Среда, 17 Јули 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XVIII

Martin Trenevski

М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XVIII

1. Eурека! Конечно ни пристигна новата американска амбасадорка, Н.Е. г-ѓа Кејт Мери Брнс. Таа важи за професионален дипломат со 26 години дипломатско искуство, а последната мисија и е заменик амбасадор на САД во Атина што подразбира дека многу добро ги знае проблемите меѓу нашата земја и Хеленската република. Н.Е. Мери Брнс активностите ги започна со присуство на отворањето на фестивалот Охридско лето, ама на враќање од Охрид се заслади со гостиварска баклава. 

Нејзините соработници од амбасадата на фејсбук побараа сугестии за активности на амбасадорката, па во оваа прилика да им понудиме неколку:

1. Нејзината Екселенција да не се меша во внатрешните работи на суверена Република Македонија, како што тоа најбрутално го правеше нејзиниот претходник Џес Бејли;

2. Амбасадорката, Г-ѓа Мери Брнс да не помислува да се инвовлира во подготовките и активностите за пописот на населението идната пролет (2020g.) при што уште сега е очигледна намерата на власта (и нејзините меѓународни спонзори) за билдање (неосновано се разбира), на бројот на припадници на едно малцинство на сметка на мнозинството од населението,

3. Особено апелираме таа лично да се заложи одредени американски тајни служби да не се мешаат во следните парламентарни избори и

4. почит кон националната химна на земјата!!!

Стратегиското партнерство меѓу нашата земја и САД не подразбира тие (Американците) да ни ги обликуваат работите (како што го правеа тоа според Тиранската платформа т.е. Платформата на ЦИА) нам овде, дома и тоа како ним им одговара. За работите кај нас ќе одлучуваат граѓаните на Република Македонија, а не странски фактори.

Да потсетиме, на средбата на Н.Е. Мери Брнс со актуелниот МНР Никола Димитров двајцата се заветиле дека ќе работат "на понатамошно продлабочување и севкупно интензивирање на соработката, а врз основа на споделување на заеднички цели, интереси и вредности!".

Г-ѓа Мери Брнс има одлична прилика со своето богато дипломатско искуство лично да придонесе за споменатите заложби!

Патем, Г-ѓа Мери Брнс по пристигнувањето изјави дека во Македонија се чуствувала "како дома"! А како не би? Таа си има свој претседател на државата, свој министер за надворешни работи и свое лице задолжено за избор на претставници од нашата земја за Молитвениот појадок во Вашингтон!

2. Министерот Димитров, осврнувајки се на прашањето дали требало или не требало да се прават забелешки од уличарските муабети на Заев со руски комедијанти енергично настапи дека, според него, во ера на електронски комуникации "не требало" за се да се водат белешки!?

Не знам каде овој тип учеше дипломатија но очигледно некои лекции или ги преспал, или пак бегал од часови! Министре, премиер на една држава не е приватна личност (истото важи и за шеф на држава, спикер на парламент, па и за тебе лично и сл.), туку тој е  и н с т и т у ц и ј а  со посебни/специјални овластувања и одговорности и неговиот/нејзиниот збор има посебна тежина и значење! Ти преседа толку години во Вашингтон, барем да научеше како Американците се однесуваат, на пример кон нивните претседатели по тоа прашање каде секоја нивна активност се нотира, а по нивната смрт се депонира во специјални библиотеки со нивното име (Ronald Reagan Library, John Kennedy Library, Richard Nixon Library...) и се ставаат на увид и располагање на научната и пошироката јавност.

3.Контроверзниот советник на претседателот на Србија Милан Дрецун лансираше деновиве преку медиумите информација дека, според него, во едно претставништво на голема автомобилска индустрија среде Скопје пред два месеци бил оформен шпиунски центар од агенти од Германија, Бугарија, Албанија и Македонија чија цел била да се наруши процесот на преговарање помеѓу Приштина и Белград!?

Не знаеме која му била целта на Дрецун да лансира вакви сензации (можеме само да претпоставуваме), но во стартот вакви тврдења отвораат повеќе прашања.

Пред се, зошто некој би формирал "шпиунски центар" кога шпиуните дејствуваат на наше тло сосема слободно - во амбасадите, под плаштот на дипломатски имунитет  (Скопје постана Казабланка од четириесетите години од минатиот век).

Второ, на Македонија и е во интерес што поскоро Белград и Приштина да најдат взаемно решение за меѓусебните проблеми, а не пак од Скопје да се  нарушувал тој процес

и трето, сепак верувам дека Република Македонија има високо квалификувани служби коишто следат што прават странските подземни (шпиунски) елементи и не треба некој од страна да ни укажува на тоа!

4.Актуелнава ненародна влада сосема очигледно одлучи да го жртвува Православниот Ерусалим Охрид на сепоагресивниот ислам со единствена цел нејзин опстанок на власт и профит за нивните џебови.

Актуелниот градоначелник на Охрид од партијата СДСМ око не му трепнува за препораките на УНЕСКО за елиминирање на дивоградбите; некој си изградил база за градежен материјал покрај брегот на езерото, а кулуминација на злосторничкото однесување е дивата пицерија во самото срце на градот, до стариот чинар, без било каква дозвола за градба или за работа.

Затоа ние, граѓаните, треба да се мобилизираме и да изнудиме предвремени избори за да можеме да си ги средуваме работите за нас, но и за идните генерации по нас. Секоја друга опција е погубна.

5.Една работа треба да му се признае на Зоран Заев: тој и неговиот тим се вешти манипулатори со јавното мнение во земјава! Зa илустрација земете ги следните примери:

Случајот со скрнавењето на нашата национална химна на приемот во Американската амбасада во Скопје по повод Денот на независноста на САД го ставија под тепих со аферата на со ген-секот на владата Рашковски - каде кристално јасно је покажа дека станува збор за корупција при договарањето за набавка за нов радар (а некои го оптужуваа дотичниот дека барал рушвет и од тендери во здравството). Таа афера се замачка со аферата со дилетантските разговори на Зоран Заев со руските комедијанти! Оваа афера пак се амортизира со оставката на претседателката на СЈО Катица Јанева која е осомничена дека е иницијатор на уценувањето на најбогатиот бизнисмен во Македонија Јордан Орце Камчев од основачот на ТВ1 Боки 13 и негов соучесник.

Нервозата кај актуелните властодршци очиглено е во брза нагорна линија бидејки работите очигледно не им одат како што посакуваат, а опозицијата и граѓанството се поинтензивно покажуваат заби! Треба да следи жестока расправа за предвремени избори, за законот за попис, за иднината на СЈО..., но работите не одат како што некој си зацртал во кабинетите покрај Вардар.

Се поизвесно е дека на домашен план ни претстои многу жешка есен.

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.