Среда, 10 Јули 2019   
Zoon politicon

Goce MarkovПишува: Гоце Марков, колумнист, Македонец и Човек

Zoon politicon

Индиферентната природа на луѓето во спектарот на надворешни соработници и неми набљудувачи не донесе до ова ниво на колекционери на дневни вести од трета класа и фискални сметки со поврат од 0.19!

Па Бога ми еден и единствен, повеќе и не заслужил Народ кој се крие!?

Од детството па се до денес, постојано нешто собира а ништо продуктивно...сто илјади пати помножено со нула е...довчерашни барјаковеачи и автобусоуживатели, стари јаки тврдокорни а и новокомпонирани, сега вртат марихуана на ангро во локалните шпионски претставништа!? А бре ми се гади од Вас!

Овие другиве бар имаат доблест да се изјаснат кои се, јавно да кажат!Какво идеализирано општество, какви бакрачи? Па вие шлајфате у место триесет години, вие г-да сте вечни владетели, вечни улизици и хемороиди во шупакот де на овие де на оние, неважно!

Вие сте онака, воопштено најниското кај човековиот род, вие сте Алфа и Омега на локалните одлуки, вие сте ,,столбот" на секој колектив, вие сте алката која ги поврзува двата света...без вас би биле одделени со кантони и со утопија!?

Сонот, имагинарното како дете ми беа сенка на ѕидот а сега не се ни суета.

Кантонот на баба ми, паметам како дете беше втор дом или прв за првоборец награда, а за жената само обврска да раѓа повеќе деца.

Како до опшество по мерка?-праша политичкиот комесар!

,,Не е совршено она што ке се направи совршено, но и самиот пат до тој чин треба да биде – Непоколеблив."

Самата смисла на Ничеовиот ,,самосвесен" пат кон пронаогање своја лична филозофија е обезбедување интелектуална независност, а со тоа што неколку години однапред на своите познаници би им ги простиле сите можни гревови (теистичкиот принцип на простување).Оваа (пре)обработена мисла на Ниче е всушност само логички патоказ кон себепронаогањето и себеспознавањето со вракање кон т.н. Исусовски модел, иако повекето лаици-интелектуалци го категоризираат Ниче во атеистичкиот дел на се она што се вели етика, морал и духовни перспективи.

И Ниче верувал во Бог ама бил многу лигав!?

Преку етиката, теорија на Ч.М.,,Заробениот ум", значи говориме за отфрлање на стариот модел на бирократија на еден, заробен ум, кон создавање на професионализам ослободен од ,,партиските" стеги и задржувањето на интелектуалното ткиво .

Со самиот процес би се одредила медио-популацијата за одреден политичко-економски систем ослободен од двете страни на власта.Имаш медии инсталации-работници, интелактула-носач и потрошувач-Влада?!

Во суштина тоа би било обезбедување на стартни позиции на т.н. zoon politicon, или пак формирање и пополнување на работни места по теркот на довчерашниот реал-социјализам во транскрипт, по ургенција, роднини, а бре каков е...н капитализам!?Од филозофско-политички аспект значи,адекватност, компетенција, квалитет и промовирање по заслуга.

Наместо утопија може да видиме контрапункт а тоа е проституција со  невиноста на територијата која се договара да се венча во здоговорен брак наречен Кантон.Која слобода на одлуки?

За да овој утопистички приказ на авторот прозвучи побезболно тоа би се пресликало вака:

а)Избор на кадар по квалитет или трупање на негативна селекција по теркот на ,,владини директори", шема од '91-та до денес!?

б)Преквалификации по теркот на Западната машинерија задржувајки го респектот на традицијата, наспроти купување дипломи и вработување по линија на Дизел!?

В)Подигање на свеста на новиот Македонец , продуховен и културно обогатен без ,,јазични" обременувања и рамки во состав на  македонската традиција.Така и и самиот лајт-мотив освен ослободување на простиот homo consumens, економски и политички зависен, да разговараме за националните чувства, наспроти апатридите и трговците со човечки души.Наспроти ова го имаме новиот систем на ,,вредности", шарен, лажен, несигурен и обезбеден со сила од надвор.Се ви е лага!

Во таква корелација настанува конфликт на ,, потрошувачката болест", наспроти идеализмот на освестените национални чувари без разлика на религија, партија, пол или возраст.

Со горенаведените три постулати  дебилната желба на потрошувачот-единка би се развила во концептот – паразитизам, кој пак е зависен од бенефициите на одредена политичка гарнитура, на одредено време и на одредено дејствие.Таквите единки се донатор на опшествени вирусни инфекции кои го деградираат колективниот конзервативен модел на политичко општење.

Иако звучи Фромовски и труло, генерален заклучок е дека и самиот чин на психолошка одредница на една интелектуална единка, всушност  не е чин на конформизам, но чин на идеализирана и напредно – прогресивна матрица, различна од простата мејоза на свеста која се униформира скриена под плаштот на  оваа или онаа партија.

Духот на индивидуата и формирањето на ,,колективна свест" позајмено од аналите на марксизмот и ден-денешен е погодно тло за култивирање на заробените умови.

Новата ментална матрица е селекција на оправданите и неоправдани  средства да се постигне ефектот на ,,стаклени нозе" или да се разобличи лагата и да се наметне вистински дискурс на лаѓата!

Е бегаат!Ќе бегаат!

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.