Среда, 07 Август 2019   
Гоце Делчев е Македонец роден во Кукуш и никој нема право тоа да му го одземе

121Свекрва

Гоце Делчев: „Кој знае дали има народ којшто толку многу трпел од своите синови изроди, колку македонскиот!...“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов неодамна при посетата на Македонија, кажа дека прашањето за македонскиот национален херој и револуционер Гоце Делчев мора да се реши до октомври. Оттука дојде и барањето на Бугарија за вонредна средба на Комисијата за историски прашања за што побргу да се реши идентитетот на Гоце Делчев. Меѓутоа, сето ова преставува политички притисок кој може да доведе до прекинување на работата на комисијата.

Познато е дека Бугарија не остапува од тоа дека Гоце Делчев е Бугарин. Тоа го потенцираат бугарските политичари во секоја прилика и доколку македонските истроричари не го прифатат тоа, може да се случи во иднина Софија да го услови членството на Македонија во ЕУ.

67617788 2345119185754152 5367914228927692800 n

Инаку Бугарите своето тврдење дека Делчев бил Бугарин го влечат од фамозното писмо кое тој го испраќа до Никола Малешевски на 5 јануари 1899 година во кое меѓудругото вели: „..Жално е, но што да правиме кога си сме болгари и сите страдаме од една иста болест! Ако таа болест ја немаше кај нашите прадедовци, од кои што ни е наследство, тие немаше да потпаднат под грозниот жезол на турските султани. Наш долг е, се разбира, да не се поддаваме на таа болест, но колку можеме да влијаеме на другитe?  Сепак имаме нешто и од грчките болести - ,колку глави – толку капетани’… Пустата! Секој сака да блесне, па не го знае фалшот на тој блесок. Тешко им на тие што страдаат под овие ,комедии’.“

Меѓутоа оваа изјава е толку двосмислена и тој говори за страдањето на народот од бугарска и грчка болест, а не дека Македонците се Бугари или Грци.

Всушност како размислува македонскиот визионер Гоце Делчев за предавниците може да се види од едно писмо што го испратил под псевдонимот Ахил до Никола Малешевски на 22 април 1897 година во кое меѓудругото говорејќи за штетното делување на врховистите ќе каже:

„Кој знае дали има народ којшто толку многу трпел од своите синови изроди, колку македонскиот!...“

Навистина и денес е така. Тоа што некогаш врховистите го правеа, денес неразумната политика на владата на Заев со своите одлуки не ги подобри односите со соседните земји, напротив ја донесе земјата во подредена улога и да биде условена од сите нив, особено од последните.

Инаку, Гоце Делчев никогаш немал доверба во бугарските власти и никогаш не очекувал помош од неа. Според спомените на Ѓорче Петров, во 1897 година тој и Гоце Делчев не биле во добри односи со тогашната бугарска влада.

„... Откако примивме 4043 пушки, се прекрати примањето на пушките, зашто се расипавме со владата. Ова стана, зашто владата се обидуваше да се меша во нашите внатрешни работи. Одовде сакаше да ни се меша, да не треба да праќаме од ова оружје во Одринско; ние не се согласивме и испративме. Стоилов, наоѓаше дека не треба во Одринско да креваме револуција, за да не пострада таму бугарскиот елемент. Ние стоевме цврсто.....Каде има наши робје, треба да дејствуваме еднакво и да подготвуваме револуција."

По ова прашање имав личен спор со Стоилов.

Се обидоа да ги откријат нишките, каде го препраќаме оружјето, а ние тајно го вршевме, тоа од нив.

Дојде прашањето меѓу владата и нас до отворено противставување. Стоилов беше готов, мене и Делчев да не уапси. Од ЦК му се сугерира дека слична постапка ќе се смета како посегнување врз Организацијата и дека лично него ќе го држат одговорен. Ризов беше определен да посредува за да се изглади овој конфликт. Беше натоварен од Стоилов со оваа мисија. Стоилов сакаше отворено да излеземе и против ВК, а пак јас со Делчев ја теравме така, што никако немавме намера да ја исполнуваме оваа желба на Стоилов. Воопшто, со еден збор станавме непријатели.“ (Спомени на Ѓорче Петров, стр. 55, 57, 59 - 60.)

Во овој контекс е интересно и писмото на Никола Карев до Гоце Делчев пред Илинденското востание во кое известува за влошената положба на Револуционерната организација и бара согласност за кревање на востанието и да не се чека ослободување од соседните држави.  Во ова писмо кое најверојатно е од 1902 година, Никола Карев, истакнатиот македонски револуционер-социјалист и потоа претседател на Крушевската република, ќе напише:

„... Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да стануваме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција".

Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.

Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.“ Сами ние да се бориме за наша Македонија", (Необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев) - Нова Македонија (Скопје) г. XXIV бр. 7744 (5 мај 1968) стр. 8.

Гоце Делчев е Македонец роден во Кукуш и никој нема право тоа да му го одземе.

 

На прво место

News image

Ниту сме ние Бугари, ни македонскиот е дијалект на бугарскиот

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Ниту сме ние Бугари, ни македонскиот е дијалект на бугарскиот

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.