Среда, 06 Февруари 2019   
СДСМ за век и веков ја изгуби довербата кај Македонците

svekrva1Свекрва

СДСМ за век и веков ја изгуби довербата кај Македонците

Во интервју за ТВ Сител, Никола Груевски, поранешниот премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, по заминувањето од земјата, неодамна го даде првото интервју за ТВ Сител. Меѓутоа тоа е само еден мал дел од интервјуто, а другото не беше презентирано во јавноста. 

Во нецелосното интервју дадено за ТВ Сител, Груевски говори за политичкиот прогон, причините поради кои заминал од земјата и побарал политички азил во Унгарија, како и за тоа дека земјата ја напуштил по стандардна процедура. Односно по доаѓањето во унгарската амбасада во Албанија, поради безбедносни причини било одлучено да биде префрлен во Будимпешта.

Во интервјуто Груевски, говори дека мислел да оди во затвор. Меѓутоа, по дознавањето од добро информирани и доверливи лица дека му се спрема ликвидација во затворот, тој одлучил наместо во затвор да замине од земјата и побара политички азил во Унгарија. Истовремено, Груевски укажува дека претходно немал контакти со властите на Унгарија, како ни со властите на Албанија, Србија и Цена Гора, земји преку кои поминал за да на крај стигне во Будимпешта.

Груевски не кажа кој може да стои позади неговата потенцијална ликвидација, ниту како ја поминал македонско-албанската граница, оставајќи на актуелните власти да откријат како заминал од земјата. Единствено што спомна се веќе познати работи во јавноста, дека албанско – црногорската и црногорско-српската граница ја поминал со лична карта, додека српско-унгарската ја поминал со документ кој му бил издаден во амбасадата на Унгарија во Тирана.

Во тој контекст, екс премиерот и екс лидерот на најголемата опозициона партија, во своето интервју вели дека земјата ја напуштил многу едноставно, негирајќи дека имал помош од актуелните власти. Потоа, по доаѓањето во Албанија се пријавил во амбасадата на Унгарија од каде што побарал политички азил и од таму по извршените консултации бил транспортиран од нивна страна во Унгарија. Имено, тој ја одбрал Унгарија бидејќи таа држава е членка на ЕУ и НАТО каде се води сметка за правото и каде има независни институции.

Во однос на неговите претходни изјави дека нема да избега од Македонија, Груевски во своето прво интервју дадено по напуштање на земјата, напомнува дека уште во минатата година му рекол на премиерот Зоран Заев дека може да го уапси "ако да се откаже од спроведувањето на Тиранската платформа, од нанесување на штета на државата и од апсење на неговите соработници". Меѓутоа, како што вели Груевски: "Заев не се откажа од Тиранската платформа, ниту го сочува името на државата, туку го смени на многу дрзок и безобразен начин, а плус потпиша штетен договор со Бугарија и уапси сè што стигна".

Вистината секогаш победува, без разлика на сите напори таа да се прикрие. Имено, тоа што сега не е објавено целото интервју, не значи дека кога тогаш нема да излезе на виделина. Јасно е дека власта се плаши од вистината и оттука таа сака по секоја цена да го затвори Никола Груевски. Затоа по неговото интервју, во кое тој вели дека во Будимпешта е привремено и дека еден ден ќе се врати во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз во Македонија соопшти дека земјата добива свое место во НАТО и дека „бегалецот од правдата Никола Груевски ќе го добиел своето место во затворската келија“.

Навистина е парадоксално оние што го прекршија Уставот и законите на македонската држава (промена на името по спогодбата од Преспа, прифаќањето на Тиранската платформа и воведување двојазичност во земјата, како и  Договорот со Бугарија), наместо да одговараат за повреда на националните и државните интереси, тие да се на власт и да се закануваат со затвор на луѓето кои сакаа да го сочуваат македонското име и идентитет.

Сегашните власти колку и да сакаат преку своите режимски медиуми да ги прикријат работите, не успеваат. Народот е мудар и двапати нема да се фати на јадицата на СДСМ. Како што помогна на власт да дојде оваа марионетска влада, така народот ќе и пресуди. Особено по непочитување на вољата од референдумот од 30 – ти септември 2018 г., кога со громогласен бојкот кажа НЕ на промената на уставното име. Народот повторно ќе ја каже својата пресуда на претседателските и евентуално предвремените или редовните парламентарни избори.

Може слободно да се каже дека по сите досегашни потези, СДСМ за век и веков ја изгуби довербата кај Македонците. Од друга страна ВМРО ДПМНЕ остана единствена голема македонска парија која ги штити македонските државни интереси и која набргу ќе се врати на политичката сцена како апсолутен победник. Тогаш улогите ќе се сменат и Груевски сигурно ќе се врати во земјата. И како што најавуваат преставниците на сега најголемата опозициска партија заедно со интелектуалците кои стануваат се погласни ќе започне ревизија и реставрација на се што уништија социјалдемократите, заедно со своите албански партнери од ДУИ.

Уништената држава на македонскиот народ мора да се обнови!

 

На прво место

News image

Бојкотот му одговара на Заев – глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ значи пад на власта!

Николоски:Бојкотот му одговара на Заев – глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ значи пад на власта!

Историја

News image

Македонија–создавана низ вековите

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ ВО СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сид...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (10)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – I ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (71)

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ГИ ПОТТИКНА НАУЧНИЦИТЕ ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА РАЗЛИ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.