Среда, 03 Јули 2019   
Македонија нема ништо против сите да бидат среќни

90Пишува: Гоце Марков, колумнист, Македонец и Човек

Mojaта Борба

Моите книги, мојата лична библиотека ќе биде на мојот син, па на неговиот син…тие ќе знаат, ќе говорат, а Вие, земете си ги вашите лукави Комисии кои секако ги плаќаме од нашиот буџет и кои немаат никаков регулаторен механизам (,,одбрани” луѓе), типични егзамплари на власта, без своја своина, без јас во мене, без црнила во ноќта, без сонце во денот…

Тие луѓе, земете си ги…носете си ги дома!

Овие Комисии не се мојот глас! Не се резултат на Данокот кој уредно го плаќам во оваа држ…,,територија” веќе, не се резултат на сметките кои уредно ви се платени секој месец…кога се ќе раскрчмите и кога и 157-мата матрица на партиски Војник ќе ви се освести, ееее тогаш ќе биде доцна.

Да, да, доцна за сите! Туку уште сега гледајте го залезот на македонската историја, зошто излегува дека мојот професор не ,,лажел”, дека сите ,,лажеле” или сега исправаат криви Дрини во корист на истата фалсификувана и фабрикувана блиска а далечна историја!? Мојот интегритет не се 100-те колумни и петте книги кои умреа во смртта на својот очај?!

Веќе намерно и со цел ќе ги издадам во белото видело, да се родат како грешни мисли на праведни, отколку да умрат абортирани и во абортираните умови на неродените новокомпонирани. Нема да дозволиме да плукате по Македонците! Нема да дозволиме да миете рацете со душата на мртвите!?

Педа земја, педа мртовец!

Не ли ви значи? Власта е слатка изгледа? Ама затоа е минлива категорија! А Мекедонија требаше подобро да ја чуваме!?

Потфрливме, потфрлија како генерација? Останаа троа ,,идеалисти”, малку вистинити, некои можеби и интересџии, ама сепак верни. И после многу време , ќе бидат запаметени Сите!!! И Потписниците, и оние кои се криеја, и Ние кои останавме верни на СЛОВОТО, на Зборот наш насушен, на митологијата која станавме…

Нека не ве фаќа страв и паника, Вие не сте ми таргет, никогаш не сте ни биле! Вие сте само профитери кои не си ја сакаат Македонија! Вас не ве ни перцепирам!

Мојата Цел е Македонија! Таа ќе опстане, а Вас за среќа на сите ,ќе ве нема како извршители на нејзината судбина!?

Ќе ве нема на политичката сцена, зошто дотука било…

 

На прво место

News image

СДСМ треба да ги бара во своите редови членовите на рекетарско-политичко-судско-медиумски октопод

СДСМ треба да ги бара во своите редови членовите на рекетарско-политичко-судско-медиумски октопод ...

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.