Среда, 12 Декември 2018   
МИЗЕРИИТЕ НЕКА ГИ ОДНЕСЕ МАТНИОТ ВАРДАР

Dusan RistevskiДушан Ристевски

МИЗЕРИИТЕ НЕКА ГИ ОДНЕСЕ МАТНИОТ ВАРДАР

 

Во собранието на Република Македонија, мизерни суштества се насобрале околу Зоран Заев и чекаат некакви новогодишни пакетчина  од Европската заедница – божем за Бадник да имаат богата вечера со своите семејства и да се осврнат на се она што постигнале за едногодишниот мандат: уништување национални обележја, малтретирање на населението, лажење, крадење, уценување, забранување слободен печат, убивање на националната гордост, продавање на идентитетот, уништување на историјата, на јазикот, на културата... Додека обичниот граѓанин ќе оди на црква да се моли за своето здравје, да не ја изгуби работата или да си го пласира својот продукт на некој пазар, а и за да не гладува, Заевци ќе сонуваат во која дестинација да се упатат за Нова година и Божик и каде да ги потрошат парите добиени од силувањето на Македонија. Па затоа како некои збеснати кучина се лигаат во собранието за да ги поминат набрзина уставните амандмани и ги задоволат Атињаните, иако граѓаните многу јасно го кажаа своето мислење на референдумот.

Амандманот 36 со кој се предвидува, „Македонија да го негува и штити културното наследство и да се грижи за интересите на македонските граѓани во дијаспората“. За какво наследство зборувате? На она што им го отстапивте на Бугарите, Србите, Грците и Албанците? Немате ни еден грам мозок – па за нас Македонците не остана апсолутно ништо. Се им подаривте. Дури им ги подаривте вашите мајки и ќерки. Не е ни чудно она што го рече министерот за надворешни работи Никола Димитров дека „сме нација со комплекси“. Благодарение негово уште малку ќе бидеме непостоечка нација па и никој нема да страда од комплекс на инфериорност. Ти господине Димитров имаш комплекс на инфериорност и затоа го склучи Преспанскиот договор бидејќи мислеше дека не вредиш како човек и немаш национално чувство па затоа и ги негираш, омаловажуваш и дискриминираш Македонците во својата Македонија. Ние знаеме кои сме и од каде потекнуваме но ти за жал не знаеш. Ти и твоите истомисленици кои го потпишавте и го подржувате предавничкиот Преспанскиот договор најмалку го штитите културното наследство во самата Република Македонија, а пак со овој амандман дури „сакате“ да ги штитите интересите на македонските граѓани во дијаспората!? Каков абсурд и понижување. Не дај Бог тоа да го направите! Видовме колку сте паметен како ти така и другите и како сте национално обоени. Ве молам стоите подалеку од Македонците во дијаспората, ја измативте толку многу водата па сега сакате нас да ни ја „бистрите“ и да се „грижите за нашите интереси“. Смешно и глупаво.

Ваквата предавничка влада која го менува името и нацијата ја турка во неповрат нас во Дијаспората не ни се потребни такви „грижители“ кои се бездушници, мајкоубијци, подли ситни ѓаволски душички. Ние можеме самите да си се грижиме за нашето културно наследство, како и досега, и такви одредби во Уставот се понижувачки за нас бидејќи сите пратеници имаат комплекс на инфериорност-затоа го менуваат името на државата.

Решение од оваа криза има. Македонската нација можат да ја „спасат“ само трите пиони на ЕУ: Џафери, Димитров и Заев, доколку имаат некаква совест. Во знак на солидарност тие заедно да отидат на камениот мост „Гоце Делчев“ во Скопје и се фрлат во реката Вардар за матната да ги однесе во Атина па Атињаните нека им оддадат почести за заслужено вазалство. Такви мизерни суштества на Македонија не ѝ се потребни.

Душан Ристевски-Македон

МОЛИТВА

Да завладееме со сонот на Александар

Клетвите ја уништија храброста

сега нашиот род може да се изброи

со една претсмртна издишка.

Да ги рекарнираме сеништата на хероите

Тие веќе долго владеат со полуживите

кои душите си ги продадоа

да бидат заробеници на ништожноста.

Да го уништиме ѓаволот кој владее со душите

Тој го избриша сонот за обединување

сега го сецка распарченото и игра со иднината

и како куче се моча на нашите гробови.

 

На прво место

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.