Среда, 09 Јануари 2019   
И овој пат како во Букурешт и Париз не се прашува македонскиот народ

svekrva1Свекрва

И овој пат како во Букурешт и Париз не се прашува македонскиот народ

 

Во отсуство на антикорупциска комисија, се амнестирани пратеници под еден услов тие да гласаат за уставни промени со кои се менува името на државата во Република Северна Македонија, а со тоа и идентитетот на македонскиот народ. Очигледна корупција која ќе допринесе, Република Македонија на почетокот на Новата 2019 Година да го смени своето име, спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30 – ти септември минатата година. Сепак, секоја наредна власт, ако може да се спротистави на центрите на моќ, ќе може да ги поништи сегашните нелегални одлуки кои произлегуваат од Преспанската спогодба.

Пред точно сто години, во 1919 година, на Париската мировна конференција други одлучуваа за Македонците. Имено, по Првата светска војна (1914 - 1918) прашањето на Македонија се разгледуваше исклучиво во „Комитетот за нови држави и за заштита на малцинствата", кој започнал да работи во мај 1919 година. При решавањето на македонското прашање биле разгледани повеќе предлози без македонски преставници што се гледа и од записниците.

Во текот на Мировната конференција во Париз дадени се повеќе предлози за македонското прашање. Така, во записникот од 39 седница на Комитетот за нови држави од 30 јули 1919 година, стои дека по македонското прашање биле дадени два предлога. Прво, еден нацрт подготвен од членот на италијанската делегација полковникот Кастолди со барање да се уреди Македонија како автономна област по образец сличен на оној што е прифатен за Рутенија (Украина). Вториот предлог била сугестија дадена од британскиот претставник дека уредувањето треба да биде на тој начин што Друштвото на народите ќе се овласти да има претставници во Македонија, со цел да ги чува гаранциите против угнетувањето. Како резултат на дискусијата, првиот не бил прифатен, а не била донесена ниту никаква дефинитивна одлука.

При разгледување на проблемот на Македонија на Конференцијата во врска со чл. 51 од Договорот за мир со Австрија, односно со конвенцијата за заштита на правата на малцинствата, со чл. 9 од Конвенцијата Југославија и Грција се задолжувале да им дадат малцински права на териториите приклучени кон нив по 1 јануари 1913 година. Со тоа дефинитивно била определена судбината на Македонија. Таа останала поделена меѓу трите балкански држави (Србија, Бугарија и Грција). Ниту едно барање на македонскиот народ не било земено предвид. Париската мировна конференција едноставно ги санкционирала одредбите на Букурешкиот мир од 1913 година. Единствената корекција што ја внесла таа во нив е приклучувањето на Струмица и околијата со околу 60 илјади души кон тогашна Југославија.

Сто години подоцна, судбината и иднината на македонската држава Република Македонија, која во меѓувреме е формирана на еден дел од поделена Македонија, зависи токму од  поединец од Струмичко, кој дојде на власт со помош на центрите на моќ. Коалицијата на власт, предводена од Зоран Заев, погазувајќи ги сите правила и норми, спротивно на Уставот и законите се стреми да го смени името на државата со цел земјата да влезе во ЕУ и НАТО.

И овој пат како во Букурешт и Париз не се прашува македонскиот народ. Иако на референдумот од 30 – ти септември минатата година, со бојкотот кажа НЕ за промена на името, него никој не го слуша. Така, додека обесправениот и осиромашен македонски народ резигнирано молчи, марионетската власт ги спроведува насоките на ЕУ и НАТО од Брисел, организации кои наскоро можат дури и да се распаднат како што во минатото се распаднаа СССР, Варшавскиот пакт, СФР Југославија...

Изминаа речиси три децении од прогласувањето на независноста во септември 1991 година. Прекрасната земја Република Македонија, оазата на мирот, со помош на марионетската власт е на пат да исчезне  на почетокот на 2019 година. Географски сме тука, но доколку се промени името, а со тоа идентитетот, јазикот, културата и традицијата, македонскиот народ ќе го снема. Со него ќе исчезне и државата, чија територија повторно ќе биде доделена на оние земји кои по Балканските војни (1912 - 1913) ја поделија Македонија.

Споредувајќи го времето на Букурешкиот (1913) и Парискиот мировен договор (1919), и времето сега по Преспанскиот договор (2018), разликата е во тоа, што тогаш Македонија други ја делеа, а денес само си ја уништуваме македонската држава на единственото слободно парче македонска земја која требаше да биде пиемонт за обединување на окупираните територии.

Нема Македонец кој не посакува во Новата година да му се исполнат многу желби: да има подобра работа, да биде добро платен, да биде подобар родител, подобар маж, подобар бизнисмен и т.н. За да се оствари сето тоа треба веднаш да почне да работи, да се бори за себе, за семејството, за сите блиски околу него, за државата, за Македонија да стане подбро место за живеење. Но, доколку не се делува сега, еден ден сите ќе се разбудиме во сосема друга реалност – ќе ја нема Македонија.

Имено, доколку се остварат сценаријата на актуелната марионетска власт, а ние ниште не сме превзеле тоа да го спречиме – како ќе можеме да ги погледнеме еден ден своите деца во очи кога ќе не прашаат каде бевме во 2019 година кога сето ова се случувало?

 

На прво место

News image

Да го поразиме Заевизмот

Христијан Мицкоски

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.