Среда, 09 Јануари 2019   
ПРЕДАВНИКОТ ШТО ГЛУМИ ДЕКА Е ПРИНЦ

Martin Trenevski

Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ПРЕДАВНИКОТ ШТО ГЛУМИ ДЕКА Е ПРИНЦ

 

Еве, и тоа го доживеавме: после илјада година од владеењето на македонската династија на нашиот славен цар Самоил, кој го освои речиси целиот Балкан, се чини дека Македонија повторно се здоби со племство, "плава крв" што би рекле. Во годината што измина добивме витез од редот на Св. Ѓорѓи што по правило во вистински околности би имал титула: "Сер" /Sir/, a следствено неговата сопруга би носела титула : "Лејди" /Lady/.

Можеби погодувате: станува збор за лицето ЗЗ (црпнатиот од Муртино), кого странска сила го устоличи на позицијата премиер, а кого непостоечки "принц на Монтенегро и Македонија" го прогласи со сите ритуали и со допир со меч на рамената, за  витез од редот на Св. Ѓорѓи

Но кое е тоа лице што глуми и се занесува во улогата на принц? Ќе ви олесниме да одгатнете! Само погледајте ги двете подолу приложени фотографии и ќе ви биде јасно за што станува збор. Секако погодувате, па тоа е наводно непартискиот (како што сега се прикажува), некогаш јасно провмроовски определен, но сега со сигурност слуга на туѓи интереси Никола Димитров (НД).

Martin 2Martin 1

Кога станува збор за ЗЗ, да речеме дека циркусот во којшто самиот учествуваше со неговото прогласување за витез можеби го стори од немарност, неинформираност, преголеми амбиции, или нешто друго, но кај несудениот ни принц НД работава е посложена.

Зошто НД принц? Па на прв поглед сосема е очигледно дека тој многу често ги имитира манирите на еден вистински, автентичен принц - Принцот од Велс, престолонаследникот Чарлс од Обединетото Кралство, кој речиси редовно, кога излегува од автомобил или кога е соочен со неизвесност и во ситуација кога не е сигурен како да постапи, ја корегира краватата што беспрекорно му е наместена (нешто што нагласено го имитира и НД) и ги допира металните копчиња на неговите ракави.

Ваквите манири на автентичниот принц ги копира и ги практикува и нашиот НД којшто во својот занес /не исклучувам дека се замислува (глуми)/ дека и самиот е ппринц!? Но разликата меѓу нив е огромна, речиси неспоредлива! Принцот Чарлс најлојално и посветено ги застапува и одлучно ги брани интересире на неговата земја,  Обединетото кралство - Велика Британија, а овој - нашиов бескрупулозно работи на нејзиното разнебитување и уништување!!!

Но, можеби НД не мечтае да биде само принц, туку и нешто повеке? На пример, претседател на држава??? Сега, кога се интензивира кампањата за лансирање на кандидати да претстојните претседателски избори името на Никола Димитров се поинтензивно со врти во соросоидните медиуми како најсериозен кандидат за таа важна функција. Клонираниот Стево Пендаровски и Шекеринска очигледно се само епизоди фигури на политичката сцена на ненародната коалиција на власт наметната со еден телефонски повик од оној мрачен тип Џес Бејли, кој конечно замина /да се надеваме за секогаш/ од Македонија.

За жал на структурите што играат на картата НД да биде кандидат за претседател на  Република Македонија, многуте афери дирекно поврзани со името на НД сериозно го руинираа неговиот вештачки создаден имиџ, па најверојатно токму заради тоа и го нема во јавноста речиси две недели!? А за какво имиџ станува збор? За оној предавничкиот што го создаде пред се како потписник на актот за капитулација на Мекедонија во село Нивице, во грчкиот дел на Преспа (Да постетиме дека неговиот роден татко Димитар Димитров му му посака "авансно"  на потписникот на тој акт "да му се исуши раката")! Да потсетиме и дека само еден ден пред да го потпише актот за капитулација, НД се рашетуваше со неговиот шеф ЗЗ низ Струмица за да го надминат отпорот што НД сепак го имаше кон прашањето за /не/прифаќање на ставот "ерга омнес'' /име за секвупна употреба/, на што инсистираа грците/. Што се случи тој ден во Струмица и како се прекрши НД за да го прифати тој ноторен ерга омнес? Со кеш (многу кеш), или со некој друг стимуланс што преку лицето ЗЗ му го понуди меѓународната...? Тоа најверојатно ке го дознаеме во времњата што доаѓаат.

Но, дека во сета оваа заврзлама со промена на името на нашата земја повеке од сигурно е дека во игра имало и кеш, и тоа многу кеш. На тоа упатува, меѓу останатото, и следното сознание: Непосредно по потпишувањето на актот за капитулација во с. Нивице, еден македонски портал објави, но по кратко време веднаш ја симнаа информацијата превземена од еден словенечки дневник, со наслов:"Владите на Македонија и Грција ги продадоа своите народи за пари". Во написот се тврдеше дека, наводно, ЕУ ке ја награди македонската влада со 30 (триесет) милиони евра (не беше прецизно наведено дали некому лично ке му бидат дадени тие средства (што е многу веројатно),  а на Грција ке и бидат доделени една милијарда евра со симболични камати за санирање на нејзините пензиски фондови. Како што веке напишав погоре, таа информација многу итно исчезна од порталот.

Дека лицето НД е болно амбициозна персона која не бира средства за да ги оствари своите амбиции и соништа, доволен е и фактот што веднаш по дипломирањето на Правниот факултет во Скопје има изјавено: "За 18 години јас ке бидам претседател на Македонија"!? Ваква изјава може само да предизвика голема недоумица во стилот: "Дали е се во ред со овој човек за така надмено и арогантно да се гледа во неговото изопачено огледало како најубав на светот???". НД не криеше амбиции и планови во стилот: Кога Никола Груевски ке наполни 40 години (според Уставот неопходни за кандидатура за претседател на државата) тој (НД) да ја превземе ВМРО-ДПМНЕ и како нејзин евентуален лидер да јуриша на функацијата премиер на Република Македонија!? (Велат: на глупоста и амбициите им нема граници).

Но бидејки плановите и амбициите му се изјаловија, НД се определи да биде наводен непартиски министер за надворешни работи, надевајки се дека надворешниот фактор кому, според извештаите на ВИКИЛИС верно му слугувал, сега да го пласира или да го ланнсира - да го наметне и по можност да го устоличи како кандидат за оваа висока функција. За возврат НД треба да одработи за надворешните спонзори со потпишување на платформата на ЦИА, што некои ја наречуваат погрешно Тиранска платформа, со воведување на двојазичност во Македонија, промена на Уставот на земјата и се друго што има зацртана длабоката држава за разнебитување на Македонија.

Нарцисоидниот НД можеше барем малку да се потруди да ги среди состојбите во македонската дипломатија, но очигледно тоа не му е приоритет.

Сега, кога и официјално е најавена посетата на Папата Франсис на Македонија на 7ми мај годинава, замислите: Македонија  н е м а  свој амбасадор во Ватикан кој ке работи на деталите и програмата за посетата; во пријателска Австрија, која не чува од напливот бегалци на нашата јужна граница, не само што нема, амбасадор, туку нема ни вршител на должност, туку улогата на прв човек во амбасадата на РМ во Виена ја изиграва висок дипломат од МНР.... Да редиме понатаму? Не, мислам доволно е!

Предавството на НД нема да биде заборавено, ниту простено ни од оваа, но и од генерациите што доаѓаат! Ние современиците ке си останеме со прстот во уста, понижени и омаловажени со самоуништувачки комплекс на врат, а грците, како и во многу прилики до сега,Н Е М А  да го испочитуваат договореното и од Никола Димитров своерачно потпишано капитуланско и квислиншко предавство од Нивице.

 

На прво место

News image

Директорот на Скопската зоолошка до иселениците: Никогаш да не се вратите

Директорот на Скопската зоолошка до иселениците: Никогаш да не се вратите

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.