Среда, 29 Мај 2019   
Наместо чистка, доблесно е лидерот на СДСМ да си даде оставка

a 1Свекрва

Наместо чистка, доблесно е лидерот на СДСМ да си даде оставка

Откако на европските избори убедливо беше поразен, грчкиот премиер Алексис Ципрас најави предвремени избори наредниот месец. За разлика од него македонскиот премиер Зоран Заев лошо ја разбра пораката на лошите резултати на претседателските избори во земјата и наместо предвремени избори, направи чистка во СДСМ, но притоа не размисли за соствена оставка. Интересно е што пред да започне операцијата „Метла“ во СДС и реконструкцијата на Владата, во домот на Заеви на гости бил косовскиот премиер Рамуш Харадинај со сопругата!!!

Сириза, која е на власт од 2015, претрпе тежок пораз на изборите за нови делегати во Европскиот парламент, заостанувајќи зад главната опозициска партија Неа демократиа за околу 9 проценти (Нова Демократија 32,08 %, Сириза 24 %). Иако мандатот на Владата истекува во октомври, не можејќи да ги игнорира изборните резултати, Ципрас најави предвремени парламентарни избори.

Лошите резултати на Ципрас и на Заев во најголем дел се поради Преспанскиот договор, со кој Македонија доби ново име Република Северна Македонија. Но додека Ципрас оди на нови избори, Заев нема храбраст за таков чекор. Тој нема храброст ни да си даде оставка. Наместо избори или сопствена оставка, тој направи метла во редовите на својата партија, а ќе оди и на реконструкција на Влада со поддршка од надвор.

Во неделета вечерта, под диригентската палка на лидерот Заев, Централниот одбор на СДСМ ги разреши генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски, шестте потпретседатели на партијата Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Закири и Благој Бочварски, организацискиот секретар Миле Зечевиќ, претседателката на Форумот на жени Цветанка Ласкова и др.. Овие позиции, како што се најавува, треба да се пополнат на нова седница на ЦО во текот на јуни.

Лидерот на Социјалдемократите Зоран Заев не чуствува потреба да си поднесе оставка бидејќи како што изјавува ги решил проблемите со Грција и Бугарија и успеал да го сплоти народот. Меѓутоа, Заев заборава дека се што направил, направил без одобрување на своето членство, ниту пак на сопствениот народ. Тој не го послуша сопствениот народ кој на референдумот во септември минатата година со бојкот го кажа својот став дека е против промена на името.

Но, Заевистите кои го сменија името на земјата, се откажаа од сопствената историја, но заборавија една работа што после Ципрас. според резултатите за нови делегати за Европскиот парламент, Ципрас и Сириза се на заминување, а Македонија допрва ќе биде изложена на проблеми доколку на вонредните избори добие партијата Нова Демократија.

Наместо чистка во СДСМ, доблесно беше Заев да си дадеше оставка и да побараше предвремени избори. Меѓутоа, тој за да ги зацементира своите позиции се одлучи на внатрешна чистка и владина реконструкција.

Но, реконструкција која набрзо треба да се случи ќе биде резултат на новите барања на Ахмети, кој треба да ги наплати испорачаните гласови за претседателските избори. Се очекува Заев да даде нови концесии на својот коалиционен партнер за да ја спроведе најавената владина реконструкција и смените во директорските фотелји. Во пресрет на оваа реконструкција не е случајно што Харадинај беше во домашна посета кај човекот кој ја прифати Тиранската платформа и наместо да ја сплоти ја подели земјата.

Сите овие настани (промена на името, Договорот со Бугарија и прифаќањето на Тиранската платформа), во кои дојде до израз авторитарниот пристап на Заев, кој не трпи приговори ни од најблиските соработници, се повеќе го зголемуваа незадоволството кај Социјалдемократите.

Последниот чекор, остранувањето на сите оние кои не се согласуваат со неговата пугубна политика и оние кои ги смета за опасни по неговата позиција на наредниот конгрес, е уште една искра која може да доведе до промени во самата партија во текот на летото.

Се ближи постизборниот конгрес, кога ќе се сумираат резултатите од претседателските избори. Ако се сумираат и другите резултати од сите полиња на општествениот живот, тие се катастрофални. Оттука Зоран Заев кој се што сработи од кога е на власт е против интересите на македонскиот народ и неговата држава треба да си замине не само од премиерската, туку и од лидерската позиција на Социјалдемократите.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.