Среда, 08 Мај 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ VIII

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ VIII

1. Голема возбуда во нашиов регион предизвика посетата на Папата Франсис на две доминантно православни земји - соседна Бугарија и историската прва визитација на еден Римски Papa на Република Македонија.

Искрено многу се радував на оваа посета на нашата зермја, во прв план како поранешен професионален новинар, бидејки беа најавени над 400 известувачи и новинарски екипи oд целиот свет. Со други зборови, Македонија на 7.мај беше тема на денот ширум целиот свет.

Да бидам искрен, мојот голем ентузијазам донекаде беше поматен од телевизиските изјавите на Папата за македонската и бугарската јавност емитувани во неделата (на 05.05.2019), пред Неговото патување во тродневна посета на Македонија и Бугарија!? Во изјавата за македонската јавност Неговата Светост ниту еднаш не ја спомена нашата земја поименично, туку само како "вашата земја"(Веројатно и тој самиот сакаше да избегне да не ослови со некаква додавка "северна" Но подискутабилна беше ТВ пораката за бугарската јавност, во која констатира дека "Киртил и Методиј го проповедале Евангелието во Бугарија". Патем, во една документарна емисија емитувана на МРТВ по повод оваа посета на Папата беше апострофиран традиционалниот став на Ватикан дека "Кога дава изјави или се обраќа по некој повод - Папата никогаш не греши"!? Нека не ми биде замерено но сметам дека Папата, или тие што му ја подготвија изјавата за бугарската јавност, погрешија, и тоа многу погрешија.

Имено, неспорен факт е дека непостои никаков документ дека Св. Кирил и Методиј воошто стапнале со нога на тлото на Бугарија, а камо ли да го проповедале Евангелието таму!!! Напротив, општо е познато дека: 1. Обајцата биле високи византиски службеници - Св Методиј како Византиски управител цели десет години во темата (регионот) Струмица, а Св Кирил како просветител; 2. Византија била во тој период во војна со средновековното бугарска држава! Следствено, нелогично е византиски службеници/мисионери да работат во земја со која империјата (чии службеници се) да ги праќа таму во мисија; 3. Обајцата - Св. Методиј како воен управител, а Св. Кирил, како учен човек биле испратени со цел да ги пацифизираат (Византија во средината на 9от век води жестоки војни со Сарацените, т.е. Арапите, на Блискиот Исток) македонските склавинии (полудржавни творби) преку религијата, за што им биле потребни книги на јазик и писмо разбирливи за локалното население, т.е. на с т а р о м а к е д о н с к и, или старословенски јазик, напишани на глаголица која за таа цел била стокмена во месноста Равен, на реката Брегалница, т.е во МАКЕДОНИЈА!!!

Папата Францис е Аргентинец и донекаде разбирливо е да не му се блиски овие (Европски) теми и сознанија, но би сакал да верувам дека во Ватикан има луѓе кои сепак би требало да ги знаат и наместо да му подготвуваат п о л и т и ч к и обраќања на Понтифот, би било подобро и за него самиот, но и пошироко да ја презентираат вистината во неговите обраќања!

Читам од програмата на посетата на Буграрија дека Папата ќе се помолил пред "престолот на Светите Кирил и Методиј!?" Kутрите Бугари, што се не ќе измислат за се залажуваат дека докажуваат, но и дека убедуваат други во нешто што не одговара на историската вистина (Патем, највисокиот орден што го доделува Бугарија исто така го носи називот "Св. Кирил и Методиј!").

Колку и да звучи смешно и будалесто, сепак Бугарите не ни се криви што ни ги крадат нашите вредности, кога актуелната влада им ги подарува на тацна. Жално!

Мисата што ја одржа папата на централнниот плоштад во Скопје Македонија помина во најдобар ред, а според проценките на неа присуствуваа помегју 12.000 и 15.000 народ. И самото присуство на Светиот Отец претставуваше чест за нашата земја, а за почит е и сознанието дека речиси половина од обраќањата во текот на службата беа на македонски литературен јазик којшто земјата од каде ни дојде на гости неговата Светост - не го признава.

Во Македонија, земја што ја дала првата Христијанка во Европа, Лидија, земја која триесетина пати е спомената во Библијата, Римскиот Папа во својата беседа не ја спомена поименично ниту еднаш (веројатно не сакаше да ја погани со новиот и наметнат назив во нејзиното име), туку главно беседеше за љубов, меѓусобно разбирање меѓу луѓето и слични пораки што речиси редовно ги испорачува при неговите визитации.

Честа ја спаси Бискупот Скопски Др Киро Стојанов кој во своето обраќање изговори - Македонија, токму така, ни "република", ниту "северна", за што од срце му благодариме. Додуша и Папата Франсис само еднаш го спомена Св. Климент Охридски и тоа беше се!

Како и да е, неодминлив е впечатокот дека станува збор за прва, историска посета на еден Римски Папа на нашата земја што верувам секако ќе биде тема за размислување и средување впечатоси и во самиот Ватикан. Впрочем, тоа наскоро ќе го видиме при посетата на Македонската црковно-државна делегација на Ватика на 24 мај, Денот на м а к е д о н с к и т е и сесловенски просветителиСв. Кирил и Методиј.

Мора да се одаде признание на организаторите на посетата на Папата бидејки се течеше беспрекорно, а во подготовките учествуваа 2.500 луѓе од 30 институции.

2. Најголемиот Христијански празник Велигден годинава ни го оскрвнавија група фанатизирани националисти и шпвинисти од Косово, членови на некакво си "културно" друштво Арбреши од Ѓаковица кои истакнаа огромно знаме на туѓа земја (Албанија) на славната Самоилова тврдина во Охрид. Провокација пар екселанс!

Арбрешите наводно сакале да снимаат ТВ-спот и десетметарското знаме им било како декорација за спотот!? Тоа што и низ самиот Охрид се шетале со албански знамиња, според изјавите, било дополнување на декорот.

Охридската полиција реагираше споро, неодлучно, а единствена санкција на ова безобразие била казна од 1.100 евра за водачот на групата и негово протерување и забрана за влез во нашата земја од пет години.

Во ситуација кога Косово се соочува со огромни проблеми: меѓународна изолација, непризнавање и замрзнување на преговарачкиот процес со Белград, треба да очекуваме и во иднина вакви и слични провокации што наметнува потреба од будност и брза реакција од власта (требаше целата група од куд Арбреши да се спакува и да се протера од земјата, а не само нивниот водич). Но посебно загрижува однесувањето на високи и дебело платени државни фукнционери (потпретседателот на Владата на РМ Бујар Османи и спикерот на Парламентот Талат Џафери) кои се обидоа да го минимизираат инцидентот и да оправдаат поставување на знамиња на туѓа земја, што дури еден Зоран Заев ги опомена дека неприфатливо и дека треба да се почитува нашиот Закон за знамињата.

Повторно укажуваме: и овој инцидент е опомена за актуелната власт дека најитно треба да се работи на издвојување на Република Македонија од групата со Албанија за отворање на преговорите за членство во ЕУ, во спротивно многу долго ќе си такпаме во место.

3. Во неделата (05.05.2019) во Македонија се случија претседателски избори. Сеуште не можам да се свестам од исходот на изборите! Се прашувам: што му згрешивме на Господа па така жестоко и безмислосно да не казни и да ни наметне тип како Стево Пендаровски, кадар на УДБА, кандидат избран и наметнат од Калето да ни биде "татко на нацијата" во следните пет години? Што направи мојот народ и гласачите? Ги хипнотизираа, ги дрогираа, што ли, за да гласаат како што гласаа? После се што ни направија: не обесчестија, преименуваа, ни го сменија уставот, прогласија двојазичност, не редефинираа со плафторми на ЦИА, пардон Тирански платформи, лажни ветувања за брзо членство во ЕУ.... И што ли уште требаше да ни се случи за да се освестиме за со својот глас да го стопираме овој нечовечен процес на размакедончување и да избереме жена, угледен професор за шеф на државата, а не безрбетник кој најави дека прва работа ке му биде да ги потпише сите (антимакедонски, наша забелешка) закони што Иванов одбиваше да ги потпише!

Се лутам и на нашинците во емиграцијата со право на глас! Драги браќа и сестри, ве има повеќе надвор од Македонија одколку во самата Македонија, или во она што ни остана од Македонија - во Републиката. Па каде бевте со своите гласови да помогните да го сочуваме она што ни остана и што не е разнебитено, распродадено и оскрвнавено од хунтата што "стратегиските партнери" ни ја наметнаа на власт.

Апелиравме, молевме да излезете да гласате, но апстиниравте и само неколку илјади го сторивте тоа, а ве има на стотици илјади ширум светот.

Но најголем дел од гревот сепак останува овде, дома, во Републиката бидејки речиси 30 години од прогласувањето на независноста не смогнавме сили, но и разум, да направиме македонско-македонска коалиција (зачинета и со претставници од малцинствата), туку власта на сите нивоа остана да зависи од три-четиринаесет одсто од гласовите на едно етничко малцинство!? Зарем од империите на Филип II, Александар и Самоил не остана ни трошка чуство за држава и државност??? Ќе не проколнуваат идните генерации, некадарници едни!

3. Најголемиот Христијански празник Велигден годинава ни го оскрвнавија група фанатизирани националисти од Косово, членови на некакво си "културно" друштво Арбреши од Ѓаковица кои истакнаа огромно знаме од туѓа земја (Албанија) на славната Самоилова тврдина во Охрид. Провокација пар екселанс!

Арбрешите наводно сакале да снимаат ТВ-спот и десетметарското знаме им било како декорација за спотот!? Тоа што и низ самиот Охрид се шетале со албански знамиња, според изјавите, било дополнување на декорот.

Охридската полиција реагирала споро, неодлучно, а единствена санкција на ова безобразие била казна од 1.100 евра за водачот на групата и негово протерување и забрана за влез во нашата земја од пет години.

Во ситуација кога Косово се соочува со огромни проблеми - меѓународна изолација, непризнавање и замрзнување на преговарачкиот процес со Белград, треба да очекуваме и во иднина вакви и слични провокации што наметнува потреба од будност и брза реакција од власта (требаше целата група од куд Арбреши да се спакува и да се протера од земјата, а не само нивниот водич). Но посебно загрижува однесувањето на високи и дебело платени македонски државни фукнционери (потпретседателот на Владата на РМ Бујар Османи и спикерот на Парламентот Талат Џафери) кои се обидоа да го минимизираат инцидентот и да оправдаат поставување на знамиња на туѓа земја, што дури еден Зоран Заев ги опомена дека неприфатливо и дека треба да се почитува нашиот Закон за знамињата.

И во оваа прилика да потсетиме на укажувањата од страна дека актуелната власт треба најитно да работи на издвојување на Република Македонија од групата со Албанија за отворање на преговорите за членство во ЕУ, во спротивно многу долго ќе си тапкаме во место.

5. Во саботата (04.05.2019) во Скопје по 15ти пат се одржа традиционалниот "Скопски Виз-ер маратон" со учество на 12.500 тркачи од 60 земји. Прекрасен настан и одлична организација со што можеме и треба да се гордееме. Но ние не би биле она што сме ако со навидум ситници не го расипиме впечатокот. Огромната фонтана од која блика вода на сред градскиот плоштад со споменикот Воин на коњ беше покриена со мушами, а вниманието на стотиците тркачи кои уживаа на мајското сонце го привлече лавежот на уличните кучиња кои нападнаа случаен велосипедист и го одзедоа вниманието на присутните. Гротескно, за жал.

6. По осми пат го повикуваме Јавното обвинителство да покрене постапка по допрен глас, овој пат од медиумот Викиликс (WikiLeaks) кој објави декласифицирана коресподенција помеѓу амбасадата на САД во Скопје и Стејт Департментот во којашто се тврди дека претставници од СДСМ биле во Приштина десетина дена пред терористичкиот инцидент во кумановско Диво насеље во мај 2016та година, кога беа убиени осум македонски полицајци и 14 терористи, од тоа четворица американски "инструктори" т.е. платеници, што ги прави соучесници во убиство на осум службени лица, бранители на Уставот.

7. Во дебатите по завршувањето на изборите во неделата лицето Стојан Андов повторно апелираше Обвинителството да покрене постапка по допрен глас за атентатот на порашниот претседатело Киро Глигоров отворено оптужувајки ги Љубомир фрчкоски и Бранко Црвенковски за нарачаетли на тоа (не)дело. А Јавното обвинителство дреме ли дреме и упорно не прави она за што е платено да прави.

Се прашуваме само: до кога???

 

На прво место

News image

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ, ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ. ...

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на западна Австралија

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на зап...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.