Среда, 15 Мај 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - IX

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - IX

По деветти пат го повикуваме Јавното Обвинителството да покрене истрага по допрен глас за терористичкиот напад во Диво насеље но очигледно обвинителите се глуви и не реагираат на се побројните повици да дејствуваат.

1. Историската прва посета на еден Римски папа на Македонија сеуште е тема на анализи во нашата земја, а она што со нетрпение го чекавме Светиот отец да го каже во богатата програма во текот на десетчасовната посета на 7ми мај - за придонесот на нашата земја за Христијанството како еден од столбовите на европската култура и цивилизација, Тој го искажа од високо, "во Господа", на височина од 10.000 метри, т.е. нa пресот со новинарите-известувачи во авионот на летот од Скопје кон Рим.

Во таа прилика Папата констатира дека Македонија е портата преку која Христијанството влезе во Европа бидејки жителите на македонско тло биле првите европејци на кои апостолот Павле им го пренесол христовото учење!

Неговата Светост Папата Францис во таа прилика исто така истакна дека македонскиот народ имa голема културно-историска традиција, но дури неодамна успеа да ја конституира својата државност.

Од срце му благодариме на Светиот отец за признанието што силно одекна меѓу една милијарда и двеста милиони Католици, но и стотиците милиони Православци.

2. На 5ти овој месец се случија претседателски избори и лицето Стево Пендаровски (СП) е петтиот шеф на Македонската држава. За власта, изборите биле "скандинавски", т.е. слободни, фер и демократски, но сепак бројни се рекациите за неправилости во изборниот процес. И овој пат мешањето на странскиот фактор беше неспорен и очевиден факт, само методите им беа различни. Наместо хистерично полнење на кутии со гласање на секои 2,5 секунди карактеристично за првиот круг на изборите на некои избирачки места, сега се применија многу пософистицирани методи. Во средини каде меѓу жителите доминираат малцинствата, по изјаснувањето на гласачките кутии, гласачите се прибирани во комбиња и други превозни средства и носени на локации каде им се исплаќани пари "franco dlanka", т.е во готово и на рака, за одработеното!

Од извори во Министерството за финансии дознаваме неофицијално дека, наводно, неколку дена пред вториот круг гласање на скопскиот аеродром се истоварени зелени пластични вреќи со седум и пол милиони евра (или долари, сеедно) за "награда" на гласачите што го подржале кандидатот на Калето, Стево Пендаровски. Толку за скандинавските избори!

3. На 12ти мај во Собранието на Македонија имаше инаугурација на новиот претседател на државата Стево Пендаровски. Во нормални прилики и во нормални држави тоа би било повод за радост и славење, но во нашиве околности, за жал, не е! Сегашната реалност е: Калето ја контролира власта во нашата земја на сите три нивоа и тие си имаат: а) свој (!?) шеф на држава, б) свој (!?) претседател на Собрание и в) ептен нивен претседател на влада! Сега Калето има потполна контрола на власта во некогаш суверена Република Македонија и само фали уште да не усвојат, т.е. да не инкорпорираат кај нив како 51ва сојузна држава на САД и кај ќе ни биде крајот (се мајтапам, се разбира)!

А кога говориме за самиот чин на инагурацијата во Собранието, не знам од каде да почнам!? Уверението од Државната изборна комисија дека е победник на изборите со што стана нов претседател на државата, а што С.П. го потпиша, е д в о ј а з и ч н о, на македонски и албански јазик согласно усвоениот неуставент Закон за јазиците. Понатаму, С.П јавно се обврза (?) дека демек: "ќе се грижи за сите граѓани подеднакво и ќе подадел рака кон сите политички партии..."!? А како мисли тој (СП) да подаде рака (и кој ке му ја прифати раката?), а не најде за сходно ниту да го покани лидерот на најголемата политичка партија во Македонија, сега во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски?

Стево, не знам кој ти го аранжираше протоколот за церемонијата во Собранието, но би требало да знаеш за во иднина: во цивилизирани земји лидерите на власта и на опозицијата седат заедно, еден до друг, или неспосредно во челни позиции за да покажат и да манифестираат пред целиот народ дека и во болка и во радост, кога е во интерес на сите граѓани, тие се на истаеднаква??? Ти Стево и не си морал да ги знаеш овие детали, но секако морале да ги знаат тие што ти ја спремаа церемонијата.

На инагурацијата присуствуваа само четири претседатели на држави и еден премиер од соседството, како и неколку министри и заменици министри. Значи многу скромно претставување што секако само по себе говори за многу малиот респект кон тебе, или кон нашата земја или и двете што секако треба да те замисли Стево! Каде беше Столтенберг Стево? Па нели годинава ке станеме членка на Алијансата? Еден стратегиски партнер прати заменик министер за надворешни работи, друг стратегиски партнер прати министер, но не чув како беше претставено Калето кое, впрочем, те донесе на власт наводно како "консензуален" кандидат?

Од друга страна, високите гости од странство беа "уважени" церемонијата на инагурацијата да ја следат од еден дел од балконот во собраниската сала, небаре се на оперска претстава со убав поглед на сцената, но затоа пак неколкуте кокони и министерчиња од Владата беа седнати во првиот ред во салата, веднаш наспроти СП. Каков протоколарен дилетантизам!

4. Изминативе денови се навршија четири години од инцидентот што го предизвикаа балистички терористи уфрлени од Косово во кумановската населба Диво насење при што загинаа осум македонски полицајци и 14 терористи, од тоа четири "инструктори" од Американската база Бондстил на Косово. Иако официјална верзија за овој терористички акт до сега не чувме, актуелниот македонски министер за полиција даде една изјава (очигледно со цел да ја дефокусира јавноста), според која "инцидентот бил предизвикан за да се скрене вниманието од бомбите" (станува збор за објавувањето на илегално прислушкуваните телефонски разговори).

Не чувме, за жал, никакви коментари, за објавувувањето од страна на Викиликс на декласифицираната кореспонденција помеѓу амбасадата на САД во Скопје и Стејт Департментот во која многу јасно е кажано дека политичката партија СДСМ остварила контакт со косовскиот премиер и воен командант на ОВК Рамуш Харадинај за учество на актери од Косово во кумановските терористички настани!!! Чудно, но на ова сознание не реагираше ни опозицијата која всушност имаше в'раце неоспорлив доказ за соучество на владеачката СДСМ во подготовката и извршувањето на терористички акт во којшто беа убиени дури осум македонски полицајци. Значи, станува збор за соучество на СДСМ во у б и с т в о на осум македонски службени лица што е тежок криминален акт!

Истите денови - 9ти и 10ти мај 2016та година, кога се случи терористичкиот акт во Куманово, лично бев во амбасадата на РМ во Виена пред која група, наводно македонски Албанци, протестираа извикувајки погрдни зборови против претседателот на ДУИ Али Ахмети и против Зоран Заев, што само потврдува дека станува збор за синхронизирана акција.

5. По деветти пат го повикуваме Јавното Обвинителството да покрене истрага по допрен глас за терористичкиот напад во Диво насеље но очигледно обвинителите се глуви и не реагираат на се побројните повици да дејствуваат.

6. Осведочениот пријател на Македонија, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, беше поканет во Вашингтон на средба со Американскиот претседател Доналд Трамп. Очекувам дека неминовно станало збор за заедничко спротивставување на Трамп и Орбан против белосветскиот берзантски шпекулант Џорџ Сорос и ноторната "длабока држава".

 

На прво место

News image

Koлега на Македонец од Зимбабве има порака до сите Македонци

Koлега на Македонец од Зимбабве има порака до сите Македонци

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.