Вторник, 18 Јуни 2019   
Македонија, две години потоа – БЛЕСКАВА ЅВЕЗДА „СЕВЕРНИЦА“ ИЛИ ЦРНА ДУПКА ВО ЕВРОПА
страшо ангеловскиСтрашо Ангеловски

Македонија, две години потоа – БЛЕСКАВА ЅВЕЗДА „СЕВЕРНИЦА“ ИЛИ ЦРНА ДУПКА ВО ЕВРОПА

Еве веќе две години обичниот македонски граѓанин ретко излегува од дома бидејќи му претставува проблем да се движи низ државава од блесокот што не опкружува. Зашто, блеска се’ околу нас, блеска стопанството, индустријата, земјоделието, блескаат новите 480 километри автопат, блескаат десетиците нови градинки, новите клинички центри, блеска судството, здравството, образованието, со еден збор блеска целата држава.

Но, откако ќе си купите скијачки сончеви очила, оние кои скијачите ги користат против јаката сончева светлина и силниот одблесок од снегот, може да прошетате низ државава што блеска. Со вашите 500 евра плата, плус заштедата од неплаќање радиодифузна такса, тоа ќе ви биде мал трошок. Доколку сте лекар, па имате плата од 100.000 денари, уште полесно. Ако сте од Росоман, наместо да ги фрлате праските, ќе си продадете 500 килограми и ќе си купите од поевтините очила, а ако сте од Преспа, ќе си продадете 1 (и со букви: еден) тон јаболка и очилата се ваши. Па,така опремени, со најтемни очила и најсветли мисли, ќе се провозите по новите автопати, ама немојте во еден ден зашто сепак е тоа многу возење, цели 480 километри, па ќе ги разгледате новите детски градинки, ќе влезете во реновираните студентски домови, во новиот клинички центар, кој штотуку не е завршен, ќе ги посетите новите фабрики изградени со странски инвестиции од над 700 милиони евра, внатре ќе видите четириесеттина илјади насмеани, тукушто вработени сограѓани. Ако имате среќа ќе ви дозволат да влезете и во просториите на светските гиганти како „Фејсбук“ и „Гугл“, кои еве веќе две години егзистираат во Македонија.

Па, некаде на 370-от километар од новиот автопат ќе ве сопрат да ви ги вратат парите од ДДВ – то, за да имате за трошок по пат, зашто ако сте неразумен во трошењето, ниту платата од 500 евра, ниту веќе три пати покачената пензија нема да ви стасаат. И така, темните скијачки очила си ја вршат работата, па не постои блесок што може да ве спречи да ги поминете тие 480 километри прекрасни нови автопатишта, па преку границата што не е тоа, да поминете и во соседството. Нормално, во уште една блескава приказна, кај нашиот пријател Еди Рама. Во блескавата држава, во која граѓаните од восхит, со фрлање камења, му посакуваат добредојде. Па, да не знаете што блеска повеќе, дали готовиот производ, што велат Рама со своите дилери го дистрибуира низ Европа, или плантажите со „трева“, овде кај нас, во сопственост на блескавите владетели на блескавата ни држава.

Ако сте пак од оние најсреќните, можеби патем ќе го сретнете дури и „датумот“. Ќе го допрете, ќе го почувствувате, ќе му се порадувате. Оној датум, што минатата година го добивме, а годинава ни избега за малку, небаре е годишна награда на Друштвото на писателите, па се доделува за најуспешно дело во областа на научната фантастика. А, и треба да провериме, можеби тие во друштвото, од сеир ги промениле пропозициите, па сега наградата ја доделуваат на секои две години и ни се потсмеваат од некој агол. Ако е така, следниот јуни можеби пак ѓе го добиеме. Датумот, се разбира, оној за отпочнување преговори со Европската Унија.

И некаде на крајот на патот, на 480-от километар, пред вас ќе сретнете табла на која наместо „Збогум“ пишува – „Ако масата на ѕвездата е поголема од определена критична граница која се нарекува Чандрасекарова граница, доаѓа до бесконечно собирање во физичка сингуларност, од која веќе не може да побегне ниту светлината и настанува ЦРНА ДУПКА“.

Нормално, најпрво ќе се зачудите, а потоа смирено вадејќи ги скијачките очила ќе прочитате појасно – „Ако масата на насилство, неправди, измами и лаги на ѕвездата е поголема од определена критична граница која се нарекува граница на глупоста, доаѓа до бесконечно собирање во лудилото на власта, од кое веќе не може да побегне здравиот разум и настанува ЦРНА ДУПКА“.

И така, без скијачките очила на себе, самите себе си ќе си одговорите – дали е Македонија блескава ѕвезда „Северница“, или црна дупка во Европа.

За крај. Многумина од сегашнава опозиција, разочарано ми велат дека им е криво што на сегашнава власт на СДСМ, додека беше опозиција, и требаа прес-конференции што траеја со часови за да можат да набројат што се’ од изграденото од поранешната власт, ќе урнат. Зашто, реално, толку многу беше изградено. А, ние денес, велат, ниту една прес-конференција од 10 секунди не можеме да одржиме на таа тема. Па, дури распишале конкурс со високи награди, нормално, на кој треба да се пријави се’ што некој знае дека е изградено од актуелнава власт во последниве две години. И еве, велат, поминаа две недели, а ниту една единствена пријава.

За да им олеснам – најпрво ќе ги изорате овие 480 километри нов автопат, потоа ќе го урнете новиот клинички центар, па ќе ги протерате „Фејсбук“ и „Гугл“, па…

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

 

На прво место

News image

Заев потроши три години од својот мандат на растурање на државата

СДСМ и Зоран Заев ги осиромашија граѓаните. 22% од граѓаните едвај преживуваат. 7% од пензионерите...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.