Среда, 26 Јуни 2019   
ВМРО ДПМНЕ е многу повеќе од партија, ВМРО е народот

Nikola Gruevski 2

Благодарност до Никола Груевски за се што направи за ВМРО ДПМНЕ и Македонија!

Nikola Gruevski 1

Будимпешта, 10 јуни 2019.

„Ја поклонувам оваа книга „Искуства за иднината“, која произлегува од мојот докторски труд на мојот пријател и соработник Мане Јаковлевски. За нашата успешна соработка, за заедничката визија за Македонија, за успесите, довербата, пријателството и убавите спомени од едно време кога Македонија силно напредуваше, се градеше, реформираше и се бранеше. Во знак за благодарност, Со почит Никола Груевски“ -пишува во посветата која авторот на кигата „Искуства за иднината“ Никола Груевски му ја дарува на својот пријател и сопартиец Мане Јаковлевски.

Изразувајќи благодарност за гестот и напишаните топли зборови, Мане Јаковлевски истовремено ќе изрази огромна благодарност за сето она што во изминатите години Никола Груевски го направи како лидер на ВМРО ДПМНЕ и како премиер на Македонија. Тоа беа години, како што и самиот Груевски ќе наведе, кога Македонија напредуваше, се градеше, се правеа реформи и успешно се бранеше името и идентитетот на македонскиот народ.

Слободно може да се наведе дека под раководство на Никола Груевски партијата ВМРО ДПМНЕ ги достигна своите светли мигови и дека тој беше најуспешен премиер кој досега го имала Македонија.

Од 2006 па се до 2016 година, ВМРО ДПМНЕ под раководство на Никола Груевски знае само за успеси на изборите. Но по излегувањето на т.н бомби на почетокот на февруари 2015 година и со мешање на странците, иако ВМРО победува на изборите во 2016 не успева да состави влада.

Под притисок на центрите на меѓународниот фактор, кои се инволвирани во Пржинските договори, со цел Македонија да го смени името и идентитетот, започнува падот на ерата на успешното владеење на Груевски.

Успесите постигнати во одбрана на името, како и за време на најголемата економска криза во светот, не им одговараше на центрите на моќ. Во моментот кога низ Македонија требаше да поминува „Јужниот ток“, земјата се најде на линија на огнот, а Груевски стана непосакувана личност за центрите на моќ, кои преку аболираниот политичар Зоран Заев ја започнаа играта за соборување на Груевски.

Во стилот „крадецот вика држте го крадецот“, лидерот на СДС Зоран Заев, во февруари 2015 година започна со објавување на т.н. бомби незаконски снимен материјал, кој подоцна послужи за политички прогон на Груевски и дел од неговата екипа со која успешно раководеше десет години со земјата. Покрај спроведениот политички прогон, со оглед дека во прашање дојде и неговиот физички опстанок, Груевски се засолна во Унгарија.

Се што успешно градеше владата на Груевски, денеска Заевистите го распродаваат.

Тие го сменија името, на Грција им ја остапија античката историја, а на бугарија им го дадоа цар Самоил и просветителите Кирил и Методиј. Кога веќе мислевме дека има крај на глупостите на денешна власт, сега, додека академиците кои градеа кариери на оваа тема молчат, тие сакаат да докажат дека и Гоце Делчев бил Бугарин, Ако таква глупост може да тресне и личност од ранг на претседател, тогаш можеме само да кажеме Бог да ја чува Македонија.

Никола Груевски можеше многу одамна да го смени името за да влезе земјата во ЕУ и НАТО, но тој беше свесен дека соседите нема да се задоволат само со тоа и дека уцените нема да имаат крај.

Но тоа што одамна му беше јасно на Никола Груевски, да се надеваме сега го сваќа (ако воопшто го сваќа) Зоран Заев, кој и покрај промената на името, сега се соочува со нови уцени од страна на Грција и Бугарија за влез на земјата особено во ЕУ.

Жестоките и ниски удари кои ни се случуваат се само уште еден силен мотив за ВМРО-ДПМНЕ уште поодлучно да ги збие своите редови. ВМРО ДПМНЕ е многу повеќе од партија, ВМРО е народот.

Единствено во овој момент кој преставува пречка во распродажбата на тоа што сеуште остана од националните интереси на државата е ВМРО ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски.

Потребно е само Христијан Мицкоски да продолжи со истото темпо за да на следните предвремени или редовни парламентарни избори, биде исчистена и излечена земјата од оваа Заевистичка болест.

Христијан Мицкоски мора да работи, Македонскиот народ да се обедини за да се спаси од Заевистичкото зло. За таа цел потребно е на луѓето што се заблудени поради простотилок и незнаење, како и на оние кои поради лошотија и расипаност ја подржуваат сегашната власт да им се објасни кон каде злото на Заевистите ја турка земјата. Всушност на овие луѓе мора да им се прости и тие мора да се привлечат за македонската кауза, пред сегашната власт тотално да ја уништи македонската куќа.

Штетата која ја нанесе оваа владина гарнитура е ненадоместлива од секој аспект од државниот систем, едноставно државата се распаѓа. Затоа ова лудило ќе запре со победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени или редовни парламентарни избори.

Македонскиот народ кој го издражал римското владеење, византискиот притисок, османлиското ропство, балканската тиранија, никогаш нема да се помири со оние кои му го одземаат името, јазикот, идентитетот и природниот стремеж да биде слободен стопан во својата куќа.

ВМРО ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната Република Македонија и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ.

Никогаш северна, само Македонија!

Македонија вечна!

АМИН!

Македонска нација

 

На прво место

News image

Пранкот не е мртов

Светислав Васев

Историја

News image

Над 1000 Македонци, меѓу кои и половина од делегатите на АСНОМ, завршиле на Голи оток

Над 1000 Македонци, меѓу кои и половина од делегатите на АСНОМ, завршиле на Голи оток

Иселеници

News image

42 години од формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” (5)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Кузман и Дамјан - летни

Проф.Др.Марко Китевски

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (17)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  I ДЕЛ Делото „Од Панонија до Егеј“ од Антоније Шк...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.