Среда, 23 Јануари 2019   
ГЕНЕЗАТА НА ЕДНО ЛУДИЛО

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ГЕНЕЗАТА НА ЕДНО ЛУДИЛО

Република Македонија по речиси три децении од референдумското изјаснување за независност во 1991 постана објект на невидена и до лудило бескрупулозна кампања што и го приредоа "демократскиот запад" /Вашингтон и Брисел/ за нејзино обезличување и однародување. И се заради нејзиното уставно име - Република Македонија.

Зачудувачки е, дури до степен на неверојатност (но, за жал се случи) со колкава - дури анимална порив, "длабоката држава" во Вашингтон, на која претседателот Трамп се завешта дека ќе и земе мерка (!), но до сега не успеа и соросоидното раководство на Европската Унија, во прв план комисарите Хан и Могерини,  да не разнебитат, однародат и понижат, ставајки се исцело на страната на една нивна сојузничка (Грција) која и го измисли и наметна проблемот со името на земјата што го /зло/употребуваше за да не уценува и блокира од првиот ден на нашата независност во  1991.

Климаксот и ауткамот од таа сулуда и шизофрена политика на Атина, подржана од Стејт Департментот и ЦИА од една и  соросоидната политика на званичен Брисел од друга страна, го почуствувавме последниве години, а особено последниве неколку месеци со бруталното газење на Уставот нашата земја од домашните продолжени маши на странскиот фактор, во земјата за неговото редефинирање по вкусот на "демократскиот запад", извршено од платениците во Собранието на РМ - квислионзите на кои истиот тој запад им ја довери задачата и во континуитет ги подржуваше за да го сторат тоа недело против сопствениот народ!

Во сета оваа заврзлама без преседан во светски размери за која не се жалеа ни труд ни средства (некои извори тврдат дека за преименувањето на Македонија, т.е. за потплаќање пратеници, новинари, таканаречени невладини организации и кој знае уште кој што беше на услуга за таа цел) се потрошени повеќе стотици милиони евра и долари, се наметнува едно - според мене многу важно прашање, а тоа е прашањето за генезата на проблемот за името на нашата земја!? Конкретно, прашањето кога се појави и од кои причини тој проблем што доби толкави (во глобални рамки незапамтени) димензии!?

Па да се обидиме да дадеме одговор на ова прашање што си дозволувам да го наречам: ГЕНЕЗА НА ЕДНО ЛУДИЛО!

Факт Бр. 1. Проблемот го измисли грчката политика кон крајот на XX која оптеретена со идејата за реинкарнација на "Мегали Елада" (Голема Грција) и од стравот да не го изгуби брендот "Mаkедонија", беше споулавена од сознанието дека како непосреден резултат од очигледиот распад на југословенската федерација е голема веројатноста за појава на маѓународен субјект (независна држава) со името Македонија. Токму од тие причини Грција за да парира на процесот за осамостојувањето на Репблика Македонија од конститутивен дел на југословенската федерација во истоимена независна држава, во 1998 година го преименува меѓународниот аеродром во Солун во аеродром "Македонија". искова монета од 100 драхми со шеснаесеткратното сонце на реверсот (опачината) и го преименува својот дел од Македонија што дотогаш го нарекуваше Северна Грција во "Средна и Јужна Македонија".

Апсурдноста на овие потези на званична Грција е во фактот што - историски гледано, грците од секогаш гаеле невидена нетрпеливост и одбивност кон се што носело назив "Македонија" и "македонско". Уште пред 2.000 години Демостен го лансираше таквиот одбивен став на Елините, т.е Атињаните (во тој период држава со име Елада/Грција НЕ ПОСТОИ) кон Македонија и Македонците во неговите "Филипики", т.е говори против Македонецот Филип II кој бил нивен немилосрден егзекутор. "Како можат тие дивјаци од планините на северот да се сметаат за еднакви на нас гордите Атињани кои создадовме толку многу во философијата, архитектурата....", колнеше против древните Македонци Демостен. Впрочем, истиот тој тој Филип II бил невиден крволок и сатрап на грците, а само во битката кај Херонеа (338 г. пред нашата ера) буквално масакрирал, со син му Александар Македонски, 35.000 грци!!! Следствено, од ова можеме да заклучиме дека денешна Грција садомазохистички се восхитува и ги присвојува своите атнички кољачи!? Чудно, зарем не!?

Факт бр. 2: Интересно е сознанието дека дури и Источното римско царство - Византија, било "алергично" на името (но и славата) на древна Македонија! Имено, Византија во Х-от и почетокот на ХI-от век, кога веќе била под  силно грчко влијание, па и доминација, била поделена на повеке теми (области). За да го минимизира значењето на земјата Македонија што ги дала императорите Филип II (творецот на првата држава во Европа во државотворна смисла со сите нејзини атрибути - парламент, влада, платена војска...) и Александар Македонски (еден од најголемите освојувачи во историјата), Тема со име "Македонија" била именувана во непосредна близина на Константинопол (Истанбул)  што нема ама баш никаква врска со историската географска територија Македонија, а темите (областите) од вистинската територија Македонија ги именувале како "Tесалоника"!?

Факт бр.3: Најочигледната грчка нетрпеливост кон името Македонија е јасно видлива и по Балканските војни и поделбата на Македонија на мировната конференција во Букурешт 1913 година. Имено, на таа конференција делот од Македонија што и го доделиле големите сили на Грција е наречен Северна Грција, а тој регион бил претставуван во владата во Атина се до 1998 година од "министер за Северна Грција". Под тоа име регионот Северна Грција опстојува се до 1998 кога и е преименуваан во Средна и Јужна Македонија!!!

По ова изнесеното, се поставува прашањето како е можно ниту еден политичар, па и ниту еден научник/историчар (со многу ретки исклучоци) ширум светот објективно (земајки ги во предвид претходно изнесените сознанија) да не пристапи кон анализата на проблемот со името на земјата и објективно да проговори за апсурдноста на својатањето на брендот Македонија од званична Атина, став што за жал е подржан со две раце од таканаречениот демократски запад.

Факт бр. 4: Зошто тој самонаречен демократски запад не го послуша еден светски човек и авторитет како Др Oто фон Хабзбург кој како можно решение за надминување на проблемот со името на нашата земја укажуваше на примери од постоечката пракса во стилот: Постои Големо војводство Луксембург како независна држава, но и регион Луксамбург како дел од кралството Белгија и никој нормален не прави проблем околу тоа!? Понатаму, Франција го има добиено националното и државно име од германското племе Франки, а (Велика) Британија од француската област Бретања!? И повторно, никој нормален не прави проблем околу тоа. Зарем бројните белосветски правници на таканаречениот демократски запад не правеа разлика помеѓу независна држава Република Македонија, признаена од 140 членки на ООН и  р е г и о н о т  Северна и Јужна Македонија како составен дел од Хеленската држава??? Но според нив, вољата на нивната размазена партнерка во НАТО и ЕУ, Грција, мораше да биде исполнета, а цехот го платија и допрва ке го плаќаат македонците и нивната сега преименувана татковина.

Ова злосторство што ни го приредија западните небаре големи демократии нема и не смее да биде заборавено ниту од оваа, ниту од наредните генерации македонци (и во етничка и во граѓанска смисла на зборот) и приоритет на идната демократска влада на Македонија (која и да е и кога и да е избрана) е да ги исправи овие направди и зло што ни го нанесоа длабоката држава од САД, соросоидната Европска Унија во кооперација со домашните квислинзи предвидени од аболиционираното лице Зоран Заев и амнестираниот Али Ахмети.

Овој умерен оптимизам го засновам на сознанието дека годинава претстојат избори за Европскиот Парламент на коишто е сосема извесно дека соросозмот и накарадниот либерализам ке претрпат невиден пораз и наместо Могерини и Хан (тие се веќе политички мртви и можат само да се мафтаат во регионот Западен Балкан бидејќи никој друг повеке не ги есапи) ќе дојдат рационални подржувачи и промотори на националните држави во составот на ЕУ (како на пример: Унгарија, Полска, Чешка...), но се разбира и вон ЕУ.

Тој тренд енергично го подржува и претседателот на САД Доналд Трамп кој го испрати во Европа својот близок соработник и поранешен советник Стив/ен/ Бенет токму со таква задача што само може да не радува и ни нуди зрак надеж да го исправиме злосторот што ни го приредија сулудата политика на длабоката држава, соросоидите во Брисел и домашните квислинзи заедно..

Martin treЗабелешка: Фотографијата е превземена од книгата: ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИЈА од проф. др Гееоргиј ОСТРОГОРСКИ, (Карта бр 4, страна 300

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (22)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ  „РАЃАЊЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ В...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (19)

ЕСМИНИ ТУРНЕИ НА МУЗИЧКИТЕ СЦЕНИ ШИРУМ СВЕТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (5)

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ЦЕРЈЕ“ КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ „КОКИНО“...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.