Среда, 06 Март 2019   
Крвопис си, Македонијо!
Maja SlavevaМаја Славева

Зацрнета нацијо, безимена, преименувана, избришана во време кога си најслободна. Македонијо, народе македонски, нѐ поробија во тишина, со пенкало и вратоврски. Идентитетот забетониран, ни велеа. Името загарантирано, зачувано, нѐ лажеа. Преименуваните. Издадените. На оние на кои не им е грижа како ќе бидат нарекувани. Оние кои не се бунтуваат што ги делкаат душевно, правно и историски. Така не’ знаат во светот сега. А, Македонци сме, но со национална националност во реалноста.

Македонијо, ти чука ли уште срцето?

Македонијо, одродените се одрекоа од тебе. Јуда од Исус три пати се одрекол, овие од тебе секојдневно се одрекуваат цели 2 години. Знаат ли дека Господ во Библијата те чува?

Македонијо, го бришат ВМРО. Ги бришат и делата на Мисирков. И делата на Гоце, на борците, хероите, писателите, на дејците кои те воспевале, кои те ослободиле и кои те славеле. Ќе велат дека се бореле за нацијата, националноста, непознатата црна дупка во иднината, безимената и неопределената.

Во лице ти плукнаа, земјо моја, дедовино најсакана. Како турскиот ага и анамките кога ѝ плукале на Калеш Анѓа на црните зулуфи… Глава давам клето Турче, име не менувам – пеела со сета душа, да одекне цело турско маало, да ја чујат безбожниците!

Те плукнаа за некаква „логика“ на договорот или спогодбата од Преспа со Грција. Владава, односно куклената претстава во зградата која ја изгради ВМРО-ДПМНЕ за Македонија, официјално ги утврдила новите имиња на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот на државата, и тоа, ни помалку ни повеќе, според логиката на Преспанскиот договор.

Владата донела и одлука да ги задолжи, односно да им „укаже“ и „препорача“ на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно Договорот од Преспа и уставните измени.

Каде во тој проклет ваш меѓусебен договор е спомната промената на придавките „македонски/македонско“ во „национални“? Придавката во однос на државата, како што вели член 1, став 3 (ѓ), ќе биде во согласност со официјалното име на Втората страна или со нејзиното скратено име. Од кога сме ние северна национална, национална, национално северна нација? Од кога сме ние национални? Премолчена Македонија, премолчена македонска култура, се’ што е македонско е премолчено, забрането, пренесено во друга насока.

Национална нација, идентитет национален. Подло, многу подло, сдс! Го допревте дното одамна, но сега се закопавте подлабоко од кога било во вашата кариера и историја на постоење! Ниедна политика не ја водевте водени од македонските интереси, напротив.

Јас им се чудам и на тие коишто уште ве поддржуваат. Не можам, не сакам, не смеам да поддржувам лица во политичките кругови кои се водени од досега невидено предавнички интереси, а имаат за цел да ми го избришат минатото, да ме преименуваат, да не знам каде ми е иднината, да ми е срам што сум дел од оваа генерација во која таквите како вас виреат и делуваат врз цела една македонска нација!

Ужас, срам, потоп на еден цел вековен македонски идентитет!

Запаметени сте како Јуда на Македонија. Не би сакала никогаш да бидете заборавени! Да ве паметат како одродените! Генерациите се создаваат, идентитетот се пренесува, Македонија ни е во нас!

Македонија на нас Македонците ни е крвопис. Колку и да ве боли, колку и да ве пече Јуди, тоа е вистината. Исто како што е вистина и тешка иронија што поткупениот Јуда парите за предавството не ги однел во гроб. За нас нема крај, материјалното ќе го уништиме – за духовното да преживее во повторен историски запис!

https://republika.mk/kolumni/krvopis-si-makedonijo/

 

На прво место

News image

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.