Среда, 02 Јануари 2019   
По 9 јануари Македонија нема да биде иста

2019

Обидите со протести да се спречат структурите во власта да го продадат името, идентитетот, јазикот, културата и традицијата на македонскиот народ, беа спречени така што поединци беа апсени и затворени. Под влијание на власта и соросовите центри на моќ во земјата, дел од политизираното судство, се вклучи во сценарио за разнебитување на земјата.

Денес се крши и последниот отпор на Македонците кои се спротивставуваат на промена на името, идентитетот, јазикот, културата и традицијата. Додека од една страна се амнестираат уценети пратеници и се пуштаат од притвор со цел да гласаат за уставни измени, за други кои ја поддржуваат линијата на отпорот, се припремаат нови апсења.

Секојдневно им го перат мозокот на народот, убедувајќи го дека со промена на името ќе влезат во ЕУ и НАТО и дека стандардот ќе им се подобри. Истите имаат лек и за оние што не им веруваат и им се спротивставуваат.

Според неофицијални информации од вработен во амбасадата на Калето, испратена е закана дека Мане Јаковлески бил следниот на списокот за апсење. Иако точно не се наведени причините, доколку информацијата е точна, се претпоставува дека електронскиот магазин „Македонска нација“ е можната главна причина, или можеби се работи за заплашување?

Имено, во електронското списание „Македонска нација“ луѓето слободно го искажуваат својот револтот против газењето на демократијата во земјата, потоа на неговите страници интелектуалците и патриотите го искажуваат својот револт поради непочитување на одлуката на мнозинството од референдумот на 30 септември, на кој со бојкот народот гласно кажа НЕ за промена на уставното име итн. Крајната цел е да се замолкне „Македонска нација“, (најстарото демократско списание во Дијаспората, чиј главен уредник беше Драган Богдановски) како гласило на македонскиот народ во неговата борба за зачувување на македонското име, идентитет и култура.

На тој пат им сметаат поединци и нивните медиуми, како „Македонска нација“, кои ја разнесуваат вистината не само за она што сега се случува во земјата, туку и за правата историја на македонскиот народ. Тоа е историја која соседите сакаат да ни ја одземат и да ја прикажат како своја, а сегашната власт со леснотија сака да се откаже од неа, да ја избришат од македонските учебници.

Во ниту една земја на ЕУ замолкнување на медиум не е дозволен. Но тука, каде мнозинството уплашени интелектуалци молчат, каде граѓанскиот сектор изморен и разочаран од шарената револуција го нема нигде, се‘ е можно да помине.

Ставањето под тепих на сите валканици, само за да помине спогодбата со Грција, не ја водат земјата во правилна насока.

Имено, ставање на сопствените интереси на прво место, како и неспремноста да се признае колку работите се лоши, ја доведуваат Македонија во многу тешка ситуација. За тешката состојба во која е втурната македонската држава говореше и претседателот Ѓорѓе Иванов.

Во своето годишното обраќање пред Собранието, коментирајќи ја Преспанската спогодба со Грција, Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ќе рече: „Кога сте подготвени едно прашање да решите по секоја цена, тогаш цената е највисока. Цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена и сега речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа на повеќе нивоа и во повеќе наврати“.

Многумина или не можат или не сакаат да го разберат претседателот, бидејќи загадувањето на воздухот благодарејќи на непреземените мерки на власта, е толку многу големо, што ниту можат да видат прст пред носот, ниту пак имаат доволно кислород за да правилно размислат дека со Преспанскиот договор и уставните промени Македонија нема да биде иста.

Со оваа власт, изминатата година беше црна, а и иднината на македонската држава и народ во 2019 година не е розова. Со помош на социјалдемократите, македонскиот народ е на пат да исчезне. По 9 јануари 2019 година, Македонија со уставните измени, нема да биде иста држава.

Иако сме на прагот на Новата 2019 година и уставните промени, сеуште не е прекасно да се спречат погубните потези на власта.

Всушност, политичарите треба само да имаат храброст за да престанат да ги ставаат своите сопствени интереси на прво место. Тие треба да ги отфрлат понудените бенифиции, за да не бидат запаметени како предавници на својот народ. И едноставно тие мораат да бидат подготвени да делуваат одлучно доколку сакаат да го прекинат развојот на ова страшно уништување на македонското општество, македонскиот народ и држава.

И на крај не се обидувајте (доколку информацијата е точна) да ја замолкните „Македонска нација“, зошто Македонците не се‘ само тука, ги има низ целиот свет. Секогаш ќе има Македонци во државава и Дијаспората кои ќе го продолжат делото, да го продолжат АМАНЕТОТ и да ја шират вистината за македонскиот народ.

Свекрва

 

На прво место

News image

Да го поразиме Заевизмот

Христијан Мицкоски

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.