Среда, 29 Мај 2019   
ЗАЕВИЗМОТ ВЛАДЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Dusan RistevskiДушан Ристевски - Македон, Австралија

ЗАЕВИЗМОТ ВЛАДЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА

(Забелешка: Заевизам е нов тренд на луѓе со ниска интелигенција)

Се потврди она што претходно го пишував дека Заев е паталошки лажго (да не правам листа на неговите обеќавања и лаги – листата е поголема од онаа од лагите на Атињаните); преку предвреме испреплетените планови со Атињаните и Европејците да ја закопа Македонската нација преку Преспанскиот договор се виде дека е психопат со ѓаволска уништувачка тенденција, а еве сега гледаме дека неговиот мозок е тотално исушен од марихуана. И што може да се очекува од таков човек, како заклучок, кој има мозок на една мува, од оние коњските. Затоа Републиката стана северна; патриотите кои влегоа во парламентот да ја заштитат својата нација станаа терористи, а терористи кои во „Диво насеље“ убија повеќе Македонци се бара да се прогласат за не-терористи (апсурд на векот); судството стана коруптирана тиква – без семки; античката историја им се даде на Атињаните, а поновата историја на Блгарите; македонската нација ја избриша и од неа направи нова – северно Заевска. Македонскиот јазик го обеси и замени со албански за на крајот Заевската (завеана) држава да добие нов официјален јазик – Неписмен јазик (кој редовно се употребува во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување). Не е чудно што Македонците од Дијаспората не можат да добиваат пензии, не даваат мито и не знаат да комуницираат на тој јазик. Затоа Македонци од Дијаспората, „учете“ го јазикот што Заевистите ви го препорачуваат - Неписмен јазик!

Но покрај нискоумните кои го следат Заевизмот (нов тренд на луѓе со ниска интелигенција) го следат и среброљупците како владиката Наум, а покрај него за жал и самата МПЦ, ќе профитираат од Заевската марихуана, ќе ги уништуваат младите македонски мозоци за полесна контрола и злоупотреба. Како ќе се контролира одгледувањето и преработувањето на марихуаната? Сигурно со лица од кланот на Заевци кои се над закони и извршители на закони кои не го почитуваат не само законот туку ни уставот. Во Австралија, каде има голема почит кон законските норми, владата не се осмелува да се впушти во такви зделки бидеќи ризикот од злоупотребата на таа индустрија е голема.

Против Преспанскиот договор реагираше само македонската Дијаспора, како и Атињаните кои жестоко истапуваа, предводени од нивните политичари, владици и попови. А Македонците во Република Македонија излегуваа на протест со страв од прогонство и немаше кој да ги води, македонските владици правеа марихуански зделки со Заевци, политичарите со Сорос и ЕУ. Заев лажеше дека со правење национални отстапки со Грците, овие ќе ни „поддадат рака на пријателство“. Како замаени од психопатот Заев, Македонците (повеќе од 15,000) за време велигденските празници ја посетија Грција и им ги оставија тешко заработените евра за да бидат омаловажувани и понижувани, колите искршени и графитирани.

На Евровизија, Атињаните на Тамара Тодевска и дадоа само еден бод – ете колку не сакаат и почитуваат. Нивната омраза кон Македонците е влезена во нивниот ген и тоа не се одкоренува. Тешко ми е да гледам како Македонците се понижуваат – им дозволија на Заевци (лица со ниска интелигенција) да го сменат името и сега ја продаваат својата душа и гордост кои немаат апсолутно никаква вредност.

Сегашната предавничка влада знае дека нема никаква подршка од Дијаспората и затоа сé се направи да го попречи гласањето за претседателските избори. Многу Македонци што поднесоа барање за регистрација за гласање нивните молби завршија кај Заевистите, а на Државната изборна комисија им е чудно што Дијаспората е пасивна. Доколку сегашната, како претходните влади, е заинтересирана за Дијаспората, тогаш гласањето ќе можеше да се изврши во сите градови во Австралија по електронски пат, а не гласачите да бидат изложени на трошкови од неколку илјади долари да дојдат до гласачките места во Канбера или Мелбурн.

Се спомна дека повеќе илјади евра ги коштало државата за да се овозможи гласањето во Дијаспората, која ни побара ниту пак сака да се меша во валканата игра на владата. Да бидеме искрени, парите се потрошија да им се платат патните и трошковите за одмор на испратените службеници кои зборуваа само Неписмен јазик и ги прашуваа гласачите за кого ќе гласаат – невиден недемократски однос кон гласачите врз кои се влијаеше. Ете на какво „дереџе“ дојдовме од Заевистите.

Претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ правеа напори да ја вклучат Дијаспората во развојот на Републиката (посебно во почетокот) но со времето сето тоа замре. Сегашната Заевска предавничка влада не сака, а ниту може да соработува со Дијаспората. Знае дека ќе има отпор, а Дијаспората и не сака да сораборува со коруптирани политичари и предавници – за нас нацијата и државата е важна, не е важно кој ќе владее, важно е да биде влада која ќе ја штити и почитува македонската државност, јазик и нација.

За Дијаспората оваа влада е составена од предавници и ѓаволи и поради тоа не сака да биде дел од она што се пласира преку разновидните владини институции. Македонците од Република Македонија си го избраа Заев па еве сега и Пендаровски, па нека ви се живи – си ги заслуживте кога ништо не научивте од своите грешки. И да знаете ние никогаш нема да подклекнеме и бидеме некакви северомакедонци туку само МАКЕДОНЦИ.

Нашата борба можеше да биде заедничка за подобар просперитет на нашата држава но сега за жал Дијаспората треба да се бори и против своите Македонци кои се под влијание на ѓаволот и заевизмот.

Правдата еден ден ќе победи.

АМИН!

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.