на сите овие места спомнуваат „праведен комромис” и се повикуваат на дефектните- резолуциите на СБ 817 и 845, а тие ЗА НАС се парцијално нелегални и имаат една времена референца која е нелегална институција и навреда. За нас во Македонија, резолуциите на СБ 817 и 845 се правно дефектни, и вкавите резолуции НЕ ПРЕТСТАВУВААТ содветна правна основа за РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ! Референцата е НЕЛЕГИТИМНА и исто ќе биде и со СЕКОЕ ИДНО КОМПРОМИСНО ИМЕ. Легитимно е само она име избрано од народот! Со слободна суверена воља! Договорно име претставува само трајната референца, и со тој факт НЕ Е РЕШЕНИЕ!

Имено, во овој момент Русите не знаат дека Македнија беше примена под ДОПОЛНИТЕЛНИ нелегални услови со нелегалната референца и нелеганлиот оквир за преговори.

ОВА МОРА да им се објасни на нашите Руски пријатели, за да не заврши се само со една жешка дискусија во Советот за Беѕбедност, те. една мала Шлаканица за САД и Западот, без конкретната корист за нас Македонците те. Република Македонија.

Русите мора да тргнат од фактот дека Македнија беше примена под ДОПОЛНИТЕЛНИ нелегални услови, дека СПОРОВИТЕ ЗА ДРЖАВНИ ИМИЊА НЕ ПОСТОЈАТ и НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОЈАТ!.

Спорови околу имиња и идентитетот не постојат во Меѓународното право. Ова димензија треба да им се објасни на Русите од наша страна односно од претседателот Иванов.

НЕМА СПОР, ТАМУ КАКО ИМА ПРОБЛЕМ СО ПРИЗНАНАВАЊЕ (НИЕ НЕ МОЖЕМЕ НИ ДА ИМАМЕ НИКАКОВ СПОР!)

Ова не е јасно или доволно објаснено ниту на меѓународен план, а ниту во домашната јавност:

НЕ ПОСТОИ ЗАЕДНИЧКО ПРИФАТЛИВО РЕШЕНИЕ! Проблмот околу идентитет НЕ СЕ РЕШАВА СО КАКОВ БИЛО ДОГОВОР!

НЕ ПОСТОИ ДОГОВОР ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, НИТУ ИДЕНТИТЕТОТ МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА СО ДОГОВОР!

Со други зборови, ниту ако го раскинеме Преспанскиот договор, НЕМА НИКАКОВ ИДЕН ДОГОВОР СО КОЈ КЕ МОЖЕ ДА ИМА РЕШЕНИЕ на тнр. „проблем” те. “спорот”.

При приемот на нашата земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ОН.

Овие услови се:

1 Обврска за носење деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија;

2 Преговорите за името (сопстен правен идентитет) со друга држава.

Според судскиот став на Меѓународен суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.

Рез. 817. препорака на Советот за Безбедност и НЕМА таа да биде предмет на поништување или дерогирање!

Спорот и во практчината смисла може само да заглави во СБ на ООН, поради ВЕТО на една или друга Голема сила.

Мојот приод подразбира следните чекори доколку предлогот на Русија пропадне во СБ треба:

1. на истата седница на СБ Русија да бара СБ да постави барање до Меѓународниот суд за правда (МСП) за оценка ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за приемот во ООН 1993 (кои се нелегални);

2. Доколку, нема согласност за ваквата рез. Русија да даде изјава дека СБ е во блокада и опструкција, и по истите причини како 1947, да бара Генералното собрание на ООН да упати ваква иницијатива (од Генералното собрание на ООН) за добивање на опишаното Советодавно мислење од судот за легалитет на дополнителните услови, при приемот во ООН, за Македонија;

3. Потоа, Русија треба ваквата иницијатива, со образложение за пат позицијата во СБ (по истите причини како 1947), да иницира во Генералното собрание на ООН за добивање на Советодавното мислење од судот (МСП) за легалитет на дополнителните услови за Македонија. Постапката оди преку Генералниот комитет на Генералното собрание на ООН, кој ги утврдува точките на дневен ред; и

4. Во меѓувреме, Иванов треба да повика сите држави во ООН, вклучувајки и држави со кои немаме дипломатските односи,да не‘ признаат под уставното име Република Македонија.

НА КРАЈ ПРОБЛЕМОТ КЕ МОРА ДА БИДЕ РЕШЕН СО ПРИЗНАВАЊЕ НА НАШЕТО ИМЕ ВО ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ООН односно со резолуција на ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ООН СО КОЈА СЕ ПРОДОЛЖУВА НАШЕТО ЧЛЕНСТВО ПОД УСТАВНОТО ИМЕ ВО ООН .

Проф.Др. Игор Јанев

 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.