Среда, 23 Јануари 2019   
Македонија го изгуби интегритетот и суверенитетот!

svekrva1Свекрва

Македонија го изгуби интегритетот и суверенитетот!

 

Во процесот на глобализација, наместо создавање на еднополарен свет на чело со САД, модерниот свет се сврте во процес на трансформација во мултиполарен. Во овој процес кој би требало да заврши додека се на власт Владимир Путин во Русија и Доналд Трамп во САД, малите земји како Македонија се изложени на сериозни удари. Тие треба да ги амортизираат последиците од вештачкиот судир на големите сили, за да тој не ескалира во глобален судир.  

Судирот на големите сили на Блискиот Исток е вештачки предизвикан со цел да се воспостават нови граници во регионот. Односно САД сака да се преуреди светот така да тој ги заштити своите интереси и интересите на Велика Британија и Израел. Меѓутоа, Русија ја штити Сирија и Иран, што пак секогаш кога е во прашање Блискиот Исток се рефлектира на Балканот, односно и на Македонија. 

Во договорот за Блискиот Исток, монета на поткусурување се наоѓа на Балканот. Не случајно Владимир Путин со голема руска делегација ја посети Србија, која го има спорот со Албанците за Косово, а Македонија со Грција околу името. Оттука, не случајно претходно Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Руската федерација, изјави дека  „Москва не е против новото име на Македонија, туку има сомнеж околу легитимноста на целиот процес.“ 

Имено, откако во Собранието на Македонија беа донесени уставните измени за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија, само со потпис на  претседателот на Собранието Талат Џафери, а без потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов, во Службен весник беше објавено и дека албанскиот јазик станува службен јазик во Македонија. 

Македонскиот народ е многу љут бидејќи коалицијата на власт СДСМ и ДУИ не ја испочитува неговата воља изразена на септемврискиот референдум минатата година и исто така е љут што целата постапка за уставните промени и усвојувањето на Законот за јазиците е направено насилно, со непочитување на правото, што не е одлика на една европска земја.   

Македонскиот претседател, опозициската ВМРО ДПМНЕ и најголемиот дел од македонскиот народ сметаат дека со ваквите измени на Уставот, името и воведувањето на двојазичност на целата тероторија на земјата, Македонија го изгубила својот интегритет и суверенитет, како и тоа дека сите промени водат кон распад на државата. Всушност, сосема е видливо дека сите активности на раководствата на сегашната коалиција на чело со Зоран Заев, водат кон нефункционалност на институциите, односно кон поделба на земјата. 

Инаку, во Македонија нема никој против примена на јазиците на етничките зедници во земјата, а со тоа и на албанскиот јазик. Но, тоа мора да биде направено во процедура во која ќе бидат испочитувани и Уставот и законите. Сепак, треба да се напомене дека Со промена на уставното име без да се почитува вољата на народот извршено е предавство на македонските интереси, а со објавување на Законот за јазиците во Службен весник без потпис на претседателот извршено е кривично дело кое не застарува и за кое следи казна затвор.

Опозицијата смета дека објавувањето на Законот за јазиците во Службен весник без потпис на претседателот Иванов, преставува тргување на СДСМ и ДУИ со албанските гласови во земјата во пресрет на претседателските избори. Меѓутоа треба да се смета на уште еден момент, дека ако сето тоа е против законите, Судот може да го поништи. 

Ваквите игри се неприфатливи од повеќе причини. Актуелниот премиер и лидер на СДСМ со својата погрешна политика го доведе регионот пред зовривање. Имено историјата покажува дека нема стабилност во ниту една двојазична држава. Обично во таквите земји доаѓа до тензии, воени конфликти и крвави распади. Во 2001 година имавме конфликт, во кој имаше даден предлог за размена на теротории и население. 

Ако сето тоа претходно се има во предвид, потоа дека сето ова е доносено спротивно на Уставот, законите и процедурите, како и тоа дека еден ден судиите без притисок на политичките елити можат да го поништат Законот за јазиците, тогаш неминовно треба да се биде внимателен од иритација на албанската заедница да не би дошло до потпалување на бурето барут и дефинитивно разминување на двете заедници во земјата. 

Јасно е дека сите овие игри се во контекст на прекројување на границите на Балканот, исто како што се случува и на Блискиот Исток.  Штитејќи ги своите интереси, Русија како што е присутна во Сирија, така на Балканот е присутна преку Србија, со целосен фокус на настаните во Босна (Република Српска), Косово и Македонија, држава кои од САД се ставени на линија на огнот. Овој судир лесно може да излезе од контрола. Ако не успее да се исконтролира овој вештачки судир, тогаш големите сили ке одлучуваат дали ќе има или ќе нема 3 светска војна.

 

На прво место

News image

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.