Четврток, 18 Јули 2019   
Надежта повторно живее овде

Надежта повторно живее овде

 
Оставајќи им на останатите да се занимаваат со дневнополитичкото секојдневие, за да можат со сензационалистички текстови да ги привлечат светлата на рефлекторите врз себе, ќе се обидам во најкуси црти да го дефинирам она што во моментов се случува во Македонија.

Имено, бурите и силното невреме секогаш го исфрлале на површина ѓубрето и валканиците од големите води, од езерата, морињата, океаните. Тоа е начин кој природата го дала за нивно прочистување. Така е и во општествените уредувања на државите. После секое општествено невреме, автентично или режирано однадвор, доаѓа време на прочистување, на исфрлање на општественото ѓубре и валканици на површина. Македонија денес, после петгодишно општествено и политичко невреме почнува да го живее периодот на прочистување, период на исфрлање на ѓубрето на површина.

Токму затоа, вистинско време е да се исчисти целокупниот политички простор од нечистотиите што испливаа на површина. Да се исчисти македонската левица, или поточно СДСМ, доколку сака воопшто одново да биде политичка партија, а не моќен параван за криминалци, рекетари, антимакедонски структури, купени новинари, празноглави кариеристи, политички измамници… Истовремено, да се исчисти македонската десница, или поточно, десниот политички простор од уфрлени „реформатори“, амстердамски или не знам какви тројки, слободоумни, плиткоумни и не знам какви патриоти, незадоволни и преамбицирани професори и „професори“, вметнати провокатори заради поганење на десниот политички простор, самопрогласени „месии“ за спас на десницата и Македонија…

Да одиме по ред.

Отчукува последниот час за доблесните, чесните, промакедонските, загрижени идеолошки левичари да ја вратат во свои раце киднапираната СДСМ. Имено, доколку некои од нив и имаа илузија дека СДСМ сеуште е политичка партија со своја идеологија и раководна структура составена од политичари или нешто барем налик на нив, сега веќе мора да сфатат дека таа во моментов претставува само еден од органите на политичкиот Франкенштајн создаден во современата лабораторија на скопско Кале. Ваквиот СДСМ, заедно со неуставното обвинителство на Катица Јанева, со гебелсовата пропагандна машинерија од телевизии, портали и скапо платени новинари со помрачени умови, со криминално – рекетарското подземје, претставуваат движечки органи накалемени еден на друг во создавањето на тоа монструозно чудовиште, создадено за една употреба. Создадено само за да ја заврши највалканата обврска, преку промена на името на македонската држава и бришење на идентитетот на македонскиот народ, територијата на државава да ја втурне под чадорот на НАТО.

Па, монструозниот мозок, всаден во тоа наказно тело, на секој од овие накалемени органи им даде јасна функција – киднапираната СДСМ да биде извршител на тоа злосторство против сопствениот народ; гебелсовата пропагандна машинерија да биде создавач на лажни перцепции и перална на македонскиот колективен ум; обвинителството на Катица Јанева да биде ударната тупаница, која поседувајќи монтирани телефонски разговори, ќе се справува со сите кои би можеле да застанат на патот на овој монструозен план; а, криминално – рекетарското подземје да обезбедува „витамини“ за живот на гломазниот Франкенштајн.

Најверојатно допрва ќе се отвараат нештата и работите ќе стануваат се појасни, но за социјалдемократите кои размислуваат со своја глава, телефонските разговори на нивниот лидер со „Порошенко“ и „Столтенберг“; рекетарско – медиумската сага и поврзаноста на обвинители од СЈО, или можеби лично на Катица Јанева во овие криминални ужаси, како и многупати потврдената врска на подземјето со дел од накалеменото раководство на партијата, мора да бидат доволна доза срам и мотив за да си ја повратат киднапираната партија и да му помогнат на народот да го совлада џиновскиот политички Франкенштајн.

Македонската десница, пак, мора да се прочисти и ослободи од сите оние уфрлени „реформатори“, вметнати провокатори, „плиткоумни“ патриоти, преамбицирани и поткупени „професори“, со еден збор, од сите оние кои монструозниот ум како подопашни органчиња ги смести во прикрпеното тело на политичко криминалниот Франкенштајн. Од сите оние кои веќе пет години, одвнатре како божем незадоволни видни членови на партијата, како божем загрижени патриоти, беа дел од специјалната војна за уривање на коалицијата „За подобра Македонија“ и инсталирање на киднапираниот СДСМ како извршител на монструозниот план за бришење на македонското постоење. Истите оние, кои сеуште со секојдневни напади против актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ и посебно лидерот Христијан Мицкоски, се трудат кај македонскиот народ да создадат недоверба кон веќе постојната десница, за да отворат пат за формирање редица политички партии кои треба да го черечат ткивото на македонската десница и да овозможат политичкиот Франкенштајн да преживее.

Самопрогласените „месии“, пак, кои формираат политички партии, патриотски здруженија и што уште не, таквите свои активности ги сфатија како „тезгарење“ пред македонското иселеништво. Се натпреваруваат кој ќе биде патриотски порадикален во својата објава за да допре до ушите на вистинските македонски патриоти од иселеништвото и да се добере до некое доларче или евро. Па, читам и слушам како веднаш ќе го врателе името поништувајќи го Преспанскиот договор, како веднаш ќе ги затвореле сите криминалци, како ќе конфискувале украдено богатство, како… Истовремено, напаѓајќи ги сите кои до сега се занимавале со политика, етикетирајќи ги како криминалци, предавници…

Оние, кои се активираат со чесни намери треба да сфатат дека секоја делба денес значи ден повеќе живот за чудовиштето од лабораторијата на Кале и тие треба да ни се придружат во заедничката битка. Оние, пак, кои се инструирани и поткупени, кои го глумат патриотизмот со задни намери, а кои ќе се препознаат и ишкајќи ја мувата од капата, ќе бидат најгласни во реакциите против ова што го пишувам, ќе загинат од реата при распадот на лабораториски зашиеното тело на политичкиот Франкенштајн.

За крај. Прочистувањето на левицата и на десницата е благородна работа за благородни луѓе. Тоа е првиот и најтешкиот услов за да започне вистинско внатремакедонско помирување, кое ослободено од сопствената омраза, ќе предизвика и меѓуетничко разбирање и опстанок на државата Република Македонија. Пат, исклучително долг и тежок, кој ќе можат да го изодат само оние за кои Кунг Фу Це, кај нас познат како Конфучие, рекол:

„Благородниот човек е подготвен на помирување, но не и на понижување. Никаквецот е подготвен на понижување, но не и на помирување“.

Затоа, сакам да заклучам дека надежта повторно живее овде.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.