Среда, 07 Август 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXI
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXI
 
1. Пораката што доминираше од настапите во актуелново државно раководство на светиот ден Илинден беше: ние македонците  "да сме се помириле" и "да сме се обединиле"!
 
Националното помирувањето и обединување секако се наш најголем приоритет и насушна потреба но се поставува прашањето: кој со кого да се помири? Да се помириме и обединиме со лицето Зоран Заев кој нема елементарно чувство за национална припадност и кој ни нанесе толку многу зло и, за жал и сеуште ни нанесува како верен слуга на туѓи интереси, а на штета на својот народ и со лицето Стево Пендаровски кој од "Шпанските скали" пред вилата на Водно не сакаше ни да го изговори името на нашата татковина чиј претседател постана благодарејки на Калето и неговите домашни слуги!? 
 
Обајцата уште за животот неминовно ќе бидат запеметени како македонска варијанта на генералот Квислинг и маршал Петен, предавници на норвешкиот и францускиот народ. Да се помириме со вакви типови би значело да се идентификуваме со нивните (зло)дела и идеологии што е невозможно!!! 
 
Помирувањето е можно единствено со нови, неконтаминирани со криминал, корупција лица на раководните позиции во СДСМ како на пример Куновска, Митрева, а би можел да помогне и Бранко Црвенковски кој иако не беше цвеќе за мирисање како владетел, сепак се докажа на дело како патриот кој ги брани националните интереси.
 
2. Зоран Заев во занесот дека е небаре голем државник со кого странските гости чезнеат да се сретнат, веќе од првиот контакт им скока во прегратки - те ги гушка, те ги бакнува. Го видовме како и се нафрла на Могерини, во повеке наврати на Хан, не пропушти да си се гушка и со Јункер и со Филип Рикер, а очигледно најомилен партнер за прегратки секако му е Бојко Борисов. Со него (со Борисов) небаре уште јазик да пуштат еден на друг - до толку е силна нивната меѓусебна хемија!?. Пустиов Муртинец не пропушта и во средбите со Меркел да ја потчукне по рамо или да ја пофаќа за рака германската канцеларка!?
 
Па добро бре луѓе, нема ли некој искусен познавач на убаво однесување и протокол да го поучи човеков како не треба да се однесува? Па нели ја врши функцијата премиер, демек државник!? Тој треба да внимава на секој детал кога се појавува во јавност и како треба да се однесува со државници и високи гости. Не се сомневам дека ЗЗ има именувано лица и за протокол меѓу десетиците советници во кабинетот, но тоа само по себе не значи ништо бидејки протоколот е многу суптилна и важна дисциплина која бара искуство и знаење, а не само парадирање и егзибиции со гушкање!
 
3. Извесен професор Спиридон Стефос, член  на грчкиот тим експерти од меѓувладината комисија за историја, археологија и образование со Македонија се пофали за весникот "Етнос" дека со колегите од македонска страна бил постигнат договор дека "Словените немаат никаква врска со античките македонци"!?
 
Би го запрашал професорот во оваа прилика: "Каква врска имаат современите грци со античките грци"??? Според германски антрополози до 80-90% од современата грчка нација се НЕГРЦИ, туку тоа е мешавина од албанци, македонци, туркофонско население, евреи..... како резултат на  процесот на насилната елинизација особено интензивна по грчко-турската војна и формирањето на кралството Грција во 1830-тите години.
 
Но проблемот е кај нас, конкретно кај членовите на македонскиот дел од Заедничкиот комитет на експерти? Претседател на тој комитет е угледниот дипломат Виктор Габер чија мајка, според некои сознанија е Гркинка!? Дали на г. Габер кој е врвен дипломат, но не е историчар, му е позната теоријата за еногенезата, т.е мешањето на народите? Судејки по постигнатиот договор "ОЧИГЛЕДНО ДЕКА НЕ"!!!
Па да му објасниме, на овие простори античките македонци биле асимилирани од римјаните, тие се мешале со бројни племиња од север и од исток, а таа мешавина, се стопила во големите налети на словените и тн, и тн. Истиот процес се случувал и во Грција. Колку автентични грци има, на пример во Егејска Македонија каде само во 1930тите години од минатитот век се населени над 600.000 дојденци (маџири и просфиги) од Мала Азија???
Доколку Габер ги знаеше овие нешта не смееше да се согласи за она што дал согласност, но за 2.000 евра месечен надомест како претседател на Македонскиот дел од Комисијата очигледно се е можно!
 
4. Екс-амбасадорот на Бугарија во Македонија и претседател на мешовитата вугарско-македонска комисија за разликите Ангел Димитров побарал вонредна седница на крајот на август за да се расчистело "Што Гоце Делчев самиот кажувал за себе, семејството и средината во која живеел". На бугарската бескрупулозност и силување да се даде конечен (?) суд чиј е Гоце, најдобар одговор даде професорката Наташа Котлар која децидно нагласи: "Гоце е Македонец роден во Кукуш".
   
Проф. Котлар покажа дека има став и "пантолони" за разлика од многу нејзини машки колеги и дефинитивно заслужува да биде директор на Инститот за национална историја!!!
   
Но кога сме кај односите и проблемите што ултимативно ги наметнува Бугарија, а за да ја зајакниме нашата позиција, предлагам:
   
a) Македонија званично да побара Бугарија да ни плати воени репарации за сите штети што ни ги нанесе како окупатор во Втората светска војна;
   
b) Да се извини за стреланите и измачуваните жртви на бугарскиот фашизам;
   
в) Да ни ги врати реликвиите што ги присвои (украде) како окупатор во  Балканските и Првата светска војна од ризниците од охридските цркви,и други цркви ширум Македонија, вклучувајки ја и круната на Охридските архиепископи.
   
Тоа треба да бидат нашите предуслови за преговори на рамна нога, а не Бугарија да ни наметнува/условува свои позиции и интереси!
   
Само на таква база склопен договор за пријателство може да биде прифатлив, а со постоечкиот може да си го избришат... на пример,носот!   
 
5. Македонија, ни крива, ни должна се најде во српско-косовскиот вител на непријателства со апсењето по налог на Интерпол на борецот на ОВК Томор Морина кого го бараат и србите и косоварите.
   
Но најсериозен проблем во случајов е однесувањето на македонскиве албански лидери кои поаѓаат од племенски позиции за ослободување на Морина, непочитувајки го меѓународното право артикулирано преку Интерпол!? Тоа особено нагласено го прави потпретседателот на владата задолжен за евроинтегреации Бујар Османи до кого очигледно не допираа предупредувањата од Брисел дека со мешањето на власта (политиката) во правосудството опасно го загрозува процесот на евроинтеграции на сопствената земја која го плаќа за таа функција.
 
До кога Бујаре??? Можеш ли ти лично и тие што те притискаат тоа да го правиш да размислуваш како Европјанин којшто почитува закон, а не како припадник на етникум???
 
6. Заменикот на помошникот на државниоит секретар на САД Метју Палмер ми влева малку надеж дека сепак,  к о н е ч н о, некои работи во РМ ке се придвижат кон подобро со изјавата дека: "без решение за случајот Ракет во кој е вмешана и обвинителката Катица Јанева може да се поткопаат изгледите за почетокот на преговорите на МКа за членство во ЕУ".
    
Ало Заев, ја чу ли пораката? Значи ни твоите ментори повеќе нема да ги толерираат твоите беззаконија и ќе мораш сепак конкретно да покажеш почитување на правото, и како што самиот велиш да нема непростивост на криминал и корупција кон сите, вклучувајки ги и твоите најблиски!
Секоја друга варијанта за тебе е губитничка.
Ајде да видиме како ќе постапиш.
Сега нема каде да бегаш и од сопствената одговорност бидејки криминалите на твоите околу тебе секојдневно излегуваат на виделина.
 

На прво место

News image

Ниту сме ние Бугари, ни македонскиот е дијалект на бугарскиот

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Ниту сме ние Бугари, ни македонскиот е дијалект на бугарскиот

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.