Среда, 07 Август 2019   
Зомби држава!

Goce MarkovГоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Зомби држава!

Откако преку научно истражување и во практика ги проучивме сите аспекти на Камилизација, дојдовме до студии на психијатри, консултирани правници, педагози и психолози, разбравме дека овој дефектен систем на вредности кој од зародиш веќе се насочува кон Програма за производство на екстрахирани растителни единки од индивидуи, репрограмирани со соодветен буџет…насочени, чипирани заболени од болест која не умира, барем не во нивните глави.

Овој Вирус на Зомби нација многу прецизно и научно точно, математички прецизно беше исфрлен од една Светска програма, од една банка на податоци во времето кога Барокот владееше и кога никој не очекуваше сајбер напади. Успешно беа внесени нови координати, нови цели, нови дечки со капацитет надвор од границите на нашите соништа. Оние помалку освестените во тоа време бевме целосно маргинализирани од Процесот бидејќи намерно беа пласирани идиотски сонди од кадри во Организмот на државата…и знаевме дека ќе дојде до ова! ,,Нашите” беа обични работниции за повеќе од грош два продаваа се на списокот, од имиња, телефони, тајни, држава, а другите собираа навреме мед и кајмак од НВО-ата и ги исплаќаа првите. И тоа во кеш!

Тој сублимат од сировина на денешнинава, наши, ваши и нивни ме натера да го испукам политичкиот куршум. И престанете во секое Слово да барате двојни аршини и дневна политика. Па тоа е ваша работа бре мегафони!? Дојдовме до дереџе кога земјава ни зависи од нафирцани манекени и квичливи глумци кои лигават додека мајката е бремена веќе!? Се курчат со новиот Зомби вирус чунки тоа било книшка, закон, партија, следбеници на црпната философија. Проста матрица на униформирани еднинки, жално заболени од лигавиот искашлок на вирусот кои ги прави сите исти, сите предавници, сите џелати, сите инволвирани…целта е да нема здрави!! Силно осилени и во налет на антидржавни елементи Зомби војската продава се пред себе.Цена не е важна. Лага било Рекетот, тоа било имагинација на обичниот Човек.

Потценување до бескрај!

Македонците паметот дека еден просечен шаркач од Шарената вдовица уништување се пред себе, носен од ,,промени” кои останаа само во главите на Нарачателите. Шарени ви го извисоа Идеалот. Ве зезна бре буљаши! Наликувате на кучка која останува сама на крстопат, со сто кутриња на цицка а исфрлени по река. А вашите не доносени кутраци? Дали ги остави ,,сирачиња” не сме виделе, не знаеме. Се кријат од окото на граѓанинот, а беа бучни, разлајани а непроодени?! Немаат јасна визија повеќе кога е ден а кога ноќ, кога е јаве а кога фикција, само да се задржи функција а чипот само менувај, не е важно каков. Кој сега да ви го покаже Патот! Нам не ни се виновни другите па да плаќаат за нашата индиферентност. Никој не ни е виновен. Самите мора да ја прележеме и оваа болест. Фатени на дело еден куп лаги, трач рубрики, недоследности, антидржавни дејствувања, амшто всушност беше држава? Со тематска фолклористика на кич и лажен патриотизам одржувате партиски сјај. Животот ќе ви помине во блуење оган. Во повраќање човечки вредности и губење електролити. Заедно со силата на нашите антагонисти чмаеме верни на полтроните и вирееме сеуште на парче земја, ископана, разорена до трт.

Во недостиг од морал и лажни барања за проекти поткрепени од јабана бедно соработуваме со триста колаборационисти очекувајќи пара. Софистицирани странски фактори ни донесоа заедничка маса, проколната од Народ ама неизбежна.

Од страна ви ставиле он лајн радар и ве држат во духовна изолација.Премолчана интелигенција бира контрола пред акција. Тие, субмедиокритетите ви ја планираат Иднината а ние бараме експликација од Булдужерот кој гази ставови без зборови, си молчи и спроведува Орвелова фарма. Дозволивме сета неправда да се прекрши од грбот на нашите чеда!?Историски ние сме најслабата генерација!? Или можеби најсилната? Сметајќи ја бројноста и силата на непријателската војска!? Онаа иста војска од 1913-та!Онаа иста мешана структура која со години не уништува систематски! Онаа армада од ,,пријатели” за кои нашето име е залак на задавување. Желбата нивна е скоро завршена …успехот е во Вакцината!? За неколку години успешно е спроведена операција ,,Камилата”, се со цел обезличување на една нација, еден народ…доведување до состојба на дефинирана контрола, на вирус, на Зомби граѓани кои итаат на работа, контролирани од сопствениот Скен ген, од сменет Матрикс, од луда амбиција… Не постои релевантен фактор, не постои новост, не постои реална супституција на правото…се е ова болест во главите на контролорите!

А чипираните си уживаат во својот Зомби имагинарен свет!?

Што ни останува друго? Да конформираме или да конфронтираме?

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.