Среда, 02 Јануари 2019   
Сите сме само луѓе создадени од Бога

mane 1Манојил Мане Јаковлески

Сите сме само луѓе создадени од Бога

Низ вековите изминати владетели владееле, меѓусебно војувале, освојувале и потчинувале. Народи се покренувале, раселувале и мешале со други, страдале или уживале во благосостојба, ги жнееле плодовите на просперитетот или ја пиеле горчливата чаша на сиромаштијата, злоставувањето и смртта. Обичните смртници се радувале и тагувале, славеле или жалеле. Но животот одел понатаму, сонцето секој ден одново изгревало, дождливи или сончеви, магловити или јасни, утрата се нижеле едно по друго.

Отсекогаш луѓето се грижеле да бидат над проблемите и бремето што го носат, млади се мажеле и женеле, деца се раѓале, благослови и убави желби се кажувале. Некои животот го минувале во кругот на своето место каде се родиле, некои маката или намерата ги одвела наоколу, други ги распрснала по целиот свет.

Никогаш да не ја забораваме судбината на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и она што од обесчовечените беше наречено конечно решение.

Но, да се вратам на местото каде живееме. Некои го нарекуваат Балкан, други пак како да се срамат од тој поим, па велат југоисточна Европа. Дури и со подбив го нарекуваат, БУРЕ БАРУТ. Како и да е. Старите рекле, наречи го и стомна, ама немој да го скршиш.

Балканот е колевка на древни народи, но и на оние кои низ вековите тука стасале. Балканот е сцена на настанување и нестанување на држави, на империи, на царства и на кралства. Балканот е место каде се мешале верувања, традиции, јазици. За некои тоа го прави исклучително убав, раскошен, богат, а за некои, за жал, во тоа гледаат како на некое историско проклетство. Да не ми замерат вториве (а ако ми замерат, нека, толку им поделил Господ), јас се восхитувам на културниот колорит, длабоката духовност и широките цивилизациски хоризонти на Балканот.

Македонија и Македонците, со својата историја и култура, со своите подеми и падови, се дел од тој богат мозаик.

Но факт е дека народите се мешале, културите се испреплетувале, јазиците се вткајувале едни во други. На Балканот зедно се одбележувале народни и верски празници и взаемно се почитувале луѓето што на различен начин ја исповедале својата верба во Бога. И христијани и муслимани и евреи.

Тоа е што мојот Балкан го прави величествен!

Да не се залажуваме, во минатото, но и не многу одамна, се случуваа и се случија невидени злосторства, за нормален човек непојмиви.

Трагедии чии последици ги чувствуваме и ден-денес. Барем ние што искрено се доживуваме како Македонци, кои Македонија је чувствуваме како наша татковина и својот корен го препознаваме во древното македонско минато.

Денес повторно сме сведоци на тоа како несозреани политичари, новокомпонирани европјани, јавно ги слават злосторствата што против Македонија и македонскиот народ ги направиле нивните претходници. А кога ќе повикаме на разум и човечка доблест во прифаќањето на реалноста за она што нивните претходници го сториле, како и во признавањето на последиците што како народ ги имаме, стануваат агресивни, навредуваат и покренуваат спектар од правни, политички и економски мерки против нас, правејќи карикатура од високите принципи на Европската Унија и НАТО каде членуваат и попречувајќи го нашиот пристап кон тие заедници.

Да не бидеме заложници на минатото.Да го живееме животот со љубов и со верба во Бога, во себе, во тие околу нас.Таков е светот во кој верувам.Тоа е светот што го посакувам.Тоа е светот за кој се залагам.

Сите сме само луѓе, создадени од Бога, грешни и смртни, подложни на слабости, суети и фрустрации.

 

На прво место

News image

Русија и Кина да поднесат барање до Обединетите Нации за поддршка на Македонија

ММДЧП ги повикува Русија и Кина да поднесат барање до Обединетите Нации за поддршка на Македонија, и...

Иселеници

News image

Забранетиот филм РУГАЊЕ СО ХРИСТОС се прикажува во Австралија

  Во Австралија пристигна режисерот и сценарист Јани...

Култура и туризам

Фељтон

News image

Александар Македонски (66)

Александар Македонски (66)  

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.